Joy ние секој ден го чистиме носето со солени капки и аспираторче, некогаш и два пати на ден (наутро и пред спиење). Јас гледам дури и секој ден барем еднаш да го изнесам надвор за постепено да се навикнува на студот. Не сакам да е затворен цело време дома. Гледам и јас да го влажнам воздухот ама и ние имаме мрсулчиња и крчиме. Мене дури ми личи дека имаме и шлајмче иако докториве велат дека е чист.
Па за солени капки не е проблем ке земам и ке видам дали има промени.Ама мислам дека нема мрсулчиња затоа што не и тече а и кога кива ништо не излегува од него.Инаку и јас имам страв да не е шлајм во прашање па да не дај боже се спушти на плуќа.Ама и нам ни рекоа дека нема ништо.
Па кај нас не се како водичка, јас му го затнувам едното носе па после другото за да видам како диши, и ако малку ми поткрчува ги омекнувам со капките и вадам. Инаку се суви и не излегуваат.
Ставај и солени капки. Јас лани скоро цел февруари и март кога беше 2-3 месеци и ставав секое утео и секоја вечер. Малечки и се ноздрите и од греењето, прашина и невидливи "бактерии", многу лесно се суши. Доволно е сосема малку да има во носето и одма крчат. Не се грижи. И во навлажнувачот земи од Зегин етерично масло на база на еукалиптос и ставај по неколку капки внатре, кај мојата имаше разлика.
Joy, стави физиолошки раствор и почекај може ќе се растече, ако не, може така си крчи, оти мало е, околу 2 месеци сте, ама не е на одмет одвреме/навреме даи ве преслушува педијатар. Инаку и кај нас нема фајде од навл.за воздух. Ние бевме надвор од зграда до кола и обратно па ако тогаш настинала. Вчера ја изнесов на сонце ама топло беше. Планирам и деновиве оти не чини да ги затвараме дома. Да нема ветер и да не е под 10 ст. Да не заборавам, докторката ми рече фиџиолошки по потреба да се става , не секој ден оти носната флора ќе се поремети и лошо ќе реагира и на најмала промена.
Кај нас варира 22-25 степени. А како ги облекувате за по дома? Ние сме стари 2 месеци и една недела и ја облекувам во боди со долги ракави и целосни шпихозни и елече , некогаш ставам и чорапчиња,.
И кај нас е истата темепратура (околу 23-24степени) и ја облекувам со боди на кратки ракави и одозгора памучни тренерки и обавезно чорапчиња. Ама ние сме веќе големи дууурии 6 месеци имаме. КОга беше помала (околу 2-3 месеци) и облекував и ѕиврички и обавезно чорапчиња (вака сега кога ќе подразмислам можеби и топло да и било ) . Мислам дека чорапчиња треба да и облекуваш.
Мами κаκо да патувам со мало бебе месец и 2 недели на подолга ρелација,до Битола патот со κола е 2 и пол саати во тρанспоρтеρ смее до 2 саати во седиште не смееме мал е,κаκо сте патувале вие на подолга ρелација ?поздρавче
Јас три часа ја возев во транспортер без проблем а имасе само три недели.правевме пауза само за цицање.
Mami da ve prasam nesto. Majka mi mi dade nekolku tegli kompot od praski i slivi no stavila vo sekoja tegla po otprilika 2 lazici secer. Sakam da u dadam no ne znam poradi secerot. Treba da i gi izblendam za dorucek. Moze da me posivetuvate da i gi dadam ili ne?
Мамички можно ли е бебето да има течна столица од температура што имав вчера и пиев парацетамол, и една чаша исцеден лимон?
@wtff Нормална е течната столица, претпоставувам на доење сте. Избегнувај цитрусни овошја заради пеленски осип!
И ние исто патувавме на 40 дена и немаше проблем. Една, па и две кратки паузи се доволно. Сепак не е голема релацијата. Помало бебе полесно за патување. П.С: На 5 месеци патувавме 1600 км во еден правец. Со мнооогу паузи.
Мамички веќе 2-3 недели во исто време, односно навечер од 17часот до 22-23 часот бебето ми е многу вознемирено. Наеднаш плаче, пишти на цел глас. Не знам дали се работи за грчеви или нешто друго?? Дали грчеви се јавуваат во исто време или нема правило? И давам од тие капките за грчеви, малку чај од нане, но ништо не помага. Секоја вечер едно исто. Што би можело да биде, дали имате идеа?
Ја грејам со фен тогаш се смирува. Штом исклучиме повторно исто. Што би можела да и ставам за подолго да ја грее?
Термофорче...нас највеќе тоа ни помагаше, со него заспиваше и и држеше топло барем 3 часа, таман колку да и поминат грчевите.
Ако имаш седиште за во кола тие се од 0 до 36 месеци. Седиштето се става обратно од седечката положба, односно со подолгиот дел легнат на седиштето (обично има сликовито прикажано на самото седиште. И ние го носевме малиот на гости кај двете баби, а тоа е по отприлика 2 саати возење од кај нас, од кога направи 40 дена до сега (скоро 3 месеци) и тоа неколку пати. Бебињата сакаат да се возат, нив тоа не им претставува проблем. Најголемиот дел од патот ќе го преспие.