Тие што давате Д3+Омега во една капсула, од кога почнавте? Како да ми кажаа од 3ти месец, ама сега читам на упатствава, Д3+К1 пишува до крај на 3ти месец а Д3+Омега од почеток на 4ти месец. А се мислам педијатар и ортопед рекоа од почеток на 3ти да престанеме со К1. Конкретно ги гледам упатствата на Dr Leo Baby ама очекувам независно од брендот, да е исто и со другите.
Тогаш се,на 4 мес. Стандард мерење колку е напреднато(тежина,должина,обем на главче),рефлекси,може ке напипа колкови,две вакцини,и инфо со препораки за почнување на дохрана(цврста храна).
Земи трансппртерот дома, заспиј ја и стави ја, па пренеси во кола. Кога ќе се разбуди во кола застани за да доиш и кога убаво ќе се успие ќе ја префрлиш.
Охооо може од втори не се секавам баш дека сме на ад ми ги прекинаа д3+к1 и одма ми рекоа овие да ги земам сеа дополтилено и само д3
Ех до скоро на иста мака. Кога ќе требаше да тргнеме само тоа во памет ми беше како ли ќе се одвозиме до негде. Од вртелешката и ги откачив плишаните играчиња и ги закачив на трансортерот ја ставав дома во него секоја прилика. Дали 5 дали 10 минути колку да се навикнува. Еве сега кога одиме негде се ѕвери во висечките и ѕверејки заспива.
Е тоа не пишав, само на доење е моето. За на АД имам разберено и јас дека на некои уште од старт им го тргаат К1.
јас давам бејбитол д3+к1 и посебно омега, неделева ќе ми завршат таман пред да наполни 3м и имам купено д3+омега за веднаш после тоа. матичната ја немам прашано, знам од педијатарот од систина кога ни кажа да даваме д3+к1 ја имав прашано до кога, рече 3 месеци.
Ние сме малку на доење повеќе на ад, д3+к1 и д3+омега давав од сам старт откако не пуштија од болница,а на контрола на месец дена педијатарот ми рече да ги прекинам д3+к1 и да продолжам само со д3+омега истото ми го потврди и сега на контрола пред некој ден. Иначе 2++ сме
И јас така памтам дека ми кажаа таму, а така и друг педијатар и ортопед ама упатствово ме замисли. Утре секако треба да ја носам на мерење рано сабајле па ќе прашам, таман за после да и купам и дадам веднаш. Фала ви на одговорите девојки!
[/SPOILER]вакво ѝ стана ушето од чешање до сега ја мачкав со веледа за лице од невен секоја вечер после бањање и секое сабајле ама очигледно не помага. кажете некоја друга. [/QUOTE] Ми личи на себореа, ние имаме на веѓите. Се исчисти со кантарионово масло за неколку дена. Ми се случило неколку пати да и сменам пелена тукушто искакана, и тогаш се повлажни каките, претпоставувам дека памперсот ја нема впиено водата. Ако нема драстична промена, или ако бојата не е сменета, не верувам дека има проблем. Сепак, консултација со лекар. @thelittle17 за чистењето на носе, јас аспиратор користам уште од 10 дена, биди внимателна само и нема да имате проблем никаков. Го користам практично секој ден, само гледај да смукаш силно и предходно обавезно солен раствор или капење за да омекнат мрсулчињата.
се нема искакано веќе една недела, до сега максимум што не била какана било два цели дена и на прсти се броеја деновите без какана пелена. знам може до недела дена или две бебиња на доење да не се искакаат, ама бидејќи ова не е вообичено за неа, кажете што се пиеше од слива (компот или сок и се вареа свежи или суви сливи)? пиев чај од анасон и јадев круши и други храни што протеруваат, но безуспешно.
Пробај да испиеш чај од Ким. Целата кесичка од 10гр со 300мл вода. Инаку компот од сливи пиев јас некој купечки и јадев суви сливи, не ми успеа.
јас па со прстофат ставам зрна ким во мала количина вода (околу 100мл) и пијам таква водичка секој ден од кога беше 3 недели ради гасови. вака да го сварам како чај цела ќесичка немам пробано. ќе пробам и тоа.
Пробал ли некој да даде цуцла лажалка curaprox? Ваква Чикото никако не ја сака, ќе пробам со уште една и таа ми фати око. Таква медицинска ко од Ремедика не успеав да најдам, не знам дали обичните на аавент се слични по форма?
Од авент ни приближно не се како тие од ремедика, големи се и многу тврди, не знам кое бебенце би фатило таква цуцла, џабе пари фрлени, се излажав и јас купив мислејќи дека се слични.