Знам маци, него многу комерцијала маваат и ме нервира. Реално пример со биогаја отекоа, а сите сме увиделе дека не е баш некој вау пробиотик.... Колиефот нас пример ни го дадоа, ама не делуваше...па сама почнав да истражувам и барам друга лактаза и среќа Колипрев се погоди, а и попрактичен ми е.
Слуз во столица од што може да се јави? Потечна столица има бебе неколку дена веќе и многу се грчи, бојата е потемно жолта. И помалку кака за разлика од претходно. Се јавив кај матичен, ми рече да му давам диа стоп капки и оризова вода. Му давам и капки и вода и еве од вчера и слуз забележав во столицата. Не сакам да му ѕвонам пак, ако има некоја со слично искуство да сподели.
Нене, овие Д3 со К1 се даваат 8 ден од раѓање, @Chanell* кажа дека сега и рекле тие со плус Д3 и омега, значи по две капсули со Д3 во ден. Прочитав дека на АД ти е бебка, затоа не и треба К1 витамин, имаш во АД, затоа ти ги кажале од одма да ги даваш овие со омега. И нас така ни кажаа на педијатат, според тежината требало да внесува повеќе Д3 капки.
Од недостиг на ензим е тоа. Се "лупи" цревната слузница од ферментираното млеко....земи колипрев само давај му и пробиотикот што го даваш.
@Leksikon ,може ли колактаза замена за колипрев? Многу поевтини ми се ,а и добро ми се покажаа,мада бебе нема нешто многу изразени грчеви,само не кака редовно.
Па ако ви одговараат што да не Кај нас со јаки грчеви само колипревот помогна. А и 15 мл е така да поефтин е дупло од колиф Давај и пробиотик чим со кака имате мака
кој пробиотик би го препорачала за мака со кака? се мислам сега и до тоа да не е кај моето. на ваја сме моментално.
Имате проблем со ваја? Ние се препородивме со неа... Никогаш всушност не ни имавме проблем со запек,знаевме некогаш по два дена да не одиме ама со вајава одиме редовно најмалку еднаш на ден...Претходно провен користевме не беа лоши
не знам искрено, мислам дека е ок, не гледам никаква разлика од претходно што користевме биогаја, ама не можам да сфатам од каде некакањево последнава недела, па да знам ако некому некој друг пробиотик му помогнал.
Океј ми е...и јас го купувам. И реколот е океј. Јас од пробиотици само од биогаја не сум задоволна...
Колку пати во ден треба да кака бебе од 1 месец? Првите недела две повеќе пати на ден, сега почна по 2 пати а некогаш и еднаш, и се мачи многу пред да се искака. А каката и е нормална, сенф жолта. Исто така гледам омега и д3 капките сите ги давате покасно, а нас на првата контрола Симонида ни рече да давам капки омега, а педијатарот кај што ја носам на мерење ми препорача да ги земам омега со д3 подобри биле, тогаш имаше нецели 2 недели. Да не почнав многу рано, има ли штета?
Јас на синчето Дз со К1,почнав од 8 ден да му давам, а Д3 со Омега,почнав еден месец кога направи по препорака на педијатар, и сега тераме со двете, Д3 и К1,плус Д3 и омега.
и мене уште при испиа од болница ми ги дадоа а бебушите си имаа редовна кака, им се смена кога променивме ад
Јас од сам старт кога не пуштија од болница му давам пробиотик рекол бимбо, и ок си е, а за грчеви колиеф и еспумисан капки му давам, и ок си сега за сега.
Моето од кога е родено кака по еднаш на ден, ама многу обилно. Битно е што ти кака и што и е сенф боја.