Што убаво ме потсети на табелава.Си ја имав во тел пред 4 год и си ја следев, сега пак си ја скриншотирав и ќе си ја пратам.
Женски ќерка ми е 3 месеци и една недела, на доење сме, до сеа пиеше на бејби тол д3 +к1. Сега и имам земено на пливит д3, по колку капки треба да и давам?
бејбитол д3 е 400ие, а една капка пливит 200ие, такашто ако ортопедот ти кажал дека таа доза од 400ие како што си давала до сега е во ред, тогаш треба по 2 капки пливит да даваш.
Ортопед треба да ти каже, немој на своја рака. Ние дававме по 5 капки пливит по препорака на педијатар, кога го однесовме на детска клиника му испитаа D3. Испадна дека е на горна граница и одма намалија на 2 капки. Потоа го однесовме на ортопед и тој потврди дека треба 2 капки да прима.
Жени, како е кај вас кога ги бањате бебињата? Моево го бањам секој ден и си сака ужива во вода, секој пат на времето знае и се радува. Ама кога ја соблекам се плаши секогаш и кога ќе ја извадам од вода, кога ја облекувам многу плаче. Зошто може да биде?
Исто и моево, во вода сака многу, иако се држи за нас со рачето, како да му е страв, и после таман ќе се опушти и завршило бањањето А за облекување после тоа да не збориме, плаче не можеш да го смириш, само голо да е така сака.
Во упатството на пливит пишува по 2 капки, така и ке и давам. Инаку бевме на ортопед, ама јас бев избезумена од погрешна дијагноза што ни даде педијатарот, и на тоа се фокусирав. Мож и да ми кажал ортопедот, а да не сум запазила од што бев загрижена.
Денес бев кај патронажната и бебче супер напредува 8200кг ги тера Машала ама е доста висок исто не го измери за висина ама се гледа дека е висок. Ја прашав за цврста храна, ми рече да чекам да наполни 5 месеци иначе ако почнам порано ќе го боли стомак и може да е немирен навечер. Кога почнувам прво со зеленчук па после со овошје и тоа да кувам само со вода, не формула. ми рече можеш и за 3 недели да почнеш твое е да одлучиш. Имам следен термин 11ти мај па ќе видиме до тогаш ќе се мислам кога да му почнам вкусови.
Мами, до кога ви се тресеа бебињата?? Моево цело време се штрекс во сон и се тресе а еве за 5 дена медец ќе праиме
Охоо до 3 месеци имаше моро рефлекс. Ќе потрае тоа, јас го повивав до 3 месеци, им се чини дека паѓаат.