Најверојатно се прејадува и затоа повраќа, го враќа вишокот. Не е страшно, многу бебиња така прават Го држиш исправено да ждригне после цицање?
Во лажиче давам, по 20 капки пред или после цицање, на 6 часа. Не давам на секое цицање, така ми кажа педијатарот. И не мора со млеко да ги мешаш. Види во упатсвото, ако го имаш. @0ли да, го држам, ама не сака секогаш да ждригне, кога како, знам дека и поубаво е за него да ждригне, го држиме и по пола саат така исправен, некогаш има позитивен исход, некогаш не.
Нежно тапкај го така исправено ако видиш дека не ждригнува. Инаку, за Д кога давав капки директно во уста, ортопедот ми рече на пример на страна на устата ако ми капне па макар и една капка, да не давам плус уште една бидејќи не се знае, може да ја лижне, па да добие повеќе од тоа што треба. Гледај давај кога малку му е сварено млекото, а да не е пред јадење за да не го исповрати.
јас после бањање/пред цицање пред ноќно спиење. на почетокот давав околу пладне, па се мачевме неколку дена со грчеви или гасови и пробав да давам навечер пред спиење да не ѝ помогне, немаше некоја разлика ама ни прејде во рутина вечерново давање пробиотик. д витамин и омега давам сабајле кога ќе стане после прво мењање пелена/пред прво цицање во денот, пробиотикот ни е врзан со вечерната рутина и така знам дека нема шанси некој ден да заборавам да ѝ дадам нешто. на почетокот кога давав околу пладне бев изгубена, не се сеќавав дали сум ѝ дала пробиотик.
Фала ти Оли, мислам дека триста работи пробав, ама такво си е бебето сега за сега си повраќа, битно добро беше напреднато, за една недела 310 грама, затоа и педијатарот ни рече дека не е ништо страшно ова со повраќањето чим си напредува. Аспираторче за носе, можам да користам кај бебе од 20 дена? Имам на Исомар. Има многу мрсулчиња, и сакам да му ги исчистам. И уште ова, имаше некоја апликација кај што се означуваше нешто колку пелени си сменил, или дали си дал капки, нешто така беше, ако му текнува на некој како се викаше апп? Ќе ја тагнам @Milkiway мислам дека тебе те читав за ваква некоја апп, или може да грешам.
Повраќа од најаденост, не е гладно и си напредува. Океј си е, нека си тера. Нормално е да има мрсулчиња. Ако се бели, не се течни, не мора со аспиратор, сепак може и беља да се направи ако се влече. Или стави физиолошки и ќе си ги голтне или внимателно полека со чепкалка натопена со физиолошки фати ги ако се видливи. Може и да кивне, па да излезат во носето. Се чисти, мало е и нормално е да има. Може и да му крчи носето, не е ништо страшно.
Бели му се и суви, од млекцето што го повраќа низ нос некогаш. Имам физиолошки раствор како пумпица, на Исомар исто, ќе му шприцнам од тоа, иначе до сега чистев со чепкалка.
Сега GLOW ја користам супер е имаш таму тракер за пелени, а и бидејќи доиш можеш да си мериш подој,која града, пумпање и многу други работи. И baby tracker е слична исто добро функционира. GLOW ми одговара дека заедно со мм ја користиме и внесуваме податоци па да не се препрашуваме кога пиело млеко или какало кога еден од нас е отсутен. И двајцата имаме засебен акаунт.
@thelittle17 јас на почетокот капнував физиолошки/солен раствор за носе што ѝ ги омекнуваше засушените мрсулчиња и обично ќе кивнеше и ќе ѝ дојдеа на работ на ноздрвите па ќе ги тргнев со беби чепкалка. од месец дена негде почнав да го користам тоа од кое јас шмукам. сега на секое бањање и ги притискам ноздрвите и од пареата што ѝ се омекнати лесно излегуваат како да ѝ го дувам носето. од апп, јас ја користам Baby+ за следење подои, пелени и колку спие.
Тогаш јас Д то би го давала измеѓу доења. За да не го повраќа. Макар што еспумисанот може да му надразнува црева да знаеш... И за 1 ден нема да се смири. Пробај 2-3 дена не давај, ќе видиш дали ќе повраќа. Јас така би направила...
Јас би пробала со други... Ионака препишуваат што се навикнати, не дека друго... Јас почнав еспумисан, гас, колиеф и на крај со колипрев продолживме и најзадоволна сум. Ем грчевите, столицата е ок и мешето не е подуено.
Пред секое доење во лажичка ставам, па доењето. Околу 790 се, зегин ги нема сигурно. Бети или плусфарма аптеки колку што знам.
Би ти ја препорачала апликацијата Baby Daybook, може да се внесуваат податоци преку различни профили.