Нормално е чувај се за 4ти ние еве во 5ти скок станува сабајле во 6 и на секои два саати 20минути дремка и хорор е само нешто се мршти и се љути, да спие барем саат по друго е али не сака
Првото детенце имаше врзано јазиче,не го сецнавме.Цицаше,напредуваше екстра,на 2 месеци ја дуплираше тежината.Еве го 5 год.е не му е сецнато оште.Неможе ,"р" да изговори,незнам дали е до тоа,ќе се консултираме со логопед да видеме шо ќе ни каже.
За една недела влегуваме во 4ти скок, ам уште е рано за вакви промени ако го држам спие ако го оставам ќе го клатам во количка и спие ако ја оставам се буди, зар уште сеа маста ќе ми ја извади
здраво мајки, дали може да споделите искуство од користење на анатомски перничиња за бебињата, моите се 2 месеци и спијат само на една страна и главичката на таа страна им е повеќе сплескана
Ние ја имавме истата ситуација со синко. Купивме такво перниче меѓутоа не правеше некоја разлика пак си спиеше на страна. Почнавме да го вртиме на другата страна навечер меѓутоа во консултација со ортопед кажа дека нема потреба принудно да му го правиме тоа туку спонтано кога играме и зборуваме да сме на другата страна, а и он самиот почна после некое време сам да се врти на другата и полека си се врати главчето во нормала. Пробајте земете може кај вас ќе има ефект кај нас немаше многу.
Хмм, чисто за пример Девојчето ми е 3.5 години со сецнато јазиче, зборува без мака ама не ги изговара, ги испушта во зборови Р, Ј, К сеуште..
Јас го однесов моето на 2 месеци и ми е криво што не отидов уште порано. За 2 минути беше готова интервенцијата. Поплачи кратко,и другиот ден како ништо да не било. По некој ден фати и цуцла која претходно никако не ја сакаше(најверојатно му сметала ресичката долу под јазичето). За жал не цицаше воопшто бидејќи не можеше да влечи убаво од града, за тоа ми е најмногу криво. Баш го пробав на града кога се вративме од кај докторот убаво влечеше ама јас немав веќе млеко. Кога ќе ми текне само, се дупнав од плачење јас што не отидов порано. Затоа и велам, што побрзо тоа подобро,како друго бебе е откако се среди ова. Инаку бевме кај др. Вршкоски во Битола максило-хирург. @Lovebug01 ние сме 4 месеци и 1 недела и почнавме со вкусови,исто по препорака на педијатар. По 2 лажичиња му давам засега,млекото го одложувам 15 минути и после давам.Вие ако не сум грешка на доење сте? Ние на ад сме затоа и рече педијататот да се почни полека со дохрана, тие што се на доење покасно би требало, барем уште некоја недела, мада што нема некоја голема промена од некор лажиче,пак ќе си пие млеко..
Не сум, ама риластилот му помага него за цело тело и лице му го користам но на брадата и околу устата овие 2 недели е лом неможам да го оправам цел ден има нешто во уста или само брмчи и лиги на сите страни кога сум го избришала кога се натопил лигавки на 1 саат менуваме и џабе мачкам се а нервозам ме фаќа колку е црвен
Кај нас е така и во скок и без скок спие повеќе само надвор да го возам, така да нормално е до дете е
Леле можи и затоа моево пробав разни цуцли сите му паѓаат одвај да затрга па плукни ја Исто и со цицањето потргај изморисе и сме на АД веќе 5 месеци, после проба на вкусови од пред една недела почнавме со готови каши како замена за оброк шише овошна наутро зеленчукова попладне и добро ни оди засега
Мајки дали бебчињата ги ставаат рачињата во уста само кога се гладни или имаат таков период без разлика дали се гладни. Поискусните ќе ве молам да ми кажат Моето е скоро два месеци
И мојата е скоро 2 месеци и имам приметрно дека кога е гладна ги става рацете во уста,ама ајде нека ни кажат поискусните
Почнуваат да се учат самите, не секогаш се гладни, моево најадено ги ставаше и уште ги става, па ги врти пред очи ги анализира. Си растат бебињата се учат
исто и мојата, претходно ги ставаше само кога ќе беше гладна, после втор скок си ги шмука и после цицање.
И кај мене почна да ги става , полека управува правецот во уста , а некоаш се боре се маче па ќе се изнервира и почнува да плаче а коа го бањам на мрежичка одма е во уста рачето така најлесно го става , ја бањам он шмука ли шмука , мислиш ќе а изеде