https://lococroco.com/бебешка-подлога-со-пијано Некое друго имаме ние, но вака изгледа отприлика, различни се играчките само.
И ние имаме ваква подлога со пијано и навистина е максимално искористена,во неа лежи и по саат време без проблем. Ја оставам и мир у куќа
@thelittle17 Потврдувам и јас за подлогата со пијаното 30 мин до саат ќе си раат, а бебето среќно и изиграно. Ја видов во Jumbo ја има, доста поефтина од другиве места. Со оглед на тоа дека сакаат да ти купат поголем поклон побарај летна количка, пијаното можеш ти да го купиш. Многу користат и релаксатор, моево не го прифати ич и затоа не можам да ти го препорачам. Едит: Ако немаш вртелешка за над креветче и тоа е топ, кога беше помало така си заспиваше, прво ќе ја изнаигра па кома, максимално ја искористивме. Сега е 5м. и веќе не му е интересна. Многу ретко по 20 мин. таман да завршам нешто. Ама подобро од ич.
Само моето изгледа ич не го сака ѓабе го земав, дали три пати е искористено. Не знам дали се плаши но вришти кога ја ставам на него
Кај мене обратно приказната пијаното малце го поигра и толку ама затоа на релаксаторот 6ти месец маста му ја извадивме се е до бебе син ми секогаш сака да е што поисправен, станат, седнат и затоа во релаксатор му одговара како голем да седи
Секое дете различно, најубаво и двете работи да ги сакаат, ама ај да не претерувам и јас добро е и само едното што го сака.
И моето на почетокот не го прифати, ама ја упорна - стави го он за 5 мин. плаче и го вадам, па после наредниот ден ги гледа мечињата па за 10 мин. се кара со нив, врска, плаче, па јас пак вади го, и се така едно 2 недели може беше додека не се му стана интересно. Но бев многу упорна, до него седев, ги пеев цело време песничките што свиреа, му ги кажував боите и си покажа интерес. Многу ми значеа тие 30 мин. до саат во денот кога си играше со пијаното. Пробај биди поупорна, ете кај мене се исплати.
Не ми излезе известување дека си ме тагнала, најверојатно отпосле си го додала тој дел, па така мислам дека не излегува во известувања. Не знам какво креветче имаш, но ако е дрвено, може игрална да побараш, може седиште за кола кое ќе ти треба откако ќе го надрасне транспортерот, а и летна количка е фин подарок. Од кога сакаш да го возиш во летна? Џампер не, не ти се потребни такви помагала, на земја ставај го да си се развива самото без дубак, џампер, проодувалка или какво и да е друго помагало.
Да, отпосле ве тагнав со @Jana06 И јас не сакам такви помагала, ама ме прашаа самите, ми прееложија, креветче имам дрвено, какви се тие игрални? Зафаќаат многу простор? Се мислев и за релсксатор, ама некако не знам дали ќе го сака.. летна количка може откако ќе почне да седи, тоа е 5-6 месеци мислам.. се мислам се уште, што како...
@thelittle17 може од оние подлогите за играње како голем тепих или коцки, игрална, кош за играње...Или кенгур може да ти земат, мене ми е преискористена работа...Може седиште за во кола, баланс-точак, не мора да е нешто за новороденче...
Сега и јас прочитав. Јас едно време бев загреана за летна количка ама не купив и оваа супер ми врши работа. Ако сепак се одлучиш, има летни колички кои се спуштаат скроз во легната позиција ама може нозете да висат, треба да разгледаш убаво. Седиште за во кола секако ќе ти треба, може и најпаметно е тоа. Релаксаторот ние доста го користевме ама ризик е да, може да не го сака, а мене ептен ми се наоѓаше кога бев сама. Игрална би можело ако е мирно бебенце и ако не е лепенка за тебе, инаку нема да седи, ќе сака нонстоп до тебе да е. Јас од таа причина не му земав. Џампер му земав зашто кога почна да се исправа не сакаше да легне/седне никаде, нонстоп исправен беше и не можев ни до вц да одам, ни ручек да направам. Го оставав максимум 15-20мин дневно во него од страв од искривување на стапалата што значи многу неискористена работа е, најмногу е помош за мајката. Јас сум за седиште
Игралните се како креветче монтажно или како квадрати. За летна количка, мој совет е прво да ја извозиш таа што ја имаш, види ако има недостатоци некои што би сакала да ги нема, па после одбери летна за мерак.
Ја пуштам климата на 30 едно пола саат пред бањање, ама во самата соба не верувам да достигнува до 30.