Па овој од 15та недела до 19та некаде, се смета од терминот на раѓање, ама некои бебиња порано минуваат низ скок, некои покасно, стриктно по недели и денови не следам ни јас, приметувам по бебето.. Може кај вас од претходниот да останало така со спиењето, кај нас остана така со цицањето, ама ќе се среди... И за спиењето кај нас откако е родено заспива по саат ипол, а спие 15 мин. Такво си е детето, ако ја лулам некигаш сврзе саат време, некогаш ни тоа не помага. Ете од 4ипол ми станува на пола саат, сеа мм ја лула да спие. Ако ја оставиме така се лути и плаче, ни наспано, ни ненаспано е
Бебиња и нив не им е лесно. Може така си останало од предхониот скок. Ќе почекаме, ќе се среди се со трк на време, се надевам. Само сила да имаме ние па ќе издржуваме. Јас гледам штом покаже знаци за спиење да ја успивам за да не се премори оти после е тешко Или како што цица по пола саат и повеќе си дремнува за време на цицањето малку собира сила. А како сте со цицање на колку време цица? И друго приметив многу се поти последниве 2 дена кога цица. А облечена е исто како и предходно што беше. Нешто слично да не сте приметиле?
Ај да прашам и овде.. 6м и 12 дена е од 4 плус имаме 1 оброк бидејќи не е на доење сега од 6 почнав со втор првите денови се океј сега почна со запек одкако јаде ика утрово бев кај матична вика давај по помалку ама не го прекинувај.. Што да направам да престане запеекот давам сок од слива не помага прво е тешко какање со плачење па после неколку мин пак и тоа му е нормално во тоа не се приметува запек
Dali osven pampersot stavate i sirok povoj i od kolku peleni se sostoi? Moeto bebe ima dve i pol nedeli i se rodi 3 kg i 100 gra pa mi e uste nekako malecko i jas i stavam zasega samo pampers premium care 1
На 2 саати и давам. Како аларм е, штом поминат 2 саати бара, плаче, и земе 2 пати повлече и почне да плаче и така се местиме лево/десно, во раце- на кревет.. во последно време цица, јас над неа висам на раце и нозе како крава, а таа си лежи на кревет и си држи цицето како шише да е, па и текне плукне ја, па почнр да плаче и да ја бара... Абе грб, врат, половина.. се ми е здрвено само за да јаде, од шише и дадам ја џвака цуцлата, и ако и отиде капка млекце во устето, не го голта, го плука . И 90% си е кенкава, ни е наспиено, ни најадено како што треба. Единствено кога го види татко и, се смее и му гука, мене не ме поднесува изгледа
За позиве цицачки ме фати смеа Ноќеска и јас така го дојам бебе и мм се буди ми вика што си му се качила на детето неможе да дише, му викам да ти ја дадам цицката па ти дој го
Jas stavam zatoa sto karlicno bese so nozete preku glava i da fatat forma ama otkako se sredi papoceto pred toa samo pampers previtkab za da ne go pokriva papokot. Inaku 1 tetra i 1 svedska taka mi rekoa. Tebe ti rekle da stavas ili onaka si sakas?
