5+++ сеуште знае да заплаче во сон бидејќи сме во скок недела и пол ми вриштеше од спиење кога се будеше сега малце се стабилизира
Како сте со днеевно спиење во овој скок? Јас тешко го заспивам ама од кога ке заспие како подобро да спие од претходно. Дали е можно во скок да се подобри спиењето или да чекам да се влоши инаку мајки да ве прашам дали е погрешно ако некогаш го оставам некоја дремка да одспие во релаксатор оној што го лула?До сега само на кревет спиел ама вчера го ставив и заспа сам така лулајки се и убаво си поспа. Ама да не е голем веќе за спиење така, да не му е тесно незгодно, не знам. 5+ сме
Мојата немаше ни еден месец кога ја најдов свртена. И од тогаш (4 месеци сме) нон стоп се врти во текот на ноќта. Џабе и вреќичка, изгледа живец е
Ако го успивам во раце 20мин 4 дремки и тоа е хоррор дента, секој ден ни е различен еве денес сам се успа 2 саати спиеше со мечињата гушнати околу него (ама сам се успа ) едино ново сега ни е да не спие од истата страна на креветот каде до сега спиеше т.е. сега спие кај што предходно нозете му биле и слободно оставај го во релаксатор секако не спие 5 саати
Мојата како со лавови да се бори, месец е а прета клоца силно ептен дури спие и така прета јако. Го препишав прво тоа на проблем со какањето ама и од кога ќе се искака пак така прета. Денес и не цица убаво фати-пушти дури и почна да ми ја тегне брадавката, дневни дремки 15 мин ... Незнам дали да препишам на скок, или на мешето што ја мачи... Термин на 12.02 а се роди на 08ми
Дали и каков навлажнувач за воздух користите? Не знам дали е до мене, некако во последно баш го осеќам воздухот сув. Ми е страв и бебо да не осеќа исто Да потенцирам, се грееме со инвертер
Јас од Сетек имам земено на акција го начекав 1200денари и супер е задоволна сум 2л вода собира внатре
Вие што давате чајче дали го припремате и го давате на темперстура 37C? Ја го давам на тем. од 40 само така потопло ми го пие
мајки, што се имате породено царски, до кога давате биогаја? дали сте приметиле некоја лоша реакција од бебето на биогајата? мојот е 70дена, прима од втора недела биогаја. До пред некој ден немаше проблем, од завчера почнува да плаче и да се грчи после капките
5 дена е постар од мојата.. неделава ја носев на педијатар, ми рече да си продолжам со пробиотик. Јас давав биогаја, сега давам ваја ама мислам исто е... Не сум забележала да ми реагира лошо до сега.
Од биогаја ептен грчеви имаше и запек ги сменив со Линекс и каде каде се поефтини пробај смени со Ваја(доста ги фалат),Линекс или други некои и ќе видиш. Доста луѓе се жалат од Биогаја
ви благодарам на одговорите. МОже и не е тоа проблемот, можда друго сака да каже со плачењето ама на тоа хранење реагира така, кога му даваме биогаја
Пробај помести ја порано/ покасно и ако пак има така плачки ќе бидеш сигурна дека е од тоа. Јас така приметив ,секогаш ја давав поручек ама кога се посомневав ја поместува сабајле. Пак иста реакција ,другиот ден ја поместува за саат покасно пак исто и си купив ваја
Детево мое секој ден си се буди во 7 или 7:30 претходно цицано во 4 навечер или 3. И така будно не сака да цица, ќе поседи и ќе дремне 1 сат. Вчера едвај му дадов 60мл и не сакаше повеќе. После си има нормално апетит, ама на сабајле не сака, а гледам 3 сати се поминати од последен оброк сигурно е гладно? 2 и пол месеци е иначе.