Јас на моите и давав Еспумисан за грчеви и исто беа со какањето ама и помагаа за грчевите, пробај со Ваја пробиотик да му даваш и топло на меше ставај, јас ставав топла пелена.
Леле вриштеше за цуцлата, што ми се научи вака детето... Никако лажливката не ја сака сега.. Ама не му дадов и заспа така ете го занишкав посилно...
После 8ма недела можеш по малце чај од анасон да му даваш. Ние ког имавме проблем со не какање само чајчето ни помагаше.
Полека ќе се одвикне само трпение Јас од тој воздух уште мака мачам да го вратам папчето на машкото во нормала, му беше како балон големо, преку облека му се познаваше
Што си му давала досега? Ако тука ги вбројуваш пробиотиците, ваја, гаја, линекс да знаеш пробиотик не делува на грчеви...
Добар е сега, нема температура. Само што ми писка во сон понекогаш ама не знам да не го боли стомаче.
Тоа е така затоа што твојот бебуш се роди преку 4,5 кг, а моето 3,8кг. Покрупните бебиња помалку ставаат на килажа.
Ги оставате ли да спијат на цице? Не фаќа цуцла, има грчеви и вришти ако не е до мене залепена, и дење и ноќе сака да си спие со цицка во уста. Поголемото дете реагира, што е најнормално, ама како да ја одвикнам од вакво спиење? Ништо не можам да правам, цел ден сме во една иста позиција..
А цуцла фаќа ? Ако не е на цице е врз мене заспана. Сама на кревет не спие повеќе од 5мин. Ниту во релаксатор..
Не знам колкаво е бебето ама и мојата беше еден период така додек имаше грчеви, сакаше цело време во мене да спие (јас не ја доам), ја чекав убаво да заспие па ја оставав ама можеби после еден саат спиење во мене. Мислам дека е период ќе помине. П.с. На мене и убаво ми беше јас уживав да се галиме