Другиве две скоро до година дена ми станувале по цела ноќ , два три пати и ова сега чудно ми е многу , од раѓање ноќта е многу мирничка цицнува лежечки , ако продолжи да претка и додавам некогаш млекце и си продолжува да спие , во раце не ја ни кревам ... а си претходните две имало ноќи во први 6 месеци не сме спиеле воопшто .... другарка една вика радувај се ноќе убаво ти спие ама ја будалетинка и во арното да се посомневам дека нешто не е ОК , да фатиш да ме утепаш
Мајки ај еден совет, мислење. Малово на 5ти март ке прави 5 месеци. Само на цицање сме. Ке заспие во 21:30 и се буди да цица во 1 часоот, после тоа се буди за два саати и после на секој саат до сабајле. Без разлика дали ке цицне малку или убаво ке се нацица после првата дремка се буди многу често некогаш и на пола саат дури. Си мислам да не е гладен да не му треба плус млеко.. Или такво си е детето, со килажа е ок за некоја недела ке почне со вкусови. Ама све ми е страв да не е гладен па затоа да се буди.
Или се грчеви или ако сте во скок растат кокски,повеќе работи гледа и учи и затоа добиваат како спојка некоја во главата и не знаат како да се справат со тоа и пиштат хистерично.Не се плаши мене од кревет ме издига месец дена кога имаше така писна што мислев дека го имав штипнато или нагмечено и го кренав во раце а он си спиеше Ние почнавме од 4 месеци со вкусови и воведување ручек приморано од педијатар бидејќи повеќе од 1л млеко на ден пиеше и малце му беше и ние сме на ад,а килажа доста качуваше и сеуште си качува, млекото што го давав за ручек сега е заменето со зеленчук
Мамички моево има 1 месец ама неможе да заспие преку ден воопшто плаче многу.. е сега имаше доста грчеви ама воглавно му поминаа, сега но сето му е затнато и како тешко да голта ама и во внатрешната страна на обрвачињата пак забележав бели насаги..дали некој знае од што ср тие и соодветна терапија да не има.. ве молам за совет. . Фала
Истото го правеше од кај трети до петти месец... Период е ќе помине ,чим качува и полни пелени не е гладно.
Не знам веќе што да правам со газето на малава на два педијатри идам чаре не можам да и најдам. Ваква е подолго време. Педијатарот во Санте ми даде павловичева и јекодерм, ништо не помогна. Земав маст за попарено розевата, малце помогна но пак се појави. Денес матичната го даде овој маст. Влажни денес прекинав да употребувам, памперси сменив, влажни сменив не знам веќе што да правам И на лицето некои ситни брунчиња исто, мачкам Веледа но нема некој ефект.. Совет? Да не е можда нешто што јас јадам па не и одговара?
Дали цица или е на ад? Не знам ако цица дали може да се појави ваква реакција ако е алергично на млечен протеин па да не треба вие да престанете со конзумирање на млечни производи? Немам искуство ако знае некоја мајка повееќе нека каже.. Инаку на пријателка малото имаше вакви ама поголеми со пликови и педијатар и рече дека е од некој надворешен фактор како на пример прашок за перење и на малиот му дадоа некоја маст, не му помина па пиеше сируп за алергија. Негде 6 месеци беше бебето.
@honeyboney Да само на цицање сме.. И прашок сменив, користев Бекутан сега Ариел и пак.. Омекнувач не користам :/
Пробиотик давав до 6ипол месеци, таман и дур се навикна мешето и на друга храна. А после тоа само омега и плус д3
Памперс Актив.. А почнав со Виолета, такви и ставаа во болница. @macka91 Важи, фала ти мн ќе си пишеме во порака.. Само некое чаре да и најдам. Или ако ги има во Германија кажи, сестра ми доаѓа др недела да ми донесе
На лицето исти има и мојата, ми рекоа тука најверојатно е чистење од хормони. Само со туфер потопен во превриена вода и го чистам, уште ги има али има и подобрување.
Прашав бидејќи на братучедка истово со памперс ја снајде со малата. Менувај одма земи на бејби лове има едни зелено паковање памук се тие по крути на допир. Моето исто се вцрвени од памперс наизменично користев со бејби лове обичните и користев влажни на памперс. Сменив на зелените бејби лове и користев туфери при бришење и се оправи и мачкав павловичева ама таа оригинал на неа што стои Да се едитирам креми пд сегде ми донесоа за вакви онакви иритации ама ништо не помогна само павловичевата ама да не ја штедиш туку ставај повеќе што се вика... и туферите преку 10 креми сменив медицински што германски што амерички џабе беа сите
Не сум Доктор ама мислам дека ова не е само за крема и дека бебе си има мака што треба од внатре да се реши со апче или можда исхрана?! И многу креми кожата преосетлива станува. Јас на себе бремена бепантен сум мачкала и ми помогнало многу и белогент крема на белупо. Само тие 2 ми помагале