Јас ставав од самото раѓање по препорака на педијатар, требаше да го тргнам на 3 месеци но го носеше до 4+++ бидејќи немаше слободен термин кај ортопедот. Ставав се до контролата, матичната рече да не и' го вадам без ехо да се направи.
Zdravo majko Neznam dali e za tuka prasanjeto. Dali ne krsteno bebe moze da se banja so crveno jajce? I ako da , koga se banja vo cetvtok ili sanota ? Blagodaram
Мајки малку сум загрижена и имам неколку прашања. Беба е 11 недели во последно време цица на 3 - 4 саати по 10 мин највеќе 15. Ако и ја дадам во меѓувреме плаче вришти не сака никако да фати, а кога цица едвај ја фаќа и морам некако да ја начекам кога е занесена или заспана. Да напоменам дека си спие навечер 6-7 саати без да се разбуди за цицање. Вака до сега си напредува ок, но забележувам дека столиците и се на неколку дена а во еден ден 4 памперси максимум и тоа не се полни. Се мислам дали и е доволно тоа што го цица? И се грижам за млекото не би сакала да се намали количината, дали е можно тоа ? Извинете на долгиот пост.
слично како @Snowflake92, порано на нозете Мои, сО глава подигнатА, а сега главата на РАКА, телото пружено на скуТ, по кревет. страв ми Е уште скроз легнат да го хранам. Има 4 месеЦИ
Бебче ми е 4 месеци и до сега пие само чај од анасон, сакам да прашам од кога може вакви овошни чајчиња да пие? Не сме почнати сеуште со вкусови рано ми изгледа, планирам после 5 месеци.
Моево бебе има 3 месеци и сега се научи легнат на кревет да јаде, во раце ако е успан или ако е ептен гладен, некогаш легнат на грб на мене јаде, зависи како е расположен, секогаш различно.
Јас го мачкав моево со еозин. Така ми кажаа во болница. Му се повлекоа за од прилика две недели. Само ако мачкаш пази да не е близу очињата. И на ќерка ми и ставав и на син ми сега му ставам широк повој до 6 месеци. Еве денес бевме на ортопед, се беше во ред ама да се продолжи ми кажа со широко повивање до наредна контрола на 6 месеци.
Мајки ќе ве молам за совет.Син ми има 6месеци,До сега на сите прегледи(педијатар,ортопед)е супер.Вчера на редовен преглед кај педијатар докрорката ни кажа дека едниот тестис не е во кесичката и дека можно е да шета(да проверимее на бањање дали е таму)А доколку не е можно е да се кила.Ни го препорача Зоран Трајковски од Систина па закажавме да го видо на ехо.Додека да стигне прегледот неможам да издржам па некој со слично искуство мн би ме смирило.Како е можно до сега на секој преглед тестисите да му се суппер и сега наеднаш ова??? Извинете на долгиот пост.
Доцнам со одговор да таа е, кај нас покажа ептен ефект уште ја користиме секој ден пред спиење после бањање многу му е убаво лиценцето
Според нашава докторка до 1 година можело да се повлечат (или да се изместат -не знам кој точно збор го употреби) и дека не било страшно. Нашево е 1 месец ама ја прашуваме постојано пошо имаме фамилијарна крипторхизам и баш тоа кажа, дека ако на раѓање се спуштени и на право место не значи дека ќе останат и дека затоа на секој преглед ќе го прегледува. Го кажа како нешто не страшно...така да претпоставувам дека и не е. Иако немам баш искуство исто се надевам ова малку ке те смири до прегледот.
Јас не ставав,ама кога бевме на контрола на 3месеци кај ортопед ми кажа да ставам пошо не и се развиени колчињата како што треба, и земав пеленка за широк повој па ќе ставам во наредните 3 месеци до наредна контрола.
Ајде совет, ме прашуваат што да ми купат за бебе како поголем поклон, релаксатор, џампер, летна количка... не знам дајте предлози што би ми требало понатаму за бебе? Сега моментално е 6 недели само, и за понатака не знам што би ми било најпотребно, па барам совет. Кенгур и хранилка отпаѓа, зошто имаме. Ќе ве тагнам вас женски, некако сте ми секогаш со идеи и совети тука. @0ли @Jana06
Температура на бебе мерена ректално 37.5 висока ли е? Дома ни е 26 степени а беше облечена на долги. На стомакот и грбот е топла сега ја ја расоблеков. Ама плаче некое време веќе.
Од оние подлоги за лежење, baby gym или како и да е. Ќе си се радува на играчките, ќе учи да лежи на меше, има едни плус со пијано кај што се ноџињата...
Ректално е 5 степени помалце, значи има 37, нормална е за бебе, плуа дома топло ти е, расоблечи го, јас ова знам од пред 2 недели истово ми се случи.
Да да, ректално и 2-3 мин и мери веќе, сврти и гледај како се движи живата, кога ќе престане ќе приметиш и сама, ако мериш под мишка тогаш 5 мин, јас така знам, имам читано по упатства, пази ректално не му мери многу често, сега следен пат под мишка мери, зборам да не е често на саат два, така ми кажуваше матичната, расоблечи ја и нека помине некое време, па мери и пак, колкаво е бебето?
@thelittle17 Ние имаме 8 недели и подлогата како пијано што е, максимално е искористена уште сега. Бебе многу ја сака и лежи по пола саат сигурно и се занимава. Релаксаторот па ич не го сака. Сепак зависи од дете до дете, но мене ова пијаново ептен ми е корисно.