Мамички едно кратко прашање за вас, бебето е 2 месеци и 12 дена , до пред 5 дена си се будеше по еднаш многу ретко по два пати навечер .... сега веќе 5 ноќи воопшто не станува навечер за цицање , заспива околу 23 ч и спие до сабајле до 6 или до 7 па тука има прв оброк .... преку ден многу ретко спие подолго од пола саат , после 16 ч речиси воопшто не спие до вечерта , цица на 3 саати ама за навечер ми е страв цел оброк скока да не ми намали тежина , гладна да не е ... уште ми е многу мала , некој со слично искуство , дали е ова нормално ?
И на нас Каличанин ни кажа да ставаме широк повој до контрола (6ти месец) Неколку пати ставав и е живо малтрерирање. Да се ставало зашто "нема штета". Сакав да и речам а има ли корист?? Затоа на следна контрола ќе одиме кај Видоевски или Антоније.
Прва контрола кај Видоевски ,го кажа тоа погоре. Втора кај проф. Божиновски ,не ме ни прашаа за широк повој , тогаш имаше 5 месеци... Тоа па нема штета ,јас би рекла има ,ако погрешно е наместен !?
И кај нас беше исто на таа возраст, баш тука прашував,од истата причина. Ако е гладна ќе се буди сама не се секирај. Инаку кај нас беше некој краток период (недела дена така) после пак почна да си станува, најмногу 4-5 саати врзува сега (4ипол месеци сме)
Мене првото сабајле ме исплаши многу кога отворив очи и го видов саатот па сватив дека не станала ич цела ноќ , а она си спие убаво , дури почнав да плачам мм ме гледа вика ти си чукната
Уште од месец дена преспива 9-10 саати без цицање, па супер си напредува и се е ок. Не се секирај, спиј!
Еј кути ова со јадењево ми е најтешка филозофија, све си мислам дека е гладен и само бројам саати минути...
Да сосема нормално пбично таа возраст спијат без јадење, моето од 1.5 месец до 2.5 така беше, сега на 4м јаде двапати
Ако ти е доење немаш потреба. Моето е на АД, три педијатри ме советуваа да давам 100мл во текот на денот вода или чај, но јас не му давам, само на млеко е.
Убав ден мамички и бебина 4 месеци сме на АД Кога почнавте да воведувате каши, замена на оброк млеко со каша 4,5,6 м Јас сум за да почниме со проба на вкусови па од 5м со оброк Да споделите мислења мајки
И мене ме интересира Сега кога бевме на контрола докторката рече дека од 4+ ќе почнеме со вкусови, зашо качува на килажа
Гледам ти пишале веќе инаку заследи ја на инстаграм drgoodnight.mk објавуваат стално за скокови и тука ина посебна тема инаме пишувано. Повеќето ја користиме и the wonder weeks апп таму тинги рачуна. Се смета од термин , но јас го водам по дата на раѓање 7 дена разлика ми е со терминот па ќе видиш по бебето
Еве уште еден чукната. Секоја втора ноќ се разаспива и врзува по 5-6 саати, кога ќе побараме цице ко ќе видам колку е часот, не можев да поверувам, и се секирав ко тебе. И моето бебенце е 2+++ месеци.
Мислам да. На моето бебе додека имаше грчеви му се има случено среќа пар пати само, да спие и да почне да писка. Ќе видиш понатака и сама ќе препознаеш пискање ако е гладен или ако му се спие и пискање поради грчеви.
Јас на прва контрола додека го гледаше на ехо малиот Антоние го прашав дали треба широк повој тој ми рече "не бе мајка супер се колковите а и каков широк повој и да не се има вежби не одма тоа широк повој кој ви кажува" по тоа сфатив дека човекот не го препорачува ич така да би ти рекла појди си да го види Чисто за споредба на внук ми им викаа вака да ставаат немало штета ниеднаш не му ставија на следна контрола ортопедот и вика гледаш дека широк повој ставаше супер е. Не да ти солам памет ама појди си и на друго мислење