Здр дали некој бил на преглед во ремедика за гранулом на папочето кај новороденче, ме интересира која е цената и дали може да се изврши преглед во др болница освен таму ? Фала
Ние кај матичната го средивме грануломот на папочето со лапис. Минутка работа е, сосема безболно, прашајте си на педијатар. Може да има потреба од неколку пати лапизирање, ништо страшно. После третманот не треба да се наводенува 24h.
Немаат сите педијатри лапис, затоа не прават. Прашај си телефонски однапред дали прават кај некој друг педијатар, или во РеМедика може да се јавиш и да се информираш.
Малиот е 3++, почна последниве три дена да повраќа еднаш како водичка, еднаш е измешано и со млекото, два пати на секои 4 часа. Еднаш одма после јадење, втор пат после 2 часа. Некогаш е како млаз, некогаш ќе му истече како проѕирно како водичка. На search побарав дали некој слично се соочил ама се беа стари мислења. Ако некој има слична ситуација ве молам нека сподели. Се слушнав со педијатарот рече да го однесам следната недела на мерење да видиме дали напредува. Реално нема проблем со тежина, весел е, ама ова е непријатно за глетка.
Му даваш цуцла? Ми се дешавало и мислам дека е од цуцлата лиги му се прават многу и бљуцкал како водичка Дали одма го креваш после јадење?
Цуцла многу ретко, само ако се мољакаме за спиење. Да, одма го кревам, го држам 20-30 мин. после секој оброк убаво да си ждригне и да биде малку исправен. Е сега ново му се рацете во уста, често се обидува тупаница да стави во уста. Помислив дека и од ова може да е.
Се лигават многу тој период а и од тоа што пика рачиња па повраќа и моето така праеше. Не го кревај одма остави го малку да полежи па после крени го бар кај нас ова функционираше
Мамички ако сакате да ми каже некоја од вас дали има давано од овие капки наместо бејбитол Д3 - омега? Педијатарот ми ги препорача ако сме сакале можело од тие да даваме. Убав ден имајте
Мајки, прашував скоро ама не добив одговор. Колку е нормално да бљуцка бебе од месец и пол? После секој подој, ждрига убаво па бљуцка, после некое време повраќа засирено млекце, ќе почне да ика, пак бара цице, пак бљуцкање и пак засирено млекце покасно.. Првото мерење имаше качено 300 и кусур грама за една недела, вториот пат за две недели ја имаше таа грамажа.. Сега не ми е мерена, ама стварно ме загрижува ова ..
На АД е не цица веќе 1 месец. Инаку и давав просо овие 3 дена се чудам да не е од него. И последните 2 перални сменив прашок место ариел ставив виолета
Колкави сте, зошто просо? А може и прашокот...јас би ти советувала да мачкаш со цинк некоја крема за почеток. Па следи состојба. Врати се на стариот прашок или евентуално ако не се исплавиле добро. Мада просото повеќе ми мати ум
Не ми личи дека има проблем, се прејадува и бљуцка. Мене така ми правеше првото, цел ден беше на града, бљуцка и пак бара да.цица. Тоа и беше утеха за се и да посебно првите месеци. Мислам ако не повраќа во млазови ништо страшно.