Може ама и немора да значи, често пати им е бело од самото млекце, доколку си цица нормално, без потешкотии веројатно не е, во случај на кандида ги боли.
Како поминавте на вакцина? И ние денес бевме на прва вакцина. Тука ги прашав за облоги ми рекоа, физиолошки малку разладен во фрижидер, од тоа само облоги, и ако температурата дојде нас 38,5 мерена во газе, чепче да дадам. Тебе што те советуваа?
Еве сега пред малку дојдовме и бебче спие. Прво ми дадоа сируп да давам со шприц 5мл заради столицата да му се регулира, еве го сирупот. Spoiler За вакцината ми рече ништо да не ставам на местото, ако му потече одма кај него или во хитна кај што е роден. Ако добие температура ништо да не давам само ако е лошо многу да му ставам чепче, ќе му се симнела сама... Значи во крајна мерка чепче, значи 39 темп, 38 не било лошо. Еве ги лепчињата. Ќе ја тагнам @dunika ако може некој совет дополнително да ми даде. На колку време да мерам температура и дали во газето да мерам или па во уво?
И моево е сега за сега ок. Спие мирно. Еднаш само ставив облога и толку. Не е кенкаво. Јас мерам во газе. Таму е за 0,5 степени повеќе од аксиларно. На саат време мерев. Сега наредно кога ќе се разбуди.
@BabyD0ll истите чепчиња ги имам. На 2ра доза 5то валентна и пнеумока качи вечерта Т,па ставив вакво чепче,за 20 мин падна.38.9 качи. Најточно ти е ректално,значи во газе,јас така мерев,малце Бепантен на топломерот само ставав. Не мери без потреба,ке го осетиш секако ако почне да качува. Сега мерам со безконтактен,на Браун го имам ТермоСкен 7.
@Fatalnata @dunika еве и моето спие во релаксатор е сеуште, само малце цицаше млекце некои 60мл и сега спие чудно ми е, денски не спие вака мирно..
@BabyD0ll јас сум фрапирана од тоа што ти препорачале ваков сируп.... до толку има нередовна столица? Сепак е бебче со млечна храна единствен оброк. Ваков сируп се препорачува пред некакви снимања кога мора да бидат целосно празни цревата. Ај да речеме бидејќи малку ќе даваш се трпи. Ама лактоза??? Па бебе ќе се намачи со грчеви.... како сакаш сепак, ова најдобронамерно Се молам да прочиташ пред да дадеш...
Ништо... не продолжувај да даваш само. И ако има грчеви не се плаши знаеш од што се. Инаку според ФДА лактоза не се препорачува до 18 год. Мене само уште не ми се верува дека здравствен работник ти препорачал... гушкајте се не се плаши. А за столицата ако веќе мораш нешто гледај клизмички, чепчиња, тоа што е дозволено за деца
Добро важи ајде ќе му се регулира природно и јас не би сакала глупости да му давам. Е работник и тоа доктор во Швајцарија што работи, не знам искрено.. Јас и до сега се борам еве го чекам природно да кака, трети ден денес не е какано, ама ќе кака кај и да е, може нема што да искака од мајчиното млеко.
@BabyD0ll Сега читам дека и @Leksikon ти пишала, а еве и тука пак ќе ти пишам, те молам почекај го, нема потреба од ништо. Самото си кака на 3-4 дена, не му треба ништо за какање, не е дека не е 10 дена какано па да му треба нешто.
Вторава мома кака на 2 дена или еднаш дневно.Мене паника ме фати оти првото ми какаше со секоја мочана пелена.Прашував блиски доктори сите рекоа се е во ред.Не им верував и гуглав.На нет најдов 5 пати на ден или на секој 5 дена е сосема нормално кај новороденче.Така да ништо страшно не е 3 дена.
Женски му дадов капсулката д3+к на бебево и одма после тоа поврати И сега да давам друга или ништо не е што а поврати ( сигурна сум ништo нема од неа задржано , одма за некоа мин поврати и мрсно беше чаршавчето кај што си леже ) утре ќе си а дадам следната , 1 месец е ..
Прво д3 најдобро е наутро да се дава ,друго нема врска утре ќе си дадеш следна. Мене ми ги плукаше затоа прашав педијатар рече тоа е ,утре следна две во ист ден не.
леле да знам , ама денеска се забајдив и касно му ја дадов , иначе насабајле до кај ручек му а давам , сеа сигурно ми а поврати оти каснам Сигурна бев дека не одат 2 , ама ја па да си прашам да не ми е мисла оти првпат вака се случи .. Фала
A кажи ми,така треба да се дават,едно насабајле др.покасно или дека твоето плукаше ? Јас ги давам заедно едно по друго..и не плука ,еве веќе втор месец .Ако е подобро така како вас,да сменам?