На 5+++ можам ли во хранилка да го седнувам на 90 степени? Антоние на 4 м ми рече да го ставам на 60 а во количка на 45 за сам да се исправа ама он веќе се исправа и во хранилка ако го врзам и горе не ми седи на 60 сака да се исправи? Како правите?
На 90 он спомна никогаш не се ставаат валда добро го разбрав. Мене ми седи на 60 дури јадеме. После го одврзувам горниот дел само доле ми е врзан и на 45 го ставам па се исправа. За хранилка зборам ама исто и во количка
На 4м. баш како што објасни 45 со 60, а веќе од 5м. натака на 80 и се така до 8м. Овие насоки ни ги даде нас ортопедот.
Мене од ремедика Марина ми пишала на 5м на 60, од 6 на 90. Ортопед прашав на преглед во 4ти месец ми рече да ја ставам да седи од 6м. Хранилката уште ми е малку навалена Едит: во количка ми е на 90 веќе
Јас не го ставам во хранилка ама сам се фаќа и се крева и така седи пак на 90 му доаѓа ако ми е врзан само доле, Антоние на 4м баш ми рече така да се вежба сам ама до кога да се вежба незнам. А во количка на 45 го ставаш така?
На 90 не треба да го ставаш ти никогаш ни во хранилка ни во количка. Сам нека се исправува до 90 додека јаде, врзи го само долу, кај рамењата остави слободно за да може да се исправува. Моето има 11 месеци и не сум го седнувала на 90, сам седнува исправен. И во количка и во хранилка.
Да да исто кога е во хранилка врзан доле се исправа сам до 90 и го оставам така И во количка ми е исто на 45 и пробува нанапред да се крева ама уште не знае како да се влече
Така правам, но во количка на 45 кога е се нервира па мислев да не треба веќе да го ставам на едно ниво повисоко ама па штом сам незнае од лежење на седне се мислев да не не треба, Фала вии
Да не ти е многу легната? Ние така ја имавме поставено почна да се буни. Меревме споредувавме со хранилка испадна дека на пониско сме го возеле од 45ст. Дека на количкава нема обележано туку позади каиши стегнуваш-отпушташ. Откако го подисправив на точно сега е добар не плаче. Се уште не знае нанапред да се тегне да ја дофати рачката ама пробува бар не плаче сега кога се возиме
што значи кога си ги чешаат ушите? ги мачи нешто или онака си ги дрпаат дека им се интересни? 2+++ е и веќе недела дена го прави ова
Ние сме 4+ можам во количка на 45 степени да го ставам? Дури за месец дена сме на ортопед, а цело време го мислам ова, зашо во релаксатор и транспортер е на 45 би требало да е ок у во количка на 45, така?
Во транспортер и новороденче се става нели, но не ги ставаме да седат во количка. Сепак не е иста положбата на телото во транспортер и во количка. Инаку, мислам дека може да го ставаш на 45 додека се шетате, а ако заспие, ќе си го спуштиш седиштето.
За паметно не знам. Ја дадов на возраст од 2 недели. Почнав пред ноќното спиење само да давам (превенција од СИДС), така терав една недела, после почнав и преку ден. 2 ипол месеци се поминати од тогаш, немаме проблем со цицање за сега. Секако, секое бебе своја приказна...
Замисли мојава нескака за жива глава ни цуцла па сега почна и од шишето да се гади можеш да пробаш да му дадеш слободно види дали ќе сака
Пробавме денес низ дома во количката чудно му е но и интересно Јас не го врзав со каишите а тој многу мрда па се лизгаше со газето надолу хахха толку колку за проба
Обавезно со каиши. Ортопедот ми рече долу да го врзам, не и кај рамењата за да може да се исправува и да вежба.