Таква од авент и јас земав ама не ја сака ја плука освен оние обичните на авент еве ваш овие ги имам истите лесни се и само нив ги цуца
За обичните потврдувам и јас, многу лесни цуцли. Моето имаше ultra soft. Сега земав некои други на авент (не е ultra soft/air) и малку се заебав, лигите се лепат за долниот дел и цело време е влажно под уста и испукува кожичка. Или ќе се вратам на софт или ќе ги земам овие ноќниве за брзо.
Пробај ги ние од прв ден кога дојдовме дома сме со овие дури и истата шара ја купувам цело време хахах зашо само такви има тука во зегин кај мене
Истиот проблем го имаме и ние 5 месеци сме. Читав дека тоа со фокусот го имало секое бебе но после 3 месец се средувало. Сега ме загрижува што веќе сме 5 месец а сеуште му шетаат очињата. Најмногу е изразено кога сака да фокусира нешто или кога е на отворено. Исто така постојано сака да гледа во светло. Некој што има слично искуство, и кај кој со тек на време исчезнало.
Фала ти, баш за обичните се интересирав. Ако не се јави некој со искуство од курапрокс ќе пробам таква. Само за заспивање давате цуцли? Мене за тоа ми е, зашто заспива на мене и се буди кога ќе го оставам. Некако ич нејќам да се навикне на цуцла и да ја бара нон-стоп.
Јас да, само за заспивање. Кога е будна не ги погледнува не и ги ни нудам. Ги сака само бибс, тие закосените како сечени што се не ги прифати ни една. А овие мечињата на филипс, џабе пари и ние. Колку се тешки само, тоа чудо...
Можно ли е од што почнаа да пробуваат вкусови да им се смени бојата на каката? Сенф боја со зелени конци
Син ми беше така додека не почна да внесува храна - значи до 6 месеци. знаеше и по 5 - 7 дена да не кака, а притоа никаков проблем не покажуваше, нити гасови, нити подуеност во стомакот. Педијатарката ми рече дека целото млеко го примал и поради тоа не исфрлал, а притоа мочкаше без проблем.
Ние сме стари 20 дена и денес буквално цел ден сме ококорени и кенкави, заплакува од време на време онака баш силно ама сама се смирува, се стега по малку ама и си прднува и си кака често, од 12 немаше заспиено, само во раце кога ја држам ке дремне некоја минутка а ја спуштам у кревет одма ва ваа ва, даваме д3 и к1 и биогаја, само на ад сме и редовно си пие на дваипол до три часа, што може да и е бутур
Смени и ја биогајата. Кај мое бебе ептен изразени беа грчевите додека ја користевме. Сега пие Ваја и нема проблем.
Денес баш слушав некој вебинар за грижа за новороденче. Докторката кажуваше за бебиња што пијат ад, а имаат проблем со грчеви да се даваат капки ензим лактаза. Тој помагал полесно да се свари лактозата од млекото. Во мајчиното го имало ама во адот не. Но ова секако со консултација со педијатар
Каде го слушаше вебинарот? Линк дали имаш, би сакала да го слушам и јас. Инаку и ако е доење во прашање истото се случува. Зошто ензимот недостига кај новороденчето, не е баш врзано дали е ад или мајчино...