Мајки, дали бебето ви се загледува во една точка, и седи така додека не го закачнам јас? Дури и кога цица, ќе престане и ќе се загледа така, ме фаќа страв дури некако језиво.. Од кога почнуваат скоковите во развој? 12 дена сме, дали е можно и сега да се појават, или е прерано?
Да и мојата се загледува и не трепнува некогаш знае дури и да ја закачнам да не реагира,ама па после тоа одма се смее
@thelittle17 Рано ти е за скок,првиот почнува помеѓу 4 и 5 та недела ама според термин а не според дата на раѓање
На едното бебенце му е фатено бело на устичката, јазичето и малку има на внатрешниот дел на образите...си мислам дека можеби е кандида Кога му чистам со водича дел се чести дел останува...не знам што друго може да направам помош!!
Зовриена вода па оладена и на врв лажичка сода растворена во водата ,со чепкалка за уши ,или газичка намотана на прст брцаш во тоа и ги чистиш зафатените делови 2-3 пати дневно. Ако доиш после секое цицање и градите чисти ги со истото .
mene pedijatar mi rece da im cistam jazice so gaza i so vodicka vo nea da stavam malku soda bikarbona
Ако има мајка како мене што детето денските дремки гу спиело во количка како го одвикнавте? Сакам да почне да спие во креветче корпата уште малце нема да го собира свиткани му се ножињата
Не се плаши мајка, работи на фокусот бебо моментално. Може да ти препорачам една веб-страница за да си го следиш убаво развојот? Недела по недела има, па месец за месец. Многу е точно и буквално се што е опишано ми се случуваше, како додека бев бремена, така и сега додека расте синко.
Според тоа кога требало да се роди...датумот кога би била 40+0... Апликацијата е The wonder weeks И кај мене е родено две недели пред термин,мислам нашите се родени исто,е сега кај моето првиот скок почна 4 дена порано отколку што велеше апликацијата ама не беше според датумот на раѓање...изгледа зависи од дете до дете
Сабајлево бебе имаше слузава пенаста кака, баш како шлајмови полна, точки крв и по некое конче крв исто. Од памет се извадив,што може да е ова ? Не пијам кравјо млеко, не знам дали има врска тоа. Пијам многу витамини,секакви чаеви и таблети Панцеф, ми отиде паметот од нив да не е вака.
Мало бебе додека научи да влече треба време...просек треба како мали да пие по 70 мл на подој ако се измолзуваш..така барем кажа педијатарот и секогаш се трудев да биде толку иако не можесекогаш толку да се измолзи особено на почетокот.цицањето ни траеше цел ден..уф кога ке се сетам ама упорна бев..малку мајчино малку ад за да на крајот околу 3 и пол месеци целосно го исфрлив ад млекото кај двете деца и по цел ден на града затоа што кога цица не можеш да знаеш колку исцицало...ако бара значи е гладно а за будењето расоблакање, кубење на косичка зборување...мачен е целиот процес за нас мајките али вреди...ќерка ми до 15 месеци цицаше а малиот еве го 2 години наполни и не знам како да го откачам од цицање за спиење...