Ние напреднавме 1кг+ третиот месец. Супер е бебушка. Патронажната ми направи рецепт да изнајмам електрична пумпа од во апотека задвете страни да ми биде полесно да пумпам и рече ќе ти дојде уште повеќе млеко да продолжиш да пумпаш уште некои 2 месеци. Сега ќе одам да ја земам и ќе се пумпаме и да пробаме уште повеќе млеко да надојде.
Дали може и како бебче од 3 месеци да се одвикне од нишкање пред заспивање? Го легнувам на перница и на нозе и го нишкам, ама веќе е големко и сакам да заспива така само од себе т.е со мене да легнам јас до него и да си заспие. Може ли така од 3 месеци?
Сега ќе следат 4ти и 5ти скок и да го научиш сега без раце да заспива во скокот ќе плаче можеби па пак ќе го нишкаш за само да заспие таман ќе го навикнеш само да заспива и ќе дојде скокот .
Јас моите ги научив да заспиваат сами, влеговме во 4-ти скок и пак сме во раце по цел ден и ноќ Не се мачи за џабе почекај нека поминат скоковите
Кога велите бебињата ви сврзуваат сон цела вечер мислите на пр. заспива во 20 часот и само се буди на 4часа да пие млеко и повторно продолжува да спиедо 7-8часот сабајле? Од колку часот се смета нокно спиење а од колку денско? И по колку време ви се будни преку ден? Ние денес сме полни 2 месеци и секогаш ми заспива накај 22-23 часот некогаш дури и после полноќ,а будна може да остане не повеќе од 2-2.5 часа. И некоја феминка што ја има апликацијата заскокови ако може да ми каже дали сме моментално влезени во скок 2? термин и беше 05.02
Не количка, транспортер, ама ми порасна и не можеше да заспие во транспортер и после на нозе земав да го нишкам. Кога наполни два месеци и почнав така.
Немам место бе се ќе искршам хахаха, надвор вчера го возев пред зграда и си заспа во транспортер, знам дека заспиваат лесно во количка ама сакам едноставен начин за заспивање ж, а не со церемонии и триста чуда.
Бебче мое легнува во 8ч, прво будење за цицање му е во 1 после одма кома назад на мене заспива и и го враќам во креветче, до 5 спие така, еве денес до 7. Многу ми е паметен машала и јас сум одморена.
Јас го успивав во количка во корпа не во транспортер сега кога е време за спиење го легнувам во креветче или во дневна до мене и заспива Мора да ги пројдеш церемониите тоа е ја сум во 40м2 ама подобро некои денови да го возам него ли во раце
Samo kompot od suvi slivi, sekoj den po dva pati pij go kompotot i izedi gi slovite...jas vo 200ml voda stavav po 7-8 sivi slivi.
Па не можеш во раце, јас се откажав од тоа уште месец и пол кога имаше, го земав транспортерот, ама после и тука не ми спиеше и на нозе на перница го нишкам сега. Викаш ќе ми заспива без нишкање после кога ќе потпорасне малку?
Реално шансите се мали стварно сите викаат во раце не се учеле. Ама не знам од околина луѓе со деца тие што во раце ги нишкаа за успивање, после цело време им беа во раце. Дали ќе се научи не знам моево склет го фаќа кога го држиш се исправува целото бега од раце не сака. Сака на под, сака да се шири во количка креветче ... кога ќе стане во 5ипол сабајле му давам млеко го пуштам каучот во дневна и тука легнуваме заедно му раскажувам приказна и си заспива сам па и ја со него тераме цел саат.
Мамс беба моја еве скоро 2 месеци ќе направиме вчера заспа во 21:30, прво будење 5 часот па во 8, 9и30 се просвести погугавме и еве ја само си призаспива. Искрено незнам дали да се радувам навечер што спие или да се секирам Незнам дали да ја будам навечер за цицање, докторката вика нека спие штом не плаче не е гладна ама што знам Што мислите вие ?
Neka spie deteto. Ako ne spie pa kje se zhalish deka ne spie . Uzvivah i odmaraj i ti dodeka mozhesh.
Да. Кај мене денес ми стигна известување дека влегла во втор скок. Засега промени нема. Си спие,си цица, си гуга и смешка. Плачки и протести сеуште нема. Мојата заспива многу касно, и навечер веќе не станува да цица. Заради поголемата ќерка и бебе пред 23часот не е заспано, па секоја вечер фенот брмчи по цел саат за да заспие. Не сака бели звуци на телефон, само и само со фенот спие. И сеуште спие со мене, она од едната другата мома од другата страна, никако да се убедам да ја префрлам во креветче. И така големава не ми дава да ја гушкам, барем навечер да си надокнадам малку од малку