За две недели планирам да идам на пат со бебка,ќе има полни 3 месеци тогаш дали можам да ја стаам во кола во транспортер да патува или морам во корпата од количката?
исклучиво во транспортер свртен обратно од правецот на возење. корпата со постолјето од количката во гепек за кога ќе стигнете таму да ја шетате.
Лелеее колку се нервирам.. на малата трепките од долниот дел на окото и се подвртеле нагоре и во окото и се. И солзи постојано. Ми рече матичната со физиолошки на газа и да и го бришам окцето, ама нема промена. Нонстоп и е насолзено окото. Понеделник ке ја носам да ја види, ама незнам како ке и помогне. Кога ке го повлечам обравчето од под окото надоле и се одлепуваат од окото и пак и се враќаат. Некој со слична ситуација?
Женски бебево има 5 недели и од вчера има малку потечна столица. На доење е. Да го носам кај матичен или нема потреба? Си цица исто како претходно, само што повеќе се грчи и плаче откако ќе се нацица и потешко се смирува.
Моево бебе плаче, дури помодрува кога го пресоблекуваме и е секој ден се полошо и полошо, денес остана без воздух, се извадивме од памет. Со маж ми не знаеме што да правиме веќе, пробуваме со зборување, пеење, со паузи, со смешки, со се, не сака и не сака. Не знам веќе за кого е поголема траума пресоблекувањето, за нас или за него. Некој совет, нешто, било што...?
Време...истиот случај,уште некогаш зајдува од плачење ама се подобрува со тек на време...првите недели константно двајца го пресоблекувавме еден никако...ни помагаше а и уште ни помага едниот да го преслекува другиот со фен да го дува,да го топли,да го занимава
Мојата многу плаче кога ја облекуваме после бањање едно време со играчи се лажеше сега почна и со тоа да не се лаже и најново ни е да гропаме со лажица и чинија (глупаво е знам) ама само така се смее и можам убаво да ја облечам п.с тројца ја облекуваме
@doubleinfinity и @Saraaa9 фала ви најмногу за советите. Сабајлево имавме успешно пресоблекување со фен, дали беше само збунет, па ни дозволи, ќе видиме сега на следно пресоблекување. Ќе се пробаат и лажиците
Не ме бендиса ич. До сега фала богу не ми требал. Ама чуден е. На средина на чело една температура, малку лево да премериш друга температура, погоре трета температура. Сум споредувала со живин горе доле е точен ама да вратам време пре- би земала бесконтактен малку да мрдне бебе одма погрешно дава.
Фала ти, да знам да не го земам. За тие пари ќе земам на Микролајф, секако позитивни коментари имаше за нив.
Кога е втората вакцина тука? @dunika Ние имаме контрола на 11мај и бебче ќе биде четири месеци, па ме интересира што следи на таа контрола да се спремам.
И со микролајф мора да ти седи мирно бебе за да измери точно. Малку да мрдне може и до цел степен да ти утне.
Мајки дали знаете во јане сандански до колку часот може да се вакцинира бебе.Конкретно дитепер вакцина треба да примиме.Дали попладне вакцинираат или само од сабајле
Како да заспива во транспортер ?! Ја спуштам,врзувам и тргнуваме. Не заспива, плаче многу Секогаш тргнуваме некаде кога е нацицана и време за дремка. Сака на цицка да дреме во кола дури не заспие убаво,па тогаш да ја спуштам.. Пред некој ден до Скопје,3 пати ја презаспивав со цицање! Многу ми е страв така да ја држам во раце додека се движи колата ..