Аха е па добро значи нормално е. Ама ги гледа рацете ги гледа и аммм во уста.. Исто и со шишето си игра кога цица, со рацете го чепка и го носи кај него и ааааммм, некогаш кога е прецицан ко ќе го турне со рацете и долу ми паѓа
Душиче, ќе се адаптира, малечка е уште. Супер е таа количина измолзено, ќе почне и повеќе да јаде, ќе добива и повеќе сила да трга. Секогаш сум добивала совет ако не качува килажа, ноќното јадење е многу важно за да качува. Секако ќе се консултираш со педијатар, ако сакаш прашај дали во спиење ноќе да и' дадеш млеко. Инаку, пиво се убив од пиење, со месеци секоја вечер по една лименка Туборг. Додуша и мене ме опушташе поради Б витамините. Ќе биде добро, брзо после ќе накачи, не се грижи.
И ноќеска ѝ давам млеко, два пати се буди. Ама количински ни 20 мл не пие, малце е. Јас преска бев во маркет специјално за пиво, ама не најдов безалкохолно, а не ни прашав Ќе му кажам на маж ми да ми купе.
Двапати мислев да не е малку, освен ако мислиш на пример од 00 до кај 6 наутро двапати да се буди. Сигурно и навечер си пие. Мало и' е желудничето, не ни собира многу, па најверојатно со помалку се заситува. Пиво едно време ептен тешко наоѓав, ги вртеше мажот ми сите маркети и кога ќе најдеше, по 20-30 земаше
Беба е 2 недели на доење сме ама се мачи да се искака цел ден. Последно вчера вечерта се искака. Нормално ли е вака или да се превзема нешто треба? Читав вода да се давало демек а јас ич не и давам само си цица. Ани адвајс ?
До 10 дена ако сте на цицање и избегнувај совети од брцање на топломер во газе за да се искака пред 10 дена
На вакво убаво време им ставате ли колд крема на бебињата? Како да и се воспалуваат брунчињата од неа па би сакала ако можам да ја избегнам кога е вака топло како денес.