Заборавив да кажам дека комбинираме ад и мајчино. На педијатар имам спомнато и се ми вика битно е да мочка, а со тоа немаме проблем. Ваљда ок сме , сакав искуства да видам
Posledniov mesec mn.slabo napreduvame. Eve 2te posledni nedeli samo po 90 gr. Samo na doenje sme i imavme mn teski periodi so cicanjeto ama ajde se izdrzuvam samo da cica. Ne mozam nekako da se resam za AD. Imam dovolno mleko,sega si cica ubavo,polni peleni i kakanje ok a nema napreduvanje. Ne mozam da utvrdam od sto,bi ve zamolila za nekoj sovet .
Зголеми малку протеини во твојата исхрана. Тоа што ги "поправа" бебињата се протеините од мајчиното млеко. И давај ензим обавезно бидејќи ако твојата исхрана е во ред, тогаш апсорпцијата на протеини кај бебето е намалена можеби поради оштетени цревни реси. Тоа е кај бебињата, влегува млеко, треба да се разградат сложените шеќери на прости, се користи глукозата и протеините од млекото, останатото се исфрла.
@Leksikon Според ортопедот каде што го носам, не треба да се носи во кенгур толку мало бидејќи не му е стабилна главата, а може незгодно да стапнеш одејќи. Мене некако секогаш ми било страв да го носам така, не знам зошто. Пораат се осеќам со количка, иако сигурно кенгур е практична работа во одредени ситуации како бебе да ставиш во него и да слезеш со количка по скали за да го шеташ и сл. И така да виси ми е чудно, ќе се секирам да не го набива нешто, да не му е неудобно итн. Вака со количка сум ептен раат.
Јас кенгур само земав и тоа најефтин, за во случаи кога бебе знае да вреска на сред возење во количка и бара да го земам, ставам кенгур за да дојдам до дома, исклучиво таа му е намената И стои во корпа од количка толку
Лично зедов ергономски и доста скап кенгур и воопшто не жалам за парите. Го искористив ептен. Пред да купам се информирам доста. Во марама може од раѓање да се носи, додека во кенгур од 2-3 месеца. Најдобро е да се носи со лице срема тебе, со седло кое пружи потпора од колено до колено и колкот на бебето да прави положба на М буквата. Напред свртено не препорачуваат ортопедите се додека бебе само не седне. Лично јас не сум го носела напред свртено, некако мислам дека нема да му е удобно, па плус и машко бебе така да не е стегнато. Сској производител на еегономски кенгури нуди разни положби и начини на носење. Како и да одлучиш нема да згрешиш со кенгур. Колку само сум џогирала со него сум шетала на места недостапни за количка, а пак за пазарување и маркети ехее
Да и јас сакам затоа да земам, искористена работа е ептен знам. Затоа и се распрашувам што како, моето е 1 месец, да можеше од одма ќе го ставав сега, ама ќе почекаме уште месец дена. Ако можеш прати некои модели на кенгури, од твое искуство.
Не сум користела, ама кога прашав ми рекоа може. А знам и другарка го утепа со малото, баш како што имаат во коментар спомнато ергономски...така да планирам да го позајмам за да видам како, па ако ми одговара ќе купам и јас. Инаку има места каде што е практично да го носиш во кенгур како што кажа и ти, а и од количка качи-симни ми е смачено
Па има , ама искрено сега да го шеташ за таа работа ич не ти советувам! Како и да е буквално секое дете до 4 ти месец има недостаток...кое помалку, кое повеќе. Штета нема да направиш, само корист.
Исто и јас сум на мисла да ги сменам ,да пробам со други,земав на Линекс па ќе видиме како ќе се покажат.
Јас може не сум во право, ама имам впечаток дека брзо се заситува организмот од еден пробиотик и треба да се сменуваат. Дури имам пробано и без, разлика апсолутно кај нас нема никаква...
Овие се сите ергономски. Лично го имам последниот, а другите два ги имам сретнато кај блиски. Е сега незнам каде живееш и дали ќе ти бидат достапни. Сите се прилагодливи од мало па до поголемо дете.
Јас го имам ова од integrababy, навистина не се воопшто евтини, ама вреди секој денар. Од новородено, до 3 години се користи. Има и во мк сега, видов некоја онлајн продавница, ама какви се поим немам. @thelittle17 Ако не ти се даваат многу пари, можеш слинг да си земеш, гледав во Ело има евтини.
Мајки, совет кажете што може да се направи за да се спречи икање? Беба после јадење знае да ика и тоа многу долго.. Сум пробала да и дадам да цица малце за да се смири, но не отвора уста..Хелп???
Јас ја оставам да си изика, дека ако и дадев да цицне ќе голтнеше воздух па за 5 минути пак икање. На полеток можда по 5-6 пати во денот икаше, и многу ми беше жал, ама се навикнав. На бебињата не им пречи толку икањето колку на родителите
Нормално е на скоро два месеци уште да кака 5-6 пати на ден? Нормално изгледа каката. И друго - зглобовите малку му крцкаат се осеќа благ клик ори движење некогаш. Ехо на колкчиња имаме наредна недела, што да очекувам во ваков случај? Веројатно му треба повеќе вит д? Забележав дека ако го легнам за пресоблекување или спиење веднаш по доење обавезно почнува да ика. Сега го држам подолго исправен пред легнување, бар 10 мин, па поретко е икањето.