А епа ок сте со просото тогаш...се збунив дека групава до 6 Веројатно е прашокот. Како и да е кога почнувате со нови работи следете го она правилото 4 дена
Мамички приметувам дека бебека последнава недела кака преку еден ден стара е месец и една недела иначе сме на ексклузивно доење не и давам дохрана пошто си имам бајаги млекце дали е страшно или се толерира дали некој имал ваков проблем?
Да,Колиеф. @SkarletOHara Ме загрижува што од прв ден е вака .. цица на 3 саати преку ден, кога е будна повеќе од еден саат бара после почесто дур заспие .. Ем тешко на стомачето ем со следно цицање повторно истото..
Воопшто не е страшно за доенче, нормално е и 7 до 10 дена да не кака. Еве ја мојава 7ми ден денеска, а она нема намера да кака. Преку еден ден е супер Ако ти развлече на повеќе денови и ја приметиш дека се мачи, дека стомачето и е тврдо, прави масажи, возете точак со ноџиња и јади сливи, круши, компот од сливи, сок од круши и храна богата со влакна
Бљуцкањето нишо страшно...него мене ми е за тоа како засирено што е млекцето што го бљуцка. Смени го колифот ако не...колипревот мене ми е мн. по ок.
Колку е нормално не знам, ама моево повраќа многу. И кажав ма докторката, не се загрижи ама ич. Повраќа и 2 саати после јадење, повраќа свежо млеко, повраќа засирено млеко, повраќа и по 3-4 пати... Ама убаво си напредува, полни пелени и така. Имаме 30-40 лигавчиња, го преоблакам често, зашто се прави лом. Често се случува само што ќе го преоблечам, веднаш да поврати, па ајде пак преоблакање... И така.
Ти благодарам знам дека не е страшно ама јас сепакк да си прашам пошто се дешаваше еден ден две пелени да ги наполни до кака пуни а другиот ден ич затоа ми падна чудно.
Исто. Таман сум ја облекла, ќе поврати и пак лом.Полни пелени и она убаво, на секои саат и пол мочкани, два три пати дневно полни какани. Ај за една недела сме на контрола пак ќе спомнам..
Последниве две вечери првото будење и беше на 5 часа, наредните на 2. Инаку се будеше на 3, 3ипол часа. Само на доење е, 3++.
Нашиве бебиња се мислам неколку дена разлика. Моето е 1.12 родено. Моево пак се константи на 2 сила 2ипол часа се буди
Моево е 28.11. Сега последно време шемата дневна ни е цицање стриктно на 2 часа, а навечер почна да си поспивува, со тоа што првиот размак е подолг, а другите се пократки, не знам зашто така.
И моево исто. Една недела има, од прв ден ми повраќа по малку млеко, па почнува да ика, па бара пак да цица и пак малку го повраќа. Претпоставувам дека се прејадува. Ќерка ми никогаш не ми поврати и јас бев загрижена да не не е нормално да повраќа после секое цицање ама полакомо е ова и нон стоп е на цице.
Мајки прашање после третиот скок бебе воопшто не ми спие денски, ако задпие се биди за 15мин до половина час дали е нормално? Ќе се врати по старо или ќе тера вака?
Кога ќе почне да ти се буди одма заспиј го додека не се расонил. Моето за сат се буди и јас одма ко ќе приметам дека отвара очи пак го заспивам и си продолжува после уште сат или сат и пол.
Исто беше и кај мене баш јас прашував по колку треба да спие бебе тука, додека се врати на старо не фати 4 скок и тогаш беше хаос со дневно спиење, среќа ноќното не му се изремети. Сега од кога заврши овој 4ов добар е си спие.