Дали имат земено брис од овие што се како меурчиња исполнети со течност? Да не станува збор за бактериска инфекција, крвна слика црп имате ли испитано?
Majka ako dobro gledam na slikata,posebna kaj pelenskata regija,meurcinjata se dosta izrazeni i polni so gnoj,a gnoj moze samo bakterija da napravi,spored mene obavezno bris,nepackaj samo kremi sto susat na baza na cink,da ne ja presusis kozata,pa da go ostetis epidermisot. Spored mene ova e za na pedojatar sto dobro si ja znae rabotata i obavezno bris
јас користам бепантен маст (има и крем, ама ова е за бебе и има бебе на сликата). Газето е како ново. мислам прво малку да ги исчистиш бубулчињата со еозин, па после да преминеш на крема/маст. Ставаш на стерилна Газа, поминуваш еднаш и одма ја фрлаш газата. Ако треба да поминеш пак, земаш нова Газа. Остава црвено, ама е добро дезинфицира. Имаше првото ќерче бубулчиња по лицето и ова беше препорака од педијатар. Многу брзо се сушеа и се регенерираше лицето. Само внимавај. Правиш едно движење со газата и не се враќаш назад за да не ги шириш!
@lemon8ejt И таа ќе земам да ја пробам, и погоре за таа ми пишаа @Snowflake92 Не освен тоа во болница кога се роди, и немам правено ни крвна слика ниту брисеви. Педијатриве само креми ни даваат. @kukla21 Ќе го применам твојот совет со Еозин уште веднаш ќе почнам. После со што да мачкам? Фала ви женски, се надевам наскоро ќе и помине
Иди кај некој добар педијатар, кс обавезно направи за да знаеш со што точно да мачкаш да не се влоши од разни креми и за влажните си пишала дека си ги прекинала па после сменила...целосно исфрли ги влажните само со вода. Едит: Еозин ставав и јас на лицето ама тоа ги суши не му поминуваше од тоа, само од вода миење 2-3 пати на ден.
Јас прво би испитала крвна слика и црп ако е тоа во ред ок мачкај еозин и бепантен/ пантенол ама провери си да не стснува збор за бактериска инфекција и да треба антибиотик да пие.
ставај само еозин и не мачкај ништо бар неколку дена. Кога ќе видиш дека се сушат, воведи мрсна маст. Јас користам бепантен. Исто дур сте дома остави ја на тетра пелени или стави тетра на пелената. Идејата е да биде во допир со природно, памук.
Види само за белогентот консултирај се прво тоа е кортикостероид , се лечат инфекции на кожа со неа и ти треба препорака од лекар не се користи без препорака и без рецепт посебно кај новороденчиња незнам ни дали воопшто ја препорачуваат, не е крема како веледата туку многу мала површина се мачка со мала количина на крем и стриктно краток временски период под надзор кај деца поголеми од 12 месеци , на оштетена површина на кожа може да предизвика компликации оштетување на кожата , алергија , габични инфекции .... Ова ми личи како атопичен дерматит и ние имавме слично веледа исто не ни помогна користиме павловичева оригинал и ја сум на селективна диета па полека се чисти кожата....
Нашиве деца исти се, буквално исто е во исто време се буди исто после на секој саат ама он се буди мислам ради мешето пошто крева ноџиња прди па ќе се смири после пак исто и на цице најлесно му е да се смири не дека е гладен и на крај се искакува и се буди секој ден истото.
Белогент и јас би ти рекла да не земаш, посебно не на своја рака. Си пишува и во упатството дека не е за деца.
Исто и он се врти и ке прдне и продужува ама ретко сам, обично треба да го земам и презаспива. Си мислам дали е до тоа дали е гладен, стварно не знам ама веке и се навикнав па затоа гледам да ја фатам заедно со него првата дремка која е најдолга ама не секогаш успевам со оглед на тоа и дека имам уште едно од 22 месеца како поминавте на вакцина? Некое инфо да не доби за рота и грчевите?
зедов ваја за да ја сменам биогајата и гледам со пипета доаѓа. јас биогаја директ во усте капнувам и не знам сега дали со пипетава ќе успеам. како давате вие инаку? исто така, читам во упатството 7 капки се даваат за новороденче, додека од биогајата капнував 5. дали по 7 на ден давате од ваја?
Да пробаш со белогент и канестен маст. И ќерка ми имаше слично на воа и ја мачкав првин белогент па после канестен и за брзо и помина.
Јас давам плус омега. Може да е такво бебето. Еве моево откако е роден, па досега 9 ипол месеци исто се буди. Кога е во скок душата ми ја вади, спие на цицка малку да мрднам одма плаче. Сега брзо ги извади долните кецови, па здивнав малку. Од пред некој ден почна горните да ги вади и пак плаче за цицање по 5-6 пати.
@mssuniquee малата кога имаше месец дена и излегоа такви брунчиња на лицето, педијатарот рече ништо страшно бебешки акни се тоа, мачкав со Бепантен и за 1 недела се изгубија. А страшно беше цело лиценце беше нафрлано и позади ушињата и на тилот. Тоа на пеленската регија да го види педијатар и да направиш брис најубаво.
Пликчињата ги снема. Денес само сменив не ја мачкав со ништо и само ја мијам не користиме влажни. Засега ми се чини има подобрување..