Жени ампуливе се за носе и за очиња? Педијатарот ни ги препиша за носето, ама сега имаме мака и со окцето. И дали се океј за 2 месеци бебче? Негде прочитав дека се за над 6 месеци, па би сакала да слушнам и ваше мислење
Јас ги имам користено и овие и на синомарин. И за носе и око кога беше новороденче. А во носе на 4 месеци
На газичка или на памбукче капкав натопено едно 6 7 капки и од надворешната страна на окцето према нос еднаш ќе поминеш. Не да триеш навнатре нанадвор Значи инфекцијата излегува од кај очето ти да ја чистиш навнатре да не ја разнесуваш низ цело око. Мислам ме разбра
Ако купуваш вакви на Мам кажи кај ги има. Последниве два три месеца имам влегувано по повеќе Еурофарм и немаа ништо, само ептен поголеми цуцли, од година ли беа. А исто пред некое време и во ДМ примерив дека ги немаше више сакам да и сменам нови веќе, а овие баш највеќе и се погодија и цената им е
Јас па мислев малечко е уште не може да ја фати цуцлата како што треба, а тоа до авентот било... Леле колку сум изненадена со МАМ, кај бев до сега..
Од кога почнаа вашите бебиња да се превртуваат од грб на стомак и обратно? Ние направивме 4 месеци ама никако не се превртува. На стомак кога ќе го ставам сака, не се буни,ама треба јас да го свртам пак на грб а сам не..Дали поради тежината 7 кила е. Не е некоја голема тежина за бебе од 4 месеци. Да не е рано?
Те разбрав од надвор навнатре. Ама и купив и физиолошки раствор, со тоа ќе и го чистам, сме закачиле коњуктивит
Ќерка ми за некој ден ќе е 4 месеци, досега само два пати се превртила од меше на грб. Кога е легната на грб знае само во страна да се сврти. Не верувам до килажата да е, малата има околу 6кг, мислам дека нема ни 6. Кога е на меше ја стимулирам со играчка која ја држам во рака и одам нагоре, она го крева главчето и така ќе се преврти. Ќе почнат кај и да е, после ќе бараме да се мирни
Јас имам близначиња машкото од вчера почна да се врти од меше на грб а девојчето сеуште не се врти, не се ни труди до душа Тераме 4-ти месец
Моето 5ти месец почна да се тркала целиот, од грб на стомак многу рано почна али од стомак на грб на 4+++ малце потешко му беше али успеа и тоа
Моето се имаше превртено од меше на грб неколку пати околу 4ти месец па престана скроз како да заборави, сега е 5 месеци и нонстоп се врти од грб на меше, а од меше на грб не толку често. Преку ноќ почна буквално, тој ден се завртев да земам пелена и таа се заврте и падна од кауч на глава од тогаш нонстоп се врти
Некој искуство да каже со радица маџовска мидлам дека се викаше спроти Ѓорче поликлиниката што се наоѓа?