Можеш да пробаш да се измолзуваш ако прифаќа од шише, ем ќе одржиш лактација, верувам дека е само период брзо ќе и помине.
Да,да се одмолзив на два пати,ама не вадам по многу и го дадов и тоа.Денес подобро некако е,ама малку цица изгледа толку и се јаде,ама што е кенкава цело време и малку ми спие па мислам да не е гладна.Се надевам и јас ќе се врати во нормала овие денови.Фала ти
2++++ сме и утре ке ја носам на контрола кај матичната, крвна слика да направиме и ако е се во ред задутре на вакцина. Јас мислев да прими рота и шестовалентна.. е сега мајка ми ме предомислува да не ги примаме двете во ист ден. Вие како примавте? Несакам да на носам пак за неколку дена во амбуланта со коронава несакам расшетување.
Ние ја примивме во ист ден прва доза рота со шесто валентна после тоа наредните вакцини втора доза рота и петовалентна и сега последно што бевме за стрептокока и трета доза рота
Големата ги примаше 3те одеднаш, сега и бебето исто планирам здравје да ги прима.Рота,6то валентна и стрептокока.Така ни е по календар.
Ќе видиш за рота што ќе ти кажат, да не е касно малку. До 12та недела викаат, а тоа е 2м и 3недели макс. Инаку ние на 2ипол примивме ротата и шестовалентна. А после со втора доза рота, и петовалентна ни ставија и стрептококна. Првиот пат немавме никаква некоја реакција, супер поминавме.
А вторите дози вакцини после колку се примаат од првите? Ние уште не сме примиле ни една,неделава сме на контрола па се надевам ќе ја примиме првата
Одеднаш и мислам нема зошто да не ги примите заедно. Единствен совет беше ако бебе има многу грчеви да се одложи рота само, но кај нас вече минаа
Искрено да ти кажам моето до 6 месеци имаше грчеви се намалија дури од како примивме прва доза рота и буквално две недели си беше мирен.
Моите ги примија во исти ден трите вакцини...немаше некоја посебна реација, првиот ден беа малку кенкави.
Мене ми закажаа на 2++++ точно , док не кажа ништо дека е проблем . Сигурно е за рота терминот не ни прашав , брзав . А и оваа ли шестовалентна исто а стават тогаш , која е па таа сега ништо не знам Јас ден два пред вакцини прашувам кај матичната кога ќе одам на контрола сеа мислев да се информирам сеа детално и за крвна слика дали треба .
Мајки како сте со хормони јас еднаш тажна радосна нервозна напнатост . Мисли глупи па се осудувам катастрофа. Циклус се уште немам добиено.се осекам како балон Предходните порагај одма добив. Бебче е премирничко цица спие се смее 3 мес. До сега не сме сетиле никаков скок.
Мајки што се измолзувате со рачна пумпа, по колку време се молзите, колку мл вадите од града и кога се молзите? Имам рачна на медела и кога молзам се чувствувам дека не вадам мн млеко и се обесхрабрувам. Знам дека количински не се споредува измолзено млеко со тоа бебе што може да исцица. Но сепак ме интересира да видам дали можеби треба подолго да молзам.