Нешто замена за цуцла?! Кога плаче многу и никако не се смирува или преку ноќ кога се буди безвезе на саат...инаку од 4 месеци не ја сака цуцлата и сега колку е добро толку и ми фали, порано се смируваше со неа ама сеа е голем
Здраво помош се работи за новороденче цело е нафрлано со гнојарничина (пиодермија) за совет некој шо поминал
Јас како новороденче сум имала. Вечерта штом сме се вратиле дома приметила мајка ми пред бањање. Сум имала малку, сабајлето назад во болница. И тогаш установиле дека е тоа. На времето ми дале јако сирупче omnidrox или нешто така, и дома мачкање со еозин. За тоа време не треба да се бања детето, затоа што во влажна средина се шири. Со сирупчето и еозинот за неколку дена се има сето тоа смирено.
Пак јас со истото, бебче цицано последно во 6:30 заспа во 7 и сеуште не е разбудено. Зошто вака? Гладно ли е што да прам?
Ако качува на килажа како што треба т.е. минимум 600гр не мораш одмарај и ти со бебе имаат некои денови кога се поспани повеќе. Исти период одбиваше да цица се тегневме со денови се мислев гладно да не е и на тоа "не цицање" според мене по 30гр дневно имаше качувано така да не се секирај знам дека ти е чудно што не јаде али ако е гладно така мирно нема да спие
Мислам дека напредува имаме контрола во среда, па ќе видам и прва вакцина лелееее како да се снајдам ко ќе почне да плаче помагајте...
Не мора да значи дека ќе плаче моево од кога е родено плаче паа вакцината ич не заплака и од кога прими вакцина по мирен беше како друго бебе дај боже и вие да пројдете ткаа само земи си Антипиреа лепенки,сируп и чепчиња за секој случај
Јас мислев дека моето ке вришти когa ке го боцнат дека и онака си е голем плачко, ама не, пушти глас ептен малку и веднаш го подизам во исправена положба и така веднаш престанува да плаче.
@Brpbrp сега се разбуди и сакав да му сменам пампа и гледам празна немаше ни мочка???? Сега цицаше на мене и му додадов со шише молзено 60мл испи и кома пак. Мислам дека не се нацица убаво а сака да спие, што е работава?
Мајка не го буди, остај беба да спие, после ќе бараш да спие ама ќе станува за цицање почесто. Имаш еден куп развојни фази и ќе ти менува ама секогаш важи да не будиш намерно бебе, освен првата неедела од раѓање ако има жолтица, а твоето е веќе 2 месеци. Уживај во моментите
На собна температура до 4 часа најмногу, во фрижидер до 4 дена најмногу (но не би го чувала повеќе од 2), во замрзнувач 6-12 месеци во зависност од стерилноста на молзењето.
И најбитно, не менувсј пелени навечер, така го будиш, освен нели ако не е какано. Јас ја правев таа грешка и после додека се успиеме пак станало за јадење.