Мајки, бебе утре ми прави 4 недели. Уште од раѓање ја приметив дека со едното окце гледа настрана малку, не е тоа цело време, знае да се врти по звуци, ама на слики се приметува. Сите ми викаат мала била немало простор за грижа. Но јас сум загрижена. Некој со вакво искуство и дали волку мали би не примил некој офталмолог? Ако да, ако може препорака каде да ја однесеме.
Страбизам се дијагностицира помеѓу 1 и 4 години. Мало е . Не се секирај и да е тоа ништо страшно. Смирено само
Кај мојата голема ќерка беше така окцето ,мислам до годната ,а може и порано и се среди.Ништо не е страшно се јавува често кај бебенца.
Фала @Ava.84 , @Snowflake92 .Ќе следиме ситуација. Морав да слушнам и други мислења и искуства. Ако нешто има а не сме изреагирале на време , ќе имам ептен грижа на совест.
Се плашам веќе со повраќањево, и вчера вечер и сега сабајле, си поврати млекце, значи не бљуцкање туку повраќање, на педикатар вчера ми вика нема потреба да се плашам чим си качува на тежина, секоја недела е +300 грама, дали му сметаат капките, дали пробиотикот, не знам, ама вчера 2 саати не спиеше вечерта, буквално дремеме на града, цица малце па ќе заспие, ќе стане ќе поврати, пак бара да цица, и се така во круг.
Нормално ли е косата сама да му паѓа, сега го галев по главчето и му ја кревав косичкта нагоре и кога гледам во раката влакна, малце си направив филм да не има нешто.
Ништо не му е.Моите и двете повраќа-ат.Еве ја големата за некој месец 5 год.Ќе помина после 6-7месеци На големата и паѓаше така и беше како искубана на некои делови без коса на некои со коса.Нормално е
Исти сме веќе две вечери по ред ми кенка на секој 30/40мин веќе ја боли врат шо спие на рака. Ја тргам раката и ја гушкам, но ѓабе одма се буди. Од вечер ќе се бориме да спие сама до мене, не на рака па се надевам за неколку вечери дека ќе успееме
Истото и на нас ни се дешаваше. Бебе повраќаше два три пати дневно, бидејќи е на адаптирано, сменив три млека, мислев од млекото повраќа. Кога ги прекинав еспумисан капките, престана да повраќа. Така да може од капките за грчеви да ти повраќа, пробај смени ги.
До дека наполни 2 месеци исто беше. Сега со играчки ја анимирам и го фокусира погледот на нив, и веќе не и оди настрана окцето. Ептен бев и јас исплашена, но еве се среди. Немаат фокус и јасна слика на тоа што го гледаат дури се ептен мали.
Јас ја оставам да заспие цврсто на рака па после ја тргам раката. А ако заспијам и јас пред да и ја тргнам раката така ќе спие цела ноќ.
Пробувам и така, за 5 мин се буди купив голема перница па ќе пробам на неа да ја легнам до мене па ќе видам дали ќе успеам
Ако напредува не е проблем.Мојата исто повраќа оти е нон стоп на цице, само цица и повраќа.Еднаш чисто млекце еднаш како засирено.Сосема е нормално.Ништо не помага и да ја држам исправено пак бљуца.
Во 20:00 до 21:00 најкасно легнува станува сабајле во 04:30 или 05:00 за млеко и продолжува сам без нишкање до 08:30 или 09:00
Јас не би да ставам, зошто не дај боже може да го искине па да го лапне и задуши.Тоа се става демек за полесно да вади заби
Можеби има мака некоја дали стомаче или коски да го болат па да ти бара да цица па се прецицува и после повраќа.Не знам на колку време ти бара да цица ама ако бар адоста често гледај одложи го цицањето за пола саат до саат, чисто да видиш дали би имало разлика.
Ако напредува убаво не би требало да те загрижува, сигурно се прецицува и затоа да повраќа. И внучето памтам кога беше бебе ептен во млазови повраќаше.