Доено бебе се толерира и до една недела да не се искака, немој да го мачиш со топломерот. Има бебиња си какаат на 2, 3 дена и тоа е сосема нормално.
Фала ти премногу... Прво бебе ми е како ми кажуваат така правам. Тогаш не ја мачам кога ќе си појди тогаш
Кај мене цело време кака преку неколку дена. Кога на 2/3, кога на недела, ете сеа 8ми ден нема какано. До 10 дена може да не кака.
Искрено не знаев за ова... Кога дојде патронажната ми рече стимулација тогаш да не си го мачам детето без потреба Фала ти
Не го мачи џабе, ако се стимулира често, може да се навикне така и после без стимулација да не ти кака. А секако доено бебче нема запек, имаат потечна столица. И јас на почетокот многу бев загрижена за какањето, сеа после 3 месеци се навикнав дека таков му е организмот...
Мајки не знаев каде да го поставам прашањево, па ајде вие како најискуни ќе ми кажете дали користете бебе гнездо и каде може да се најде убаво. Со првото дете немав си спиеше денски во корпата од количката, ама со ова ми е мерак да купам. Но не сакам само да ми се трупаат непотребни работи по дома, и онака со мало дете веќе имаме еден куп џгарци низ соба.
Ако купуваш, гледај да не е полнето и меко таму каде што се лежи. Сепак треба нели на потврдо и рамно да лежи. Ѕирни ги тие од Енци Менци.
Ги гледав тие од мерино чоис, некако најрамни ми личеа, ама пак имаат како подлога за лежење. Ај ќе видам и во Енци Менци. Фала.
И јас немав за бебе 1, па за второво си купив и многу убава работа е, детето секогаш на чисто и на свое си лежи, си го носам од соба в соба, дури и релаксатор не користам како гнездово. Зедов од https://instagram.com/elo_designmk?igshid=10h42f9df3spy, а убави ми беа и од локо кроко на кика бу гнездата.
Јас го имам тоа од Енци Менци на три другара околу 2800 беше. Задоволна сум, само кога го исправ прв пат едвај ги облеков навлаките. И не е баш многу тврдо како што треба за бебе. Сунѓер му е подлогата. Искористена работа, кога одев кај родителите го носев со мене и во него спиеше бебе. По дома преку ден го ставав во дневна и на него лежеше. Не дека мора да го имаш ама знам многу жени на кои бебињата им спијат нонстоп во него.
Мајки, беба е скоро 3 месеци. На колку време треба да ја дојам? На 3 ипол 4 саати дали е ок? По 10 минути максимум 15 мин цица. Ако и ја дадам пред тоа плаче, не сака. Дали е доволно?
Ние до четврти месец многу го користевме. Многу практична и корисна работа. Можеш да го местиш бебето каде сакаш а сепак ќе си биде на чисто, безбедно и во негово мало катче.
Што да правам не знам веќе, во креветче се бута во оградиците ја бута главата додека не се осеќа сигурно, или не знам, ги извадив оградиците и така зема ја тресна главата сега, не знам што да правам со оградициве, сам си се мести како сака, кажете совет...
И јас си купив за второто бебе. Од машнички за деца го земав. Не е како класичните гнезда, туку малку поголемо. Не ми спие на него, затоа што преку ден спие само во корпата од количката, но си лежи кога е буден. Мое мислење дека не е нешто најнеопходна работа.
Не се твои мисли, реално е да се задуши ако не се добро наместени. Јас ги пикав внатре целосно, од страната што допира до ѕид ставив јорган. Значи да нема луфт меѓу душек и оградица.
Малава не фаќа ниедна лажливка, само сака прсте во уста Која лажливка ја фаќаат бебињата што се само на доење? Ни мам ни чико ни авент ниедна не сака,се гади од нив