Мајки дајте совет бебево сака да спие на страна ноќеска 3пати го пресоблекувам од штоне помочан веројатно му се прави простор меѓу меше и памперс и пропушта Страв ми е да не го настинам Дали да земам поголем памперс ние користиме премиум или да сменам памперс, што мислите?
Поголем број пелени стави му. На страна и мојот сака да спие сега, го легнувам така, го тапшам нежно по газето и кога цврсто ќе заспие (ова е за 10 мин. некаде) сам се врти на грб. Сега ти можеш истово да го пробаш, освен последново ако не се сврти сам ти нежно да го свртиш кога цврсто ќе заспие.
До пред некој ден го вртев да сеа инат несакаше цела вечер уште во сон ме караше дека го вртам и пак си се вртеше да страна сум се изненадила
Како се справивте со дијареата? Син ми веќе неколку дена има, користиме био гаја али не му помага. Иначе има 51 ден
I mojata nekogas saka na strana i ja ostavam. Nekogas sama se vrti vo son nekogas taka ostanuva. Obicnk koga ja macat grcevi taka poubavo i e nekako pomirno spie sto ja znam
Моево имаше дијареа може две недели. Капки диа стоп му давав, оризова вода, јас јадев ориз и пак исто. Се среди по некое време, само дои го почесто.
Течна столица, нон стоп е укакан и кога му менувам пелени и дур го одмивам цело време пушта. Плус и педијатар потврди.
Мајки дајте совет ве молам... Малата е 5++,значи од синоќа за 24ч вака има цицано Синоќа во 1ч,па во 4ч,па во 8:50ч,па во 12ч,пробав да дадам кашичка накај 14:30-15:00 не сакаше,се бунеше,трла очи нос,недоспиена е цела ноќ се буди ја презаспивам.Во 16ч цице,во 18ч кашичка 50гр,и сега ми спие во раци не сака никако да цица. Пелените и се скоро суви,и малку беше какана. Незнам шо да правам,ќе полудам искрено
Колку што му се цица, нема правилп колку треба. Гладно не е,има периоди кога сакаат повеќе да се награда, не секогаш влечат силно за да дојде до млаз, си играат, се галат и ќе си подкаснат. Наааајнормалмо е и на 9-10 месеци да ти спие на града.
Блу кап колку што знам јас нема кортико. Јас ја користев за малото. Само од тоа и помина. Најпрво ја прочитав по групите на фб, ја препорачуваа многу како крема на природна база. Прашав позната што работи во аптека, исто ми кажа дека многу ја земаат и дека е една од најефикасните. И на крај сликав состав од кремата и и пратив на педијатарот. Рече слободно да ја користам, на природна база била. Валда за иста крема збориме. Да не има педијатарот твој некој договор со некоја аптека само за одредена марка, па само тоа ти препорачува, па затоа ти вика дека блу кап е кортико? Претпоставувам само.
Само една крема има од блу кап? Зошто мислам имам повеќе видено, можеби сум грешка...Ако можеш да ми сликнеш која ти помогна, би ти била многу благодарна
Колку што можев да видам по интернет, Блу кап има цела линија на козметика за кожа. Како Еуцерин што е. Така што може и не е една крема, може има повеќе. Јас ја користев оваа од сликата.
И јас така читав, дека е природна, затоа и запнав за блукап, ама кога ми рече дека има кортико се зачудив, рече земи афлодерм. Купив и тоа, и вчера во спиење едвај му ставив малку дека синко се рчка, се врти, денес повеќе ќе му ставам. Ќе ја купам и таа ако не помине од афлово.. Стварно веќе не знам.