Сигурно е тоа, пробав со бањање навечер како рутина, ролетни имам кренати преку цел ден за светлина, навечер гасиме тв и сите светла, освен една мала ламбичка му свети, и џабе, не може да се научи.... не знам до кога е вака нормално да тераме, кога им се подопоравува биоритамот. Кај вас како е? Дека и вие сте на доење, како беше со спиењето на почеток, и сега после неколку месеци?
Моето релативно брзо почна да спие навечер и да ја преспива ноќта. Се сеќавам дека уште на првата контрола ја прашав педијатарката дали да ја будам за цицање. Тоа беше на некои 2 ипол недели. Од тогаш само еднаш има станато навечер да цица, мм закасни од работа тој ден, не успеа да си игра со неа пред спиење и некако ги поврзав тие две работи. Биди упорна, не знам што друго совет да ти дадам. А кај и да е ќе ме читаш и ја како се жалам од неспиење на бебе кога ќе влезе во некој појак скок
Регресија во спиење во 4 месец е уатвари 4ти скок или нешто сосем друго? На крај сме на 4 скок, и во последно време денски ич не ми преспива, одвај пола саат да поспие, а уморна е и и се спие а сака да си игра...
Навечер си спие, од што се преморува преку ден што не е спиен, и заспива накај 6,6ипол нелогаш 7 саат навечер,и после се буди за цицање. Инаку АД му давам навечер, мислев дека ќе може да врзе сонче повеќе саати навечер, да си спие, ама се буди за да ручка. Леле денес беше ужасен ден, се уби од врескање,плачење, неможев да го смирам, ми дремеше на цицка, по пола саат, ќе задреме на цице, таман да го ставам во креветчр пишти вришти, па сопругот спремај АД по 30мл да се смири после саат време, абре ужас, ниту го избањавме ниту ништо, и од 7 ипол заспа и еве го спие сега. Не знам што да правам, од што се премори, неможев да го смирам, ептен ми беше мака ептен. А инаку преку ден ми е на дневна светлина, а невечер со пригушено светло спие.
Леле исто и мојава ,еве го цел март ако е искакана 3-4 пати.На осум девет дена кака,и давам чајче од анасон и камилица па така некако ќе се искака.
Update мал да дадам. Вчера испив една шоља анасон, сабајле уште една. Отидов до продавница да купам ким, се враќам дома мм вика почна да мириса чудно пред некоја минута. Госпожа си завршила работа у сон
@mssuniquee @Bicka77 @azelea @Lovebug01 ја зашо цело време викам пијте чаеви како баба рада само тоа предлагам на сите и за грчеви , тегоби , какање . Ја се долевам буквално еве 2месеца чаеви пијам не сум прекината. Се кака секоа ден на секој подој и дење и ноќе и мака со грчеви речиси ич . Два дена некаде во 4 недела имаше малце така тегоби кенкаше и толку. Пробиотик давам од старт само на него почнав со Линекс па го завршив сега Ваја давам . Пијам бебешки за грчеви на Хумана (4+) (ким , камилица , сладок анасон , состав) што е тој 1чаша , сеа следно каков ќе најдам бебешки во аптека таков овој при крај е , Лакта микс пијам (1-2ч на ден) Камилица , Мајчина , Липа по нешто од овие пиам по една чаша секоа ден различно .
Терај вака секоа ден исто , денски светлина , прошетка надвор супер е времето веќе , звуци музика се најнормал дома , навечер одреди си време за капење пример кога ти одг и секоа вечер исто ако не го капиш па исто време за заспивање ќе почниш . Пример јас вака сум околу 8 го бањам , после бањање одма струја се мења , затемнувам го доам или така си леже го лулам зависи и за брзо заспива. Секоа ден исто прави , исто време ќе фатите ред , си сакаат рутина они . Најважно пази да не смене ден/ноќ , јас не го оставам да задремува после 19:00h , го задеваме играме некогаш и од 18:00h е буден , освен ако е кенкав па сам да дремне , зависи дента колку спиел , ама и тоа е кратко , обично долгите дремки му се наутро и после 12-13h , после тоа му се кратки. Коа ќе заспие навечер , 2-3 пати се буде за доење на околу 3часа отприлика , нормал некоаш има и на 1 саат 2 , ќе закенка па малку ќе цицне или ќе го залулам , цуцла паднала .. на 3ти 2 месеца ќе праве , речиси од старт сме вака.
4 месеци сме, до сега супер си какаше повеќе пати на ден, е сеа од ко прележавме ковид намали, дали има тоа врска незнам...Вчера се искака еднаш, еве денес не е. Пијам чај на хип за доилки цело време, има во него и ким...Не знам што да речам
Абе секој ден пијам и јас од овие чаеви,хумана,лакта микс,хип ама џабе ,а убаво си какаше секој ден до 1,5 месеци ,не знам што стана почна помалку да ми цица и многу се нервирам
Нема шанси поради ковид цревата така да му работат, фаза му е. Моето цел втори месец така го помина на 5 дена се какаше, многу е стресно бе секое отварање памперс се надевав на каки. Сега е добар секој ден си кака, трпение само.
3 месеци ми е бебче. Синоќа последно јадеше во 7 и заспа, ноќно спиење значи и се разбуди кај 5 сабајле. Дали е нормално пошо се будеше прво кај 1 па после кај 5, некако многу сврза синоќа.
Мајки има бебе атопичен дерматит од раѓање и никако да го смириме , ка и помине на недела две и пак ќе бувне , ни дадоа мустела селатопиа мачкам цело време ама сабајле пак и е воспалено 3+++ е бебе и ни рекоа следна вакцина ќе мора да одложат ако не и се смири кожата .... слично искуство и помош Ве молам
Јас мачкав со биодерма сос спрејот додек абеше активен дерматитот а во меѓувреме го бањав со исто биодерма атодерм интенсив лосион и купката маслена . И се повлече од тогаш р под контрол инаку беше цело тело воспалено. Едит и на нас ни одлижија една вакцина поради истото ама штом се смири одма го однесов и ја прими вакцината една една недела покасно
Да пробате со Linola Fett кремата? Јас ја имам користено како мала бидејќи сум имала проблеми со алергии и сува кожа секогаш ми помагала, а и ден денес ако се нафрлам алергиски ја мачкам и одма се смирува местото. Ова е мое мислење ама консултирајте се со доктор.