Мајки ај совет дали сте имале вакво искуство.Беба веќе два дена одбива да цица,ако ја доближам до градата вриште пиште,ќе поцица онака нервозно две три минути и се трга,клоца со раце,нозе.Ќе ја кренам да се смири и пак пробувам ,абе само што ќе ја наместам вришти како да ја коли некој.Не знам што може да е проблемот,инаку и во вториот скок сме па дали е поврзано со тоа.
Да големи с ешансите да е од тоа. Пробувај различни позиции или шетајки ако можете. Види во срч имаат пишувано многу мајки што дојат како им успеало види во темата скок во развој.
И кај нас почна така...сакаше да заспие на града ќе и потече млеко се тргнува.Сакаше да ја користи како цуцла и стигнавме да не сака будна да цица И затоа сега се мачам само во полусон цица..со маки понекогаш и во полусон Ако се подрасони толку
Кај мене правеше така во некој скок, 3-4 месец беше, цицаше само полузаспана. Ја нишкам подзаспива па цица и ако ја начекам кога се буди и давав и цицаше. Вака будна немаше шанси, гладна вришти а ја доближам до града уште повеќе. Помалку и качи на килажа тој период ама не и дадов ад после скокот се среди.
Мајки бебе пд пред два дена е скроз пореметено со дневни дремки едвај заспива а спие по пола саат или 45 мин и толку. Од вчера вечертта и за нокно заспивање прави проблем заспа во 23:15 а до сеа заспиваше во 20:30, тој беше заспан во мене и нешто се исплаши и толку почна да плаче и заспивање никако само што ќе го спуштам се штрекнува и отвара очи ко да се плаши, ко да неможе да потони во сон 3+++ сме за 5 дена според апп влегуваме во 4ти скок. Дали ова е реакција на скокот, ме припрема или да барам друго чаре?
Мојот (3++++) спие вака, има три дремки преку ден, двете се од 30-45 мин, и една од 1:30-2h. Вака почна пред 1,5 месец и веќе навика ми е да е толку будно. Сега е во 4 скок, преку ден е исто, навечер се буди за гушкање. Трикот ми е кога го спуштам (сега странично сака да спие, го местам прво на страна, па го навалувам на грб) со лицето сум прилепена до него, ќе му подишам некое време и се тргам. Пред ова мора да го држам во рака некогаш 5, некогаш 20 мин. Вака правам 2-3 пати во ноќта не рачунајќи го станувањето за јадење. Но, искрено не ми е проблем ич, а веќе пола скок помина.
Финти финти еден куп, што све нема да испробаме Паника ме фати дека наеднаш смени во спиење а таман фати некаков ред, сега пак се вративме како на почетокот кога се роди
Мајки од колку месеци може да се користи ваков вид на подлога? На неа пишува 3+ ама на интернет читам може и од 2 месеци...Искуства?
Јас купив слична кога беше малата околу 2ипол месеца. Уште одма почнав да ја ставам на неа на земја. Мекичка е подлогата, малку на грб лежеше па ја ставав и малку на стомак по колку ќе сака. После некое време почна да се интересира за играчките, ги гледаше се смееше, па ги маваше. Почна да се превртува на подлогата. Плус сигурна ми беше дека на земја нема од каде да падне Во меѓувреме ја ‘надраснавме’ па ја дадовме на помалата братучедка, и сега кога ја виде пак си седна од страна ги тегнеше вадеше играчките, се занимаваше пак. Инаку сме 9м
Апликацијава мене ми дава дека се наплаќа на play store, на Андроид сум. Вие кои ја користите ја имате купено??? Или...
Може и повеќе време бебе н стомак ќе лежи ќе се подига.Ние имаме пиано до 5 месеци активно го користевме
Јас денес го ставив прв пат, скока целиот со рацете мафта ги удира играчките ќе го искрши. Иначе 2 месеци и 3 недели е. Ама на стомак пробав да го ставам ништо не сака никако едвај 1 минутка тера.
Ставај го секој ден на стомак иако не сака. Полека ќе зацврсне и сè подолго ќе издржува. Ги вежба мускулите со самото мрдање додека е на стомак. Ниедно бебе на почеток не сака, без гајле.
Во петок имаме вакцина 2 месеци и 1 ден ќе е тогаш. Ама јас сум настината, кивам и ми тече носот, слушам и бебче ми кива, се мислам да ја одложам вакцината, кога ќе ми е подобро и на мене за да не направиме поголема беља.