Дали би му сметало на бебе Ленор омекшивач? Ги исправ постелнините, и ептен мириса, а знаете дека е малце појак, сега веќе спие, ама не знам дали би му сметало во дишење? Земав ги извадив и ги тргнав, ама уште мириса во соба, и седам со отворена врата да излуфтирам, и се мислам дали му смета мирисов, го надгледувам..
Мајки, малиот ми е 25 дена и се нафрли цел на лице како ситни црвени точки. Некој совет со што да го мачкам за да помине?
Абе ништо нема да му се случи во моментов, и не верувам дека ќе покаже дека му смета мирисот, гледај да одбегнуваш во иднина, зошто во долгорочна практика за никој не е пожелно дишење на толку хемија не пак за бебе
Tоа се беби акни, се чисти од твоите хормони. Ќе поминат. Мачкај со кремче само не го оставај суво лицето. Јас мачкав со бепантен се исчисти за 1 недела.
Се согласувам. Најголемата грешка што ја направив е што ги послушав дека сами од себе ќе си поминат, да не мачкам ништо за да не ги дозатнеме порите на кожата, и кутро бебе му се исуши лиценцето и уште толку се нафрли. Кога ѝ го миев лицето како корнишонче да миев, гребеше почнав после миење да ја мачкам со Mustela-stelatopia за два дена ите како подобрување имаше
Да и мене педијатарот ми рече да не ја оставам сува кожата дека е поподложна на бактерии така. Не се третираат со ништо посебно,кремче што си користи за лице е доволно. Ќерка ми беше цела нафрлана на образите,челото и вратот, изгледаше страшно како воспалено. За неколку дена црвенилото се повлече, а акните се повлекоа за 1 недела, 10на дена, така нешто беше.
Кај нас многу подолго траеја искрено, веројатно затоа што не ги чепкавме. Се појавија околу втората недела, траеја до сега, веќе во седма недела сме. Значи горе-долу еден месец. Кога видов подобрување ми падна камен, дека само полошо и полошо изгледаше...
Исто и ние, не третиравме со кремче често и затоа изгледа подолго се задржаа. А како поминаа тие ни се појави теменицата. Па и таа досадна не се чисти лесно и еве на 5 месеци уште има по некое жолтило низ главчето.
Леле и теменица башка, дека имаме коса цела глава ѝ е плус веѓите и зад ушите... викаш до 5 ти? Со што третираше?
Само со масло бебешко 1 саат пред бањање мачкав. И после бањање чешлав со четка во кружни движења прво да се одлепат малку па после со чешелчето собирав. Едит: сега пријателка една ми рече таа дека мачкала јекодерм па на ум сум да пробам и тоа. Сакав и шампонче да земам за теменица но овде немаме такво а не иде некој од мк за брзо време да ми донесе. Ќе ја тагнам @Inana123 таа исто имаше бебенце со густо косиче па да ни каже дали се исчисти.
Пишав и во темата детска козметика но не добив одговор. Дали да купам Биодерма или уриаж за бебе со сува кожа? Како да му се лупи кожичето, му се обновува..
Ах мајки ние бевме на први вакцини.Прими малата превенар13, рота и шестовалентна.Ова плакање нејно живот ни скрати мислам. Сега си викам ма сите од пораѓај се плашиме , а пораѓајот е ништо во споредба со вакцината.Мене работите нив што ги боли ми се поболни од мене нешто што ме боли. Инаку прашав за ротата дали морам после еден саат да ја доам .Докторот рече дека тоа е застарено и според новото може одма да се дои.Ама после вакво плакање малата не ни побара да цица .
Ставај масло било какво пред бањање, откако ќе се избања чешлај и намачкај со лосионот што го ставаш на телото, ние вака правевме со три бањања скроз се исчисти
Здраво мамички,на малава и давав Нан1 оптипро ама маж ми денес купил нан1 комфорд...знае ли некоја да ми каже која е разликата и дали е ок вака да се мења млекото,фала ви
Мајки ние уште некој ден и полниме 3 месеци,знам дека е рано ама приметувам дека едното окце и гледа навнатре. Вака кога ја гледам не приметувам баш разлика ама на слика се приметува дека и "забегува" едното. Треба ли да ја однесам на преглед или нема место за паника Секако на следна контрола после празницивеќе го прашам педијатарот ама чекам и ваше мислење
Денес бебе полни 3месеци и наеднаш многу смени во понашање. Не сака да спие, гуга и “пее” цеееел ден, се тегне неќе ни да цица по многу, само и само да не ја прекинам во гугање. Од 4 прееска дури сега во 9 ми заспа, во овие 5 часа две дремки по едвај 15мин имаше. Е сеа, друго да прашам Кога бевме на контрола кај ортопед пред некој ден ми покажуваше какви вежби со рачињата да и правам, да ги шири,да и ги вкрстам па да и ги фатам и нежно повлечам,за да она ја држи самостално главата. Ама,на бебе ептен и се засвиѓа вежбата и одвај чека да ја фатам за да се поткрене, баш онака во полуседечка позиција доаѓа. Нели,не ја оставам подолго од некоја секунда така,ама пак ми е страв.. мало е сепак. Правите такви вежби вие, се бунтуваат за да се поткренат и вашите?
И јас исто мислев за малата. И си закажав во Систина преглед, не се сеќавам кај кој лекар беше пред 3ипол години. Испадна за џабе сум се грижела. Ми објасни дека носната коска не и е развиена и се создава оптичка варка дека едното окце забегува. Како ќе се формира коската тоа ќе исчезне. И така и беше. Се надевам нема да има ништо ни кај вас.
Isti sme i nie,shtom ke ja dignam taka so racinjata ne saka nazad I mene mi beshe strav i cudno no samite deca si pokazuvaat na shto se spremni. Nie pred nekoj den napravivme 4 i bash deneska na pregled ja prashav Dr i mi rece moze da ja stavam po malku da poseduva na 45 stepeni.