И ние сме последна недела од 4 скок...Пробај со бели звуци и во темна и тивка просторија успиј ја и во полусон седни, нишкај ја да заепие седната, па легни ја. И ние сме така се со нишкање шетање ама среќа брзо заспива и седнувам, да заспие убаво па ја спуштам во креветче.
Тоа да. Во ред е се. Ете мајчиното млеко делова ко антибиотик некој тука ми рече, па сигурно затоа препорачуваат повеќе да се дои.
И јас ова ќе прашував..Прв пат 4 дена не е какана..Последниве 2 недели преку 1 ден какаше, а до тогаш секој ден. 4++ сме и на доење ексклузивно. Што да сменам во исхрана?
Здраво бебето е 5 м има момент кога мн му се затнува носето го чистам со пумпица ставам спрејче ама пак е затнат сега почнс и да кашла суво на лекар велат нема ништо на грло и гради сакам да прашам за инхалации од каде купувате за домашна употреба и дали мора да ми ги препише лекар
@mssuniquee @Lovebug01 што се не пробав. Јадев сливи, пиев компот од сливи, јадев круши, пиев сок од круши.. правев масажи на стомаче и преку ден и навечер за бањање, со ноџињата да вози точаче.. станав очајна на 7ми ден и пробав со топломер во газе, ништо, 9ти ден пак, нејзе ни да ја "такне" 10тиот ден се јавив на педијатар ми рече околу 100 мл чај од сладок анасон да давам во текот на денот измеѓу подои. Додека да го купам таа се искака. Сега еве пак, 5ти ден некакана, го купив чајот и земав ја да го пијам па ќе видиме... Инаку и на нет се изначитав, се препорачува храна со многу влакна ама имаше многу "гравчести" храни па поради страв од грчеви, им се турив на бананите. Претходно помагаа сливата и крушата што ги спомнав, сега веќе не
@mssuniquee @Lovebug01 @Bicka77 Девојки да пробате да пиете чај од ким. Цимерката моја исто ексклузивно дои, го пие чајот, малиот секој ден и се кака. Моето е на АД, кога имал ваков проблем водата за млекото сум ја правела со ким, му помагаше.
Белите звуци не и помагаат веќе.. Имам пробано полу заспана седнувам и ја нишкам, но залудно одма отвара очи и почнува со плачење ако не станам како за инает се заоѓа
Ти одговориле веќе. Home made. За малиот на 100ml вода ставам 5 зрнца ким, вријат 2 минути, уште 2 седат во вода и ги вадам. Така некако планирај и за тебе, секако поголема количина. На здравје и се надевам ќе вроди резултати
Мајки здраво, си имам мака со синчето, 3 недели има, преку ден ич не ми спие, се буди накај 6ипол, 7,7ипол кога како, ако врзе уште едно сонче докај 9 саат, и после преку ден дремките дали му се се на се 2 - 3 саати со интервали, кога 20 мин, кога 40 мин,кога саат, и така е буден се докај 5,6 попладне и нерва го фаќа веќе при крај на ден. Инаку го дојам и плус сме на АД, кажете чаре некое како да ми спие преку ден. Не знам кај терам веќе. Плус преку ден после саат од АД ,он се буди и пак бара цице. Исто кога е на цице, многу малце цица,макс 10 мин и заспива,и така се во круг И друга работа,на која возраст почнавте вашите новороденчиња да ги вадите надвор на пола саат прошетки?
Вчера видов во аптека чај од сладок анасон, камилица и маточина при што последново е као смирувачко за повеќе сон. Можеш да пробаш во прво време ти да го пиеш чајов штом доиш да видиш дали ќе има ефект. На прошетка мислам ја изнесов 2рата или 3тата недела.
Фала ти, само кажи ми чива марка е чајот?? Јас пијам слично нешто на ова чај, снаами од германија ми прати со анасон и некои други билки, се отрув од чајот по 4 макс на ден кесички се пијат, нејќе и нејќе да се смири. Не знам што да направам, не шшкам, не пеам ќе поспие 40 мин или саат,и пак јово на ново.
А навечер како ти спие? Кај нас е обратно, преку ден спие мука нема, а навечер пола саат 40 мин. и кенкање, цело време на цице бара да е, не сака сам да спие, итн....
На Бекутан беше чајот, околу 160 денари во Зегин. Пробај види можда ќе ти успее. Прашај и педијатар за од кога би можела директно на бебето да му даваш ако не ти успее преку цицањето.
Да не има заменето ден со ноќ? Да пробаш преку ден да биде цело време осветлена просторијата и да има некоја галама, а кога е време за спиење да се гасат сите светла и да биде пријатна тишина. Или некоја друга рутина да воведеш, приспивна само пред спиење, бањање само пред спиење и сл. Било што што ќе му помогне да распознае кога е време за убаво спиење..
Само осветли просторот преку ден многу исти бевме.. Навечер што е можно потемно пригушени светла најдобро.Бањање и јадење пред спање штом има потреба од ад не е најдено ад го давај пред спање и чајче водичка бидејки даваш и ад јас давав ама бевме од рагање на ад сепак затоа прашај педијатар.А за прошетка породена сум природно имав потреба и бев спремна уште на 5тиот ден го изнесов ми се погоди и времето.. Половина час прошетавме еве го сега напредува супер и спие од 23 00 до 8 9 изутрина сега сме 4м..