Ako ja cesa da si prasas doktor. Mojata ima vrukenici ama ne ja cesaat i generalno niso posebno ne mackam toa sto regular i se stava sekoj den
Моментално се соочуваме ние со тој проблем, поточно веке скоро цел месец малата имаше проблем, црвенило на свивките на гушичката. Првин го прашав педијатарот ми кажа само да го држам суво местото, да не е влажно и да ставам пудра бебешка. Но не поминуваше. После ја однесов во болница да ја види, ми кажа да не ја бањам со купка а само со вода, да е убаво исушено и да мачкам крема за осип на Мустела. И тоа непомогна. И накрај еден пријател кој работи во аптека ми кажа да и ставам прашок Банеоцин, и конечно и помина. Значи мојата изгледа е имала и некаква бактерија, или габички зафането од што е било, важно цело време вратчето на свивките од што е буцка и се спуруваше, и еве веќе 1-2 дена ставаме Банеоцин прашок и и помина.
Може е глупо прашањево, ама може како реакција на вакцина зелено да кака? Веќе цел месец кака некогаш зелено, некогаш жолто, ама вчера ги примивме двете вакцини на 2 месеци што се и од тогаш нон стоп зелено кака и тоа посветло зелено.
Исто и мојата вчера ги прими вакцините и цел ден какаше првин нормално како златна боја после тоа како зелнкасто мислам дека е реакција од нив
Мајки бебчево ми е 3ипол месеци, пред два дена ми имаше покачено температура и многу се омалакса, а не кашлаше киваше носот не и течеше. Ни дадоа сируп цефалексин врз основа црвено грло. Сега гледам некое време во спиење и поткашлува. А рацете цело време во уста и се и течат лиги нонстоп и цело време нешто си збори си вика си гуга. Дали може од ова да е црвено грлото? И дали да ја носам пак на доктор?
Од рачињата не е сигурно, од 3 месец па се до 2 години им се ноон стоп во уста и тоа е најнормално. Некое вирувче? Требеа да и земат брис од грло и да испитаат дали е нешто бактерија, вирус или обична настинка. А и да е, често не даваат ништо плус да се пие.
Цица? Пошо цел месец е долг период за реакција, обично од ротата имаат реакција таква и проливче ама ако цица можно е да е од храна што ти ја јадеш, ако е од вештачко немам искуство ама сум слушнала дека ако смрди ептен дека не му одговара, ако е ептееен пак зелено можнп да е глад.
Цица. Еве вчера и денес нормално си кака. Значи претходниве два дена од вакцината какаше зелено. Инаку изминатиов месец какаше зелено, не секој ден, ама може пола месец. Периодично какаше некогаш зелено, некогаш жолто. Гладно претпоставувам не е, зошто редовно полни пелени и весел е, не плаче.
Здраво да му направам обичен физолошки раствор во инхалатор на бебе 6м.. Сакам да прашам дали е тоа истиот раствор што се стават во носето или има посебни за во инхалатор бидејки моментално имам од тој за носето дома а нема од каде да купам сега
Можно ли е да не ја осеќам малата кога се буди ноќе? Значи штрепнувам а она си леже си брмчи,не плаче.Морам да ја лулам да заспие па да фати да цица,некогаш не сака.Ќе ја оставам и за пола саат пак се буди.И тоа прво се размрдуваше сега одма у секунда ги отвара очите и нејќе цице. Оваа е вака 3 дена. А претходно ќе се размрдаше,ја кревам,шо убаво ќе се нацица и продолжува.Многу ретко се расонуваше. Преморена сум и ненаспиена,дали може толку да не ја осетам или нешто друго е?
Зависи колку ќе издржи бебе.Само со физиолошки е доволно 2,5мл, а ако треба да го мешаш со нешто не знам.
Зошто ја лулаш да презаспие? Исто беше и со мојот кога бевме во 4-от скок на 2-3 пати се будеше, ќе си брмчи, нозете тогаш почна да ги крева, па го буткаше кебенцето и си презаспиваше сам за пола час некаде. Кога ќе видов дека е буден, мижев демек спијам, па зиркам да видам што прави, оно де мене ме гледа де татко му, и си презаспиваше. Пробај така нешто. Чим е мирна не ја чепкај, може само се дорасонува кога ќе те види и тебе будна.
Не презаспива..сум пробала.Си се дере се провика Незнам зошто се буди толку често,а нејќе цице,освен полузаспана.Како може да не ја осетам?Многу е напорно,цела вечер Треба некаде во 5ти скок да е веќе.
Во 5 скок е и мојот. Досега нема промена, а на пола скок сме. Не ја осеќаш дека си преморена. Чим не ти бара цице, ниту плаче за да ја земеш, нека си збори. Ми се чини дека тебе повеќе те загрижува тоа што не можеш да ја осетиш кога се буди.