За челото не знам да ти кажам, за обравчињата нормално е. Што од хормони, што од лигавење. По препорака на педијатар исфрлив млечни производи и почнав да мачкам со веледа, имаше подобрување ама не кој знае какво. Брунчињата не беа воспалени после веледа ама на допир се осеќаа. После неколку дена пробав пак кашкавалче, пак излегоа нови... Најдов по дома од промотивен материјал што ми давале од уриаж за лице, за дерматит - презадоволна сум, лиценцето се исчисти за 2 дена, брунчињата сега ни на допир не се осеќаат. Почна да се лупи и кожичката под устето, ставив обична крема за лица на уриаж, исто одма се среди. Едит: после бањање мачкав само тело со хидратантна крема ама пред некое време забележав ушињата од задна страна дека се со испукана кожичка. Не ми текнало на време да го проверам секој милиметар Среќа и тоа се среди со мачкање.
Дечки може совет? Бебе е скоро 7 месеци. Пред 2 месеца почнавме вкусови сега и кашички. Кога беше 2 3 недели какаше еднаш дневно тоа што се чистат. Додека беше на екс.доење еднаш на 7 дена а знаеше и на 10 пар пати и на 13 дена. Е сега како почнавме овошје зеленчук почна прво еднаш во ден, а последни 2 3 недели многу! Еве сега е 12 од 5.30 ова е 4ти пат. До спиење уште 2 3 пати сигурно. Почна и преку ноќ, а никогаш не какал преку ноќ, знам дека е какан затоа што ќе стане да цица и не презаспива. Имаше пред 2 недели само слуз и само обично какање како одвоено. Направивме анализа на столица и испадна уредна. Сепак ми рекоа што се лигави многу од забите и го голта тоа. Е сега ме замисли што задниве 3 недели не е напреднат можда 100 200гр. Ако е анализата негативна, што би можела да направам друго? А јаде има апетит, цица...
На челото е cradle cap, а на обравчињата аки се бубулички со бел врв е од хормоните не мачкај ништо само со вода миј ама на моето се појавија после раѓање 5-6 дена и исчезнаа за еден месец. Можеби ке треба на гнојанките да ставаш антисептик само ама консултирај педијатар или дерматолог.
Да не е алергично на кравји протеин? Од тоа може да има такви столици. И да не напредува ако даваш млечни прозиводи. Инаку неделно сега треба 100 гр да качува .
Зависи дали ја полни пелената скроз на секое какање,дали е течна или цврста.Моето кака и по три пати ама тврдо,може некогаш да се случи и да е по трчно али не и пролив.Зависно од тоа колку јаде дневно толку и ќе кака.И најбитно од се мирисот нстинато дете урла корне
Мајки бебчево во сабота прави 2 месеци. Ужасно го мачеа грчеви е сега деновиве фала на Господ мислам дека попуштаат. Е сега пак е цело време нервозно и со рачињата во уста и само се протега и влече. Можно е да почнуваат да го мачат забчиња или е уште многу рано.?
Баш овој пероод апсолутно ништо млечно не сум дала. Му давам лепче зрнца додека ние ручаме. Ако е вака шемата за напредување тогаш е во ред, јас очекував кило на месец
Знам дека некои членки пишуваа дека им какаат по малце на секој подој и мене тоа ми беше чудно дека мојот на 7-10 дена еднаш. Иначе еднаш се гледа дека е кашичката, следното малку и приметувам како мрсули лиги и бели зрнца. Да не не го вари АД? Му давам Новалак 1.... Најчудно ми е што испитавме и нема ништо, ќе јавеше да е бактерија. Само ми смета преку ноќ што кака, а намерно кашичката 2ра гледам кај 17-18ч да е најкасно да има време до бањање да ја искака... Не знам, ете 2 пати јаде по 100гр овошје/ зеленчук кашичка со ориз или гриз или просо. И му додавам АД во тоа 2 лажички. Нема некој специфично јак мирис. До сега 5 пати, 3 пати беше нормална количина другото како лиги
Мајки кога почнавте со пробување вкусови? Точно 4 месеци сме и педијатарот ми рече да почнеме со овошје, по лажичка две наутро помеѓу 2 доења. Не е рано? Мислам дека бебче не е уште спремно за тоа...