Не си единствена да знаеш. Не знам колку пати плачев со неа заедно. Ама кога не сака, не сака бре и готово. Ни цице ни шише, ништо. Вришти, зајдува. Ова во трет скок почна да го прави. Смири го некако или дај го на маж ти за и ти да се смириш. После земи го и пробај да го успиваш со нишкање, бели звуци. Понуди цуцла. По некое време кога ќе задреме тргни ја цуцлата и дај му града. Пробај различни позиции. Ова кај мене функционираше и уште функционира (знае и сега така да прави, ние сме пред 4ти скок) Да не беше форумов искрено досега ќе се откажев и ќе префрлев на АД.
Кај мене кога одбива да цица, станувам и го земам во раце и прифаќа на овој начин, не знам зошто. Ова по препорака на мајка ми. Според нејзе ради грчеви било подобро, меше со меше и по алку полело странично кога го држиш, ама моево нема веќе грчеви, веројатно ги смирува, не знам, пробајте...
Baby tracker топ е! Имаш и дали лева или дрсна града и статистика ти прави од која колку цица...јас до скоро бележев, откако почна со кашички само кога кака бележам
Рано е На три саати будење денски нуди му почесто да цица и моето по 5 минути цицаше некој пат и по две па почесто и сега цица максимум 10 минути 6+ сме Супер напредува
Кај мене повеќе од 40 мин не спие денски, се на се на интервали дали 4 саати преку ден спие, и на саат/саатипол цицаме преку ден, 2 преку сила , ноќе на 3 или 2, многу ретко подолго да е без цице ќерка ми.За 1 месец 1.200гр сме плус.
Да си прашам забите во бременоста кој ми се скрши, на кој пломба ми падна, сеа гледам еден и се клати. Ама пустото си имам страв од заболекар, без анестезија не смеам. И сеа се слушнав со докторот ми рече било проблем анестезијата ако дојам. Сеа дури не знам што да правам. Да си чекам уште некој месец ( до тогаш дали 1 асален ќе остане), или друга опција да идам и да си рикам таму на столот од страв не од болка. Некоја друга опција има ли?
И јас морам да одам и тоа со анестезија. Ми кажаа еден оброк да биде молзено, а јас да се измолзам и да го фрлам тоа, па следното јадење нормално да го дојам.
Денес беба е подобра со пеленките, мочка почесто, ама не кака често.Како што се сеќавам кај големата на секое менување на пелената имаше и како.Колку често треба да какат или се е индивидуално? Овие 7-8 пелени какви треба да се ?
колку често ги ставате бебињата од месец-два на стомаче и по колку време? мојава не љуби многу, рине со главата надолу барајќи да јаде, а на подригнување доста стабилно ја држи главата исправена.
Исто прави и моето, ја лиже тетрата... почнав да ја викам по име и со тропалка и и пеам и правам звуци, некад ќе се сврти, некад не. Ја ставам максимум 2 пати во ден, повеќе од 10 минути нема издржано кога не се врти на страна. А за подригнување стабилно си држи глава..
И моево неиздржува на стомак амс докторката рече мора макар 2ти по 10/15 мин, он зашо не издржува јас го ставам повеќе пати во денот по 5 мин ем не е изнервирам ем сме завршиле работа
Јас кај антоние кога го носев на ортопед тој ми рече 40% од времетп да е на меше тогаш имаше 1 месец. Не бил 40% тогаш пошто не издржуваше толку ама што почесто го ставав
Јас вадев умник со анестезија, ми рекоа дека нема проблем ама за да бидам мирна да не дојам после 2 саати од анестезијата. Измолзи млеко и остави дома и таман ќе поминат 2 саати. Еве ќе ја тагнам @Annath ќе знае подобро, она ни е стоматолог тука
Луѓе дете ми цицаше последно мајчино млеко 120мл во 11, а заспа во 12:30 и сеуште не е разбудено. Да го будам да цица? Или па да го кренам само и да му дадам млекце додека спие?
не го буди, ако има потреба од млекце ќе си стане само, не е веќе најмало новороденче твоето па да го будиш (секако, доколку педијатар ви има кажано дека таман си напредува). мојата откако направи месец врзуваше неколку вечери по ред 4 часа, па неколку вечери 5-6 часа за на крај една вечер да си врзе 8ипол часа, да стане (воопшто не вознемирена), да си цицне некој пола саат (веќе солидно и ефективно влече) и да ѝ сменам пелена, па веднаш потоа да презаспие и да си спие уште 3ипол часа.
Слободно може да примаш анестезија додека доиш. Не се излачува во млеко до толку. Безбедно е, можеш да провериш на e-lactancia.org.