Иста е и мојата, ако е помала.Не спие подолго од 5 мин.Ќе ме викне ќе го лижне цицето и ќе си се намести на глава како перниче .Јас почнав од сабајле да и давам капки за грчеви, па сега гледам денски поморно спие.
@Chanell* @Ava.84 по се изгледа такви се сите женски посебно тие што не фаќаат цуцли како нашите Мојата еве 5ипол месеци и уште знае да ме користи како цуцла, на моменти ме нервира ама си траам за мир во куќа Во скокови и преку ноќта ми доаѓа да ги сечам, нонстоп ми се на мегдан @Alishan30 ја немам прочитано подолго време, како сте со малата?
Дали има некоја мајка на која бебето не и го сакала ад млеко,ниту кравјо ниту козјо, некое друго решение како замена пр. оризово,кисело млеко и не знам што друго
И моето е исто. Да стои на цица а не дека цело време цица туку да спие во раце.. а ако ја ставам на кревет веднаш рипа и плаче. Деновиве мислам дека грчевите и се зголемени утрово додека спиеше цело време се мачи и стенка кењка како голем човек а миже и се спие.. незнам како да и помогнам. Дали и кај некое друго бебе вака се случувало и до кога претежно ви траеле грчевите?
Можно ли е да не се тргнати забите по ред како што одат кај синко? Еден месец покажува знаци на растење заби ама нема бело кај кецовите туку поназад двојки да не речам тројки?
Кај син ми има бели оформени заби кај 3ките а кај кецовите ништо ако мислиш на тоа исто кај 3 месец се појави е сега е 5мес веќе гледам како шпиц доле на местото на тројките.
@Chanell* Моето беше такво, од цицка не се делеше. Само ноќе кога поцврсто ќе заспиеше, тогаш успевав да се извлечам и да поспијам. Инаку само во кревет бев со него. Цуцла воопшто не фати, вриштеше ако му дадев. Не се сеќавам точно, но мислам дека до 5 месеци беше така.
Изгледа на сите вторите деца ни се погодија плачковци и лепенки. Не цицаше моево ама два месеци од тоа негово плачење уште имам последици а вкупно 5 е само во раце. Ни цуцла фати ништо само во раце да е. Ајде грчеви,ајде вакцини,скокови и си летна времето во рака. Па и големов ми вика мама мене опа... као мама октопод да е
Исто и кај нас се на цице. Гладна е цице, и се нана цице, ја боли меше цице, грчеви, гасови, не може да се искака само цице.. и што и да не и е погодено пак цице. И кога има грчеви се бори со цицките, влече, стенка, шмука.. . Ама сеа друга тактика почнавме при грчеви и гасеви. Правам чучњеви или исчекори со неа во раце и се смирува, како и помага ова не знам. Или за заспивање да не е цице, пуштам музика и играм со неа, некогаш и цел саат ни треба така, ама битно да не голта џабе воздух.. а и мене ми е плус физичка активност.
Додека е мала физичка активност, ама кога ќе качи килограми малку тешко ќе ти дојде сепак секако е многу убаво кога си ги гушкаме и галиме . Ние во реце седнати се успиваме ама понекогаш се заборавам и наместо да го оставам по 10 мин кога ќе заспие јас кога погледнувам на часовникот пола саат поминало а мене ми изгледа како само што заспал па си го гледам галам
Темата за доење во јавност не е нешто активна па затоа барам совет тука. Треба денес да се иде до капитол. Мораме и јас и маж. Бебе 2 месеци не ми се остава. Да се измолзам не можам баш денес, залиха немам. Не знам дали имаат соба за доење а и кој знае каква е. Немам ни марама за доење. Што да правам? Да се стационирам на некоја клупа и да се покријам со тетра? Хелп!
Да си најдеш некое потивко место кај што нема гужва и да си доиш, покриј се ако треба. Јас вчера бев на шопинг во арена и требаше вц да одам, ама таму затворено беше нешто и немаше многу луѓе и баш видов една женска како си беше седната и си доеше, не беше ни покриена со тетра, многу и бев љубоморна..
Да си седнеш и да си доиш онаму каде ви е удобно и тебе и на бебето. Облечи поотворена маичка и одозгора може да се покриеш со тетра, но и не мораш, ти процени како се чувствуваш пријатно.
Јас секаде дојам. И сега и со првата ќерка бев исто, каде сакала таму сум давала да цица. Тетра пеленка можеш да ставиш ако ти е непријатно. Јас кревав блузата давав да цица и ќе ја потспуштев малку блузата колку да се покрие градата малку. Никогаш не осетив непријатност.
Што е најдобро за затнато носе? И ставам аква марис и чистам со аспираторчето, но не помага. Нон стоп е затната..