Од кој пробиотик сте најзадоволни? Давав Биогаја досега ама сакам да го сменам. 4+++ сме и само на доење и откако прележавме ковид (не знам дали има тоа врска), бебе почна да кака на 2-3 дена. Каката и е жолто-зеленкаста, мириса на кисело и одвреме-навреме се како да ја боли мешето, плаче како да има грчеви. Не знам дали е ова нормално?? Инаку вака 90% од времето си е весела, си игра, не дава знаци дека нешто ја боли или дека има запек.
јас давав биогаја па сменив во ваја ради цената, не приметувам некоја разлика искрено, и двете ѝ беа ок. веќе некое време, како што повеќе мрдаше, не можев да ѝ ја додржам главата за да чекам капките да искапат, а со пипетата на ваја ми е полесно затоа што самата пипета има линија до каде треба да се наполни за да се добие точната доза и директно со едно стискање ѝ ја вбризгувам цела содржина во устето.
Јас на моите и давав биогаја и го заменив пред еден месец со ваја...претходно се случуваше да не какаат по 7 дена на АД сме, откако сменив највеќе не биле какани 3 дена...се случува некој ден и по два пати да какаат (дури и ми е чудно оти се навикнав да не какаат со денови) Каката ни е со боја на сенф...
Не знам искрено ама не сакам да ризикувам а педијатар не ми текнало да прашам. Ај ако не заборавам утре, па ќе пишам што ми кажале.
Од старт. Мене патронажната ми кажа, да не беше она, тука ќе разберев и само ќе куцнев на вибер на педијатарот да потврди.
не ти кажаа уште во систина? мене на испис баш биогаја ми рекоа да земам и да ѝ давам уште од прв ден дома и јас секако нарачав да ми купат тоа што ми кажале, ама за наредно си зедов ваја дека тука беше доста фален и ми се најде попрактичен.
Никој не ми спомна таму, барем на испис не, за претходно кој знае, може и да не сум запамтила. Битно, кога отидов на првата контрола кажав дека сум почнала да давам, рече убаво си направила.
Јас Д витаминот би го дала пак. (бидејќи е важен). За 10 минути нема шанси да се ресорбирал... За грчеви ако даваш симетикон може и од нив да ти повраќа... Испробај, обиди се да приметиш...
Не му требаат ланчиња на бебето, не му ставај такви работи, опасно е. Д витамин не би дала пак, не може да знаете колку се апспрбирале, може да е преголема дозата. @thelittle17 Д витамин не давај непосредно пред пиење млеко. Нека испие млеко, нека помине некое време, па после. Додека не се среди ситуацијата со повраќањето.
Давам Еспумисан да, ама он секако си повраќа, пробав еден ден без нив, ама не џабе, пак си поврати, значи не е до нив. А за Д витаминот не знаев што е паметно да правам, дали да дадам пак и оставив така. @0ли не знам веќе памет немам со тоа повраќање, и многу се нервирам, или ќе поврати или ќе бљуцне, шанса нема така са остане, многу лакомо цица и се прејадува, не знае за доста, не знам што друго може да е..
Те молам кажи ми како ги даваш еспумисан капките? Во лажичка со капнато млеко, во шише со АД, те молам кажи ми???? Да знам како да ги давам