Моите двете спијат со мене,сега почнаа на глава да ми се качуваат,маваат со нозе Ќе почнам на земја да спијам
Моето беше на раце до 4месеци.. пробував јас, ставајќи на кревет и нишкајќи и ги нозете ама многу често и така на раце завршувавме. сама почна да не сака во раце и да нема ефект нишкањето
Моето изгледа е во први скок.Ниту можам да го заспијам , а кога ќе го запијам станува за 3 минути.Плакање до зајдување, уши ми пукна.Цице нудам ама бега во тие моменти како од игла.Давам капки,чепче , масажи со кремче и се правам ама ништо не помага.Ајде од ковидот и е, ајде грчеви се , ајде скок и е.До кога вака ќе издржам не знам.Не знае да седи мирна сама.Мислев големата е комплицирана и мачна ама ова . Утре ќе прави 40 дена.Навечер само кенка на 15 минути.Веќе ми се врти од премореност.Има ли некој да ми даде утеха .Сама не се издржува.На големото само му велам трај ќе го разбудиш, не ова не она, немам 5мин време да и посветам , многу ми е мака и тешко.
Моево 40 дена во недела, моментално е во првиот скок. Вака исто ко што опишуваш е две недели наназад, уште пред скокот. Всушност откако почна скокот е подобар. Мака со спиењето, никако освен во раце, а и тогаш само пола час врзува. Навечер по 40 мин најмногу. Дење помага прошетка. Денес е супер времето па малку повеќе време поминавме надвор, одма е друго дете. Еве дури и во креветче си лежи. Ако не сте биле денес на воздух извади го малку.
Те гушкам за утеха мами.Ќе помине.Јас мислев утре е петок инаку во петок прави 40дена.Само што се вративме од прошетка.Си глеткаше цел саат и на крај кога реков си одиме еве ја заспа.Дома само што стигнавме ококори очи
Најсмешен ми е мм во креветот на големата, со постелнина Фрозен, со се Упорно постилам а не ги одделувам од мене Мајки,нормална ли е течна водлеста кака кај бебе? Од прв ден и е таква, ко вода
Кога ја носев на преглед ради короната,мислеа од тоа и е таква, во извештајот прашалници изнаставале кога кажав од раѓање и е така. На големата пошо беше на комбинирано и беше некако “понормална”, ова мислиш вода сум и истурила во пелена.. И пробиотик пие и пак така.
Машкото почна да се пребртува од 3++ а девојчето сеуште не се превртува (она е малку по буцка од него не знам дали тоа има врска) 4+ сме сега. Мислам дека зависи од бебето секое различно
Моето е 4+ и знае да се преврти од меше на грб. Од грб на меше до сега не му успеало, заглавува странично и почнува да кенка .
Бебче мое се превртува од 2 месеци и 2 недели, ама само од грб на меше. Од меше на грб не знам кога пошто и едвај стои на меше не сака многу плаче.
мислев од стомак на грб им е полесно и е прво, а потоа од грб на стомак. оставај го на меше тогаш подолго, од нервоза дека не сака ќе се преврти на грб.
Абе го оставам ама се нервира се црвенее целиот. А кога е мрзелив ќе си легне со главата на една страна и тупаницата во уста и ќе си шмука и ќе си лежи.. Никако главата да ја дигне
Од стомак на грб почна да се превртува на 4 месеци точно, а обратно не се има превртено, 4 и пол месеци е.
Едно глупаво прашање Нистатин капките се пијат или го чистам со нив јазичето? Се даваат пред или после јадење? Логично ми е да ги давам после јадење ама да си прашам да ми кажете
Се чисти јазичето со нив. Ставаш од капките на стерилна газа, газата ја обвиваш околу прст и чистиш. После јадење, но не веднаш. Мене ми кажаа 3 пати на ден кога бебе имаше 2 месеци
Нас ни ги дадоа да ги пиеме...нема врска пред после јадење,само може да се повраќа или пролив да се направи од нив
Ние со нив го чистиме јазичето, како што пиша @Katerina94 , капнуваш на стерилна газа и обвиваш околу прстот и го чистиш јазичето. Јас секогаш тоа го правам пред цицање кога е гладна и одма нудам да цица, досега не ми повратила. А доста гаднички се на вкус.
@Saraaa9 Овој процес со чистење на јазичето и образите со газа,јас го правев само со газа наводената со превриена вода ама ние бевме многу мали и ајде натерај бебе од две недели да отвори уста или да испружи јазиче...ама на неколку пати успеавме..иначе на Детска клиника ни беше дадено да ги пиеме капките 7 дена,па имаше подобрување, па пак ни се врати па нова доза и следиот пат кога бевме на контрола ни рекоа само механичко чистење со газа и вода..матичната после ни препиша пак да пиеме ама не го зедов зошто ни се исчисти Иначе кај кандидата е многу важно ако доите да ги миете градите со вода или со раствор од сода и вода после секој подој или ако пиете од шише да стерилизирате или вриете после секој оброк бидејќи кандидата само ќе си ја подавате града дете и шише дете.