Ја смирува звукот од фенот а воедно и е и топло. Гушкање, цицање, може и капки ама од чаевите нема ефект.
Isto i nie iako sme 9meseci,ustvari site ovie meseci e taka osven prvite dva. Od kako zabelezav tesko deka dise i ispusta zvuk so noseto kako zatnata,de so kapki cisti ova ona malata e uste taka. Smeniv edna pedijatra imam druga ona.os bolnica sro leza malata -3pedijatri,denes napraviv kontrola kaj drugi 4 pedijatri i site isto mi kaza-deka i bilo malo noseto pa zatoa taka zvuk ima od kanalite za disejne,ne e problem ne e seriozno. Ama majka bre se grizam i ete za moment si rekov ovie se 4 pedijatri so esno mislejne nemoze da neznat ajt se smiriv. Eve doma pak isto i jas paak ooop se zagriziv,ama ke zarasnat ke pomine i toa samo da ne e poloso.
istiot problem e i kaj nas joy otkako e roden sekoj den ima zatnat nos. i upotrebiv i kapki efedrin edna nedela ni dade pedijatar i surup antibiotik hikoncil zasto kaj nas od zatnat nos uvoto go boli mnogu posle. ama i posle terapijata pak gledam ista situacija i doktorot rece sekoj den so kapki marisol dva pati na den da se cistibposle nosot i ako pak prodolzi da i dadam letizen surupce da nema slucajno alergija od nesto doma . so letizen seuste ne sme pocnale kje pocekam uste ovaa nedela.
Мами до кога бебушките ги имаат грчевите кај син ми се сеуште јаки вчера неможевме да го смириме никако,од 20 до 23 вечер и капки и термофор и чајче даваме ништо не помага единствено фенот ама и тоа привремено само,и многу е жален вика плаче и само во раце се држиме и нишкаме нз веќе што да правам за да му помогнам секоја вечер иста песна
Tigarce ние сме три месеци скоро и уште повремено ги имаме.до 9 та недела беа баш интензивни.една вечер и на дежурен отидовме од вриштење .Нема лек освен трпение големо и ти избегнувај млечни проозводи и млеко
Кај сите различно траат ама до кај три месеци ќе ги имате. Имам другарка на која син и е пет месеци и уште има само не се толку интензивни.
женски, направивме 6 недели пред една недела, дојдовме кај мајками и детево не е воопшто исто како кога беше дома, дома си спиеше од 10 до 6 без да се разбуди ниту еднаш. тука станува во 4 и пол, а легнува исто време... после тоа јади и прилегнува до 8 и толку од спиењето. од 8ч саммо враце заспива, и ако нема цуцла или шише(користиме ад млеко) детево плачи... 3 дена еве користам и тетрапак битолско млеко, матеј супер го прифати, дури и скоро прекина со повраќање и почесто кака(во смисла, какаше преку еден ден, а сега секој ден по еднаш или два пати), секако му давам и ад, да не му е мисла, малечко е уште за да го лишам од тоа млеко, сепак повеќе витамини има, ама почна по 160 мл да ги пија ад, и 500ден едно паковање лета за 2 и пол дена...
На бебе од 6 недели даваш тетрапак :О. Знам дека дојде тешко време и пари се нема ама мисли на здравјето негово.Подобро баталите релаксатори и остали луксузи ама давајте ад кога веке не дојите.Голема штета можеш да направиш.Може и од тоа да не ти спие ако го мачи мешето а може е и скок во развој.Бебињата 100 пати ке ги сменат навиките дур пораснат
Бебето на 40 дена даде Битолско? А лактоза? А алергии? А суви материи.... Искрено алал ти вера на храброста!
Bebeto кога си решила да не доиш мора да користиш АД млеко. Никако, ама никако не смееш кравјо млеко да даваш на бебе од 40 дена!!! За пари ќе се снајдете, мора да го издржите овој период, намалете од вас, па после кога ќе почне со дополнителна храна ќе ви се намалат трошоците.
Јас уште на 6 дена давам по 1000 за Аптамил иако има скоро 10,5 месеци. За себе и на јадење кратам, а не пак за друго. Знам дека е немаштија ама ако нешто му биде на бебето парите ништо не ти значат.
Бебето 93 o кравко млеко на новородено бебе??? не си играј човече . јас колку што сум запознаена кравјо млеко се дава после година , а не после еден месец . ќе му направиш проблеми на бебето , а воедно ке бидат и твои ...
Мајки, дали некоја од вас го користела кенгуров? Се мислиме да го земеме, па би сакала претходно да чујам искуства.
Јас ако имам мало бебе прво ми е за многу работи сеуште учам,знам уште многу одамна дека до 1 годинка млеко само Ад или Мајчино никакво друго исто кога се почнува со цврста храна знам дека се почнува со благи кашички,после со солени едноставно сум слушала од другарки,роднини незнам кој те подучил кравјо млеко на толку мало бебе? сама сигурно не ти текнало одма прекини го здравјето негово е најбитно
Според мене, имаш пристап до интернет, еве го користиш и форумов каде не само што може да се прочитаат различни мислења и искуства, можеш и да прашаш за совет. Точно е дека не е се веродостојно, ама барем имаш шанса да споредиш, сумираш и на крај да донесеш одлука која мислиш дека би била најсоодветна за тебе и твоите најмили. И јас не се сметам за искусна и само прашувам: овде, доктори, пријатели, роднини...На крај се извлекува решение, а ако не сум за нешто сигурна не го ни практикувам. Тоа е мое мислење. Што се однесува за кравјото млеко конкретно, не знам некаде (барем не на форумов) да се спомнало дека се дава на толку мали бебиња. П.С: Не ги сфаќај коментариве погоре како критика туку како најдобронамерен совет. Сепак, за тоа и сме тука.
Истиот кенгур баш не сум го користела, ама имаме друг кој едвај 2 пати по 15 минути сум го искористила . Мене ми беше страшно непарктичен, и знам дека пократко период се користат... Јас не би купувала кенгур,сепак ти си знаеш. Моја блиска личност пак доста го корисеше(по дома,на шетање),ама бебето си се научи нон-стоп исправено и после тоа не можеше ниту во количка,нит релаксатор, ниту во транспортер да го легне . Такво беше нејизното искуство,ама секое бебе си е приказна за себе.
Кај нас е слична ситуацијата како со другарката. Ние го земавме кенгурот (не баш овој, ама сличен) на 4 месеци и нема ден да не го користиме. Ама синко сака да седи само свртен нанапред и да разгледува. Тате повеќе го шета во кенгур, а јас морам повеќе во количка за да не се одвикнува од количката. Ама кога ќе сфати дека оди надвор не е важно во што е - само да шетаме Инаку најчесто го користиме за пократки релации, некаде околу пола саат оти ми е страв многу време да ми седи во него. Нас ни е ептен практичен.
Фала ви на одговорите. И ние се мислевме дали да земеме или не, ама најверојатно ќе земеме. Ќе го користиме за по дома. Се надевам колку - толку ќе заврши работа. Прашањето ми беше дали е удобен за бебуш и лесен за употреба, бидејќи јас имам дома еден ама никаков е. Детево целото искривено во него е.