Мислам дека е добра идеја и да си поседи малку повеќе без пелена, нели, колку што е тоа изводливо. Нека подиши малку кожата.
@mssuniquee баш сега прв пат ја видов вчерашната слика и сакав да те прашам како е бебето денес. Гледам подобра е. Сакав да споделам искуство со вакви бубуљички полни со течност, нас ни помагаше канестен, препорачано од педијатрот, а ја проверив и маста што ти ја дал твојот педијатар, исто е антимикотик и мислам дека требало да го послушаш. Едно тенко слојче маст навечер пред спиење. Во моментов нема јаки бубуљички но ако видиш дека не поминува самото тогаш не се колебај. Ова не е за обично кремче туку баш за медицинска маст. И би рекла да не ја мачкаш со мрсните кремчиња додека ова не помине. Само одмивање почесто. Инаку не се истиот тип на бубуљички со тие на лицето. Тие на лице не бараат третман.
Фала ти за одговорот. На ад сме и ние. И јас различни мислења сум слушнала и во забуна сум со чајот дали да воведам или не сеуште..
Чај обично даваат за грчеви ако нема грчеви нема потреба да му го полниш желудникот со вода не за друго само ќе ти повраќа кога ќе треба да јаде, а препунет ќе му биде желудникот
Моево е точно 2 недели. Се роди 2400,а денес на вакцина ја измерија 2350,ѝ одбија 50гр на памперсот, значи 2300гр. 10 дена сме дома, а само 50гр качила. После сме на педијатар ќе видеме што ќе каже.
Со 2250 излеговме од болница. Затоа пишав само 50гр придала за овие 10 дена, сега е 2300. Докторката од вакцинално ми спомна за некои згуснувачи на мајчино млеко, ама после ќе ја прашам педијатарката да ми објасни.
Моето за 3 недели ја врати, 10 дена немаше мрднато нагоре ни грам, стоеше на килажа од испис 3050 гр. Ќе почне да качува, не се секирај, ќе се стабилизира. На доење е?
Ovaa nedela pred cicanje,samo denski ke place,vristi dodeka fati da cica Prethodno ne bese taka Sto bi mozelo da bide,se nadevam ne saka da se odbie Ne mozam da definiram sto bi bilo Nikako red ne mozam da stavam na ova dete iako e vtoro,ni so cicanje ni so spienje
Моето на прва контрола мислам после 8 дена од раѓање имаше качено само 10гр. Не ми текнува кога точно ја врати родилната ама првиот месец качи 700-800гр. Ќе си ја врати родилната само малку 'залет' да земе.
Се роди 3280, на испис имаше 3050. Често одевме на контроли и точно на 3 недели беше 3280 гр. На една контрола дури и ослабен беше 40 гр. Првиот месец многу малку имаше качено. И адаптацијата дома си има влијание. По колку милилитри пие? Се буди ли често за јадење? Ноќе дали пие млекце? Може да земеш овес, житарки да јадеш, по едно безалкохолно пиво навечер. Тоа е доста хранливо и ќе се лачи и во млекото.
Ние саѓмо 10гр качивме за недела дена, сеа е на ад и на три ѓесеци ќе си ја дуплира килажата Не се секирај ќе качува И да мене млеко ѓи надојде од сок пд јаболко вива, ама веќе беше касно мојот не сакаше да фати цицка и све беше узалуд
По 20 мл пие на саат време, максимум два кога спие преку ден, тогаш околу 30 мл пие. Ноќеска 2 пати станува, по 20-30 мл пие, некогаш и само 15мл. Пред 1 недела мерев, пиеше околу 350мл за еден ден, сега како да има накачено, не сум запишувала колку пие. Овесни снегулки јадам секој ден со јогурт. Ќе земам и од пивото да пијам штом е добро. Млеко имам дури и замрзнувам оти она не може да испие колку што се одмолзувам, не дека многу има, околу 60-90мл на едно одмолзување, со големата повеќе вадев ем си цицаше. Може има врска тоа што со сонда ја хранеа во болница, па сега додека се адаптира ќе ѝ треба повеќе време.
На почетокот дека не сакаше да цица се измолзував ни во шише несакаше да го пие и престанав да му давам до почеток на 2ри месец телеше ко лудо после почна да ми се намалува сеа веќе немам