Јас и давам почесто да цица ама сега кога не сака се врти на обратна страна и се поткрева малку се тегли и влече..абе борба па плаче.. А кога зацица за 5 или 10мин престанува.. не знам порано убаво си цицаше по пола сат и си беше најадена а сега а.. инаку за спиењето и мојата секое утро во 5 и 15 е како аларм ококорена на и си гуга.. Па после 2часа да заспие пак веднаш нема шанси да продолжи, а преку ден борба со плачки да сврзе 1 час некогаш повеќе некогаш помалку.. инаку и мојата е сега повеќе по татко и цело време му се смешка го чека кога ќе го види мрда и со раце и со нозе..а многу е кењкава никако не сака кога е будна ќе си седи смирена некое време и после цел ден кењка и приплачува.. А дали вашите сега убаво држат играчки во раче? Мојава уште не, го зема држи ама веднаш го пушта
Исто и ја откако и падна папучето и ставам широк повој,памперс па тетра па шведска пелена,еве веќе 3++ месеци и планирам до 6м да ставам со тоа што сега во лето преку ден само нема да и ставам кога е најтопло. Во вторник сме на педијатар па баш ќе видам што ќе каже
@mamaJana мажите мислат само цицки да имаш и оп завршена работа. Мојот кога се роди бебето штом заплачеше веднаш ми го даваше да цица. Како се за цицка да плаче... @Sinolicka. Мојата се што може да фати во уста пробува да стави, ако не биде го фрла . И прстињата и се цело време во устичката, порано ги шмукаше, а сеа ги лиже едно по едно, како чоколадо да има јадено па и останало на прстињата . И кога цица, бутка прстиња во устата.. @lilo јас не ставам, кога имаше грчеви и ставав шведска од време на време за да и држи термофорчето на мешето.
Е ме насмеа за позите хахаха . И кај мене цица на 2-3-4 саати зависи кога како. Јас раце веќе немам од што морам цело време да ја нишкам за да заспие, ја оставам се буди, па пак нишкање и се така у круг. Играчките не ги фаќа сама да ги држи, ја и ставам во рака ама го пушта и не му обрнува внимание. Рацете и прстите цело време и се во уста или ги цуца или ги лиже и се што ке и се доближи до уста лиже со јазичето
Женски што давате на бебенце од 6м на природна база за мала кашлица или нешто за појак имунитет.. Утрово бев на педијатар ништо нема ниту гради ниту грло а дете си кашла
Потполно иста е и мојата. Денес сум на раб од лудило се на се цел ден ако врзала 1 час и тоа по 10мин со прекини одвај ќе заспие повеќе од час се молиме ја нишкам да цица па во количка и на крај ете ја мислам спие таа вика.... вечерва исто плаче вреска не сака да спие таман задрема на цица ете ја ококорена.. Мајкиии кажете како да ја успијам лудило и нервоза ме фати денес особено
Може че ти звучи глупо ама стави бебе во релаксатор и клацкај и да плаче ставај цуца пеј зборувај пушти музика гаси светло и не попуштај за 2 дена ќе се навикне само со релаксатор ќе заспива син ми во раце не го успивам само релаксатор и да го земам во раце сега плачче си го бара него изгушкај пред да ставиш во креветле секако полузаспана состојба и готово кај мене помага слични совети имаш од др гоод нигхт само они викат во креветче е таму дупло плака според мене така е поболно за нас а нив им е се навика
Од релаксатор кога го преместуваш во креветче не ти се буди? Оти малку се како свиткани во релаксатор па додека ги фатам убаво ми ср размрдува и се расонува.
Најискрено ви завидувам што вакви работи ви успеваат. Кај моево уште стој на раце што немам пробано да правам. Да ми заспие во раце и да ја преместам во релаксатор/количка/креветче сама да спие??? Тоа е невозможно. Само што ќе почнам да се наведнувам за да ја ставам она очите широко ги отвара и ме гледа. И толку, будна е. Како да се преправа дека спие. Ова вака е уште од прв ден. А ако сепак ја ставам и пробам да ја успијам со нишкање, не куќата, цела улица во вис ќе ја крене. И сме пробале со мм да ја оставиме да плаче, ама никако не престанува се повеќе и повеќе плаче до заоѓање дури. Температура мислам ќе крене од плачење, ќе засипне. И што да направам, ја земам со мене на спална и давам да цица легнати и така заспива. Не смееш ни да ја допреш, како заспала-така, иначе ќе се разбуди. А во последно време и ова нешто не помага, се сака исправена да е и се да види. Само се надевам дека ќе се промени и дека нема цело време така да биде.
Хаха души се што да и правиш мене сега за сега ми успева вака нс почетокот имав и јас вакви проблеми сега е добро