Моето бебче си има мака со подригнување, ќе минзаспие на града, ќе ја подигнам на рамо ако е заспиена не подригнува, ако подригне знае да се разбуди после тешко заспива. Ако не подригне после ми повраќа или се разикува.
Мислев самомоето ги мрда толку брзо силно и ги треск хахх. Иначе на радост среќа ког му зборувам и е кевен брзо ги мрда так так так так и со петите што викаш удира вземја
пробај да ја подригнеш кога ќе пушти града и почне да вришти. мојата обично тоа бара кога демонстративно ќе се откачи и фати да писка, ќе подригне па пак ја враќам на града. некогаш знае неколку пати во текот на еден подој да прави вака фати-пушти.
До кога трае ова лигавењето, детево екстремно мислам се лигави, лигавчиња на 5 минути менуваме и тоа утоп направени, едно што само од себе се лигави сега се научи па и како да плука и тапанчиња прави.
Земи такви со мушама што се одоздоле има во стружанка . Горе памучни доле мушама и тие не ми пропуштаат на облека инаку претходно по 3 пати го преслакав
Дете мое само ао шише во уста сака сега да спие, цуцла никако не сака. Што да прам вака треба нонстоп шишето да го држам додека падне во длабок сон.
Абе и ја не сум сигурна во ова ама по логика Пробај различни цуцли некои во форма на града он го цуца веројатно најслично му е со градата претежно тие цуцли се такви
Не му давај да цуца празно шише влече воздух ќе му прави грчеви на моите и папчето и се издува од влечење воздух од шише додека пијат млеко.
Мајки моево бебе мака изнамачи со грчеви, нема кои капки не ги пробав, сега со еспумисан малку како да се смири ама па многу тешко кака еднаш во 2 дена а само 6 недели е. Со другите капки не беше ваков случај ама не му помагаа.. сега дали да земам нешто плус со овие или.. дали некој имал слично искуство?
И кај мене е така со какањето. Јас давав колиеф, а сеа само пробиотик Ваја. И кај нас е така. Ама ми кажа песијатарот се е џабе мора да се мине низ тоа. Дополнително што голта и воздух при цицање и гасови и стварат.