Затоа што не знаев за таква опција од еднаш ми надојде мн млеко и ме советуваа да земам пумпа, ми ја позајмија оваа на медела ама без шише и сега пробувам да се снајдам. Колку се кеситр на нук и кај ги има?
На Биогајата пишува да не се става во топли напитоци, јас ги давам со лажичка, а тие за коски ги кинам и директно во уста.
Мајки дали потечна кака е нормална? До сега нон-стоп имаше густи каки. Сабајле ни беше потечно од вообичаено
Ако се случило еднаш ништо страшно. Ако има последователно неколку течни во краток период тогаш е пролив.
Не би знаела да ти кажам дали е од тоа зашто немам искуство, како и да е се случува. Само ако се случи како што ти кажав можеш да ја однесеш на педијатар.
Да прашам, ставам афлодерм на лиценцето 3ти ден, нели имаше црвенило и лишаи, гледам сега и од страна на коленцата има и на двете, да ставам ли и таму афло пошто гледам подобрување на лицето? Ќе терам со афлово 5дена,но после со што да мачкам за да не му се појави пак или нема правило? Да не си раат!
И кај нас исто, густо густо, па течно, ако е повеќе денови така, тогаш е проливче, ако не рачунај дека они некогаш какаат и мочкаат во исто време и урината се разлева низ какушката, барем кај нас е така. