НоЖиња какви ножеви? Се зезам Па пробај други начини на заспивање мора да пронајдеш нешто и на моево корпата од количката не го собира уште малку, среќа го научив на спалната моја да спие. Во 5 сабајле си го земам кај мене и си спиеме до 7 или 8.
Да не е реакција од Ковидот.Моето кака зеленко веќе една недела и сигурна сум дека е од Ковидот.Да ја носиш на педијатар.
Моево е со панцеф но не е ковид + бронхит има. Каката е зелена може е од тоа што ти конзумираш панцеф. А крвта да не имаш некоја раничка на градата? Или може од носето нејзино надразнато од кивање да има голтнато крв. Крв не трпи желудник мора да ја исфрли. Но штом не е голема количина крв не се плаши
Здраво Имам едно прашање па ако има некоја мајка искуство да сподели. Малата ми е 3 месеци полни утре, му давам аптамил 1 млеко, меѓутоа после секое испиено шише она многу повраќа, ја кревам после пиењето да подждригне нормално ама џабе многу го враќа назад и за брзо време е гладна повторно. Дали да го сменам млеково или да намалам количина.. Ве молам за совет
Мајка како да препознаам настинка кај бебе? И зошто почна бебе кога го заспивам да испушта неккао тажни звуци? Нешто во паника сум
Колкави сте? Се сомневаш ли на нешто конкретно, бидејќи симптоми за настинка може да бидат многу работи, но истите се индикатор и за други работи, како заби вадење, реакција од вакцина и сл. Синко и кога беше помал, а и сега знае да си "пее" додека се заспиваме, најчесто додека сме во скок. Си испушта некои звуци, не дека го боли нешто или слично, едноставно му се спие.
За една недела 4 месеци полниме, некако како да му се светнати очите, црвенкаст ми е во лице и малце топличок. Едвај го заспв и кога го заспивав така тажни звуци испушта веќе сме во 4тиот скок можно и до тоа да е
Не сме примиле ништо, позитивно е и бебето на ковид па одложивме вакцини. @Happyinlove Не е зелена, нормална боја е, само ко пенаста беше, а крвта не беше ни забележителна, тук таму по некја точка.. Може што и ги прекинав капките за грчеви, и Колиеф и се друго само Нурс харвис сирупот го пие.,
Можно е, освен ако не ви е претопло дома. Измери температура за секој случај. Можеби е и до скокот со испуштањето звуци. Бура од новини доживуваат, воопшто не им е лесно на нивните мали главчиња да примаат толку работи одеднаш. Па и ќе си пропее од мака
Мајка јас по касно гледам но се надевам ќе ти е од помош. Пробав неколку апликации но најзадоволна сум од Baby Daybook. Има за се да си запишуваш.. Иначе и ќерка ми беше исто, сестрите од болница ми рекоа да ја скокоткам ако заспие дури цица такви биле ради жолтица, и дома истото го правеше но кога ја скокоткав се будеше и продолжуваше да цица. Како сте сега?
Мислењето ми е пред месец.За месец напредна 1кг.Сега сме у најлоша фаза грчеви плака од 19-21ч без престан, навечер се буди на 15мин со стенкање.Срце ме боли што не можам да помогнам, давам капки помагаат, ама пак ја боли.Знам дека ќе помине ама си плачам со неа.
Леле тие едни грчеви, бебе плачеше и јас заедно со неа спас најдов со Nursey Harvey's сирупот, прво давав капки но немаше никакво подобрување.. Со лес и да поминат побрзо
Тешкото потонување во сон можно ли е да е резултат на 4 скок? За една недела 4 месеци.Последнс дремка и е накај 10-10:30,колку и да ја заспивам не продолжува.Многу касно заспива,додека да завлече 2ч не наоѓа.Ја оставам и одма се буди,ај нишкање пак. И друго ноќе кога се буди за цицање,цицаше и си презаспиваше на цице,а сега не..ми се буди одма штом ја оставам.И ајде пак нишкај да завлече
Бебуш е три месеци и некако многу ми кашла, му мерив температура 37.2. Што да прам за кашлицата, ќе мх помине сама од себе?