Мене сега педијатарот ми кажа да го чистам со газа...до сега неколку дена чистев со превриена вода со малку сода и имаше подобрување и сега не знам дали да продолжам така или да чистам со капките... инаку сме на АД шишиња секогаш се измиени и стерилизирани
Ако ти се отворени капките искористи ги бидејќи мислам дека од кога ќе се отворат само 7 дена треба да се користи тоа паковање...кога ќе му помине рокот продолжи си со сода и газа...и не очекувај резултати одма..ние таа кандида некаде месец и пол ја влечевме и после еден ден магично ја снема
Бебево (3 недели има) беше сабајле во двор со свекрва ми, некои 20 минути. И сега го гледам црвено на челото, линија се познава дури капчето кај што му било. Најверојатно многу на сонце го има држано. Да мачкам нешто? Што да правам? Се преплашив. Еве слика, не знам колку се познава.
Ова или вруќаници или има изгорено да не му го вадевте капчето? Што имаш од крема за лице за бебе хидрадантна намачкај
Којзнае што направила, не бев тука. И го оставив 20 мин да ставам ручек само и ете белја. Со мустела го мачкам.
Не се гледа на слика ама ако е изгорено од сонце се приметува жеже тоа само не знам што точно се става
Не жеже. Го фаќам на местово кај што е црвено и не плаче, не реагира никако. Ваљда ќе плачеше ако го боли. Аман веќе се исплашив многу.
Значи каква реткост е да прочиташ нешто позитивно дека свекрва направила... Се изнервирав кај што ја видов сликата со зацрвенето главче. @Skorpija25 А бебето како е вака, како се однесува? Нормално јаде, спие?
И мојата има вруќаници јас со еозин и ги мачкам а после од кога ќе и го измијам лиценцето со јекодерм ја мачкам ќе и се потсмири и пак и се појавуваат дури кај делот кај ушето како лишај и се познава
Леле јас не можам да го оставам на 1 минута само со свекрва, а не па 20минути на игли ќе одам и ќе седам, стрес левел максимум.
Кажете совет беба како да спие во креветче. Многу тешко заспива и штом ја спуштам во креветче како да знае дека е во креветче одма се буди. Првиот месец цело време беше така. Ќе заспие ќе ја ставам во креветче и секундарно се буди и се така во круг. Жива ненаспана бев додека не сфатив дека сака да спие до мене гушнато. Цела ноќ си ја преспива кај мене на рака гушнато. Јас сум наспана ама кога ќе станам вратот ми е укочен. Сама по себе никако не заспива само со нишкање. Некој да сподели искуство, да ми даде совет или некоја техника за да спие во креветче.
Моите на почеток не сакаа да спијат во креветче кога дојдовме од болница, исто плачеа штом ќе ги спуштам во него...на мм му текна дека уствари се плашат и затоа се будат...тогаш од кебе им направивме како гнезда и додека не наполнија дв месеци така си спиеа без проблем...сами инзаспиваа во нив...не знам дали ќе ти помогне ова но тоа е мое искуство
Јас го применувам советот на една феминка на затоплување на постелата пред легнување, со фен или кебе над јогата...всушност на бебето му е убаво топло со тебе а ладно во креветче затоа се буди...и кај нас или дува фен дури не падне во длабок сон или свири фен на телефон...веќе два и пол месеци е и си спие во креветче, еднаш насабајле обично го префрлам на спална ама не дека сака да се гушка туку веќе мачно ми е да станувам насекое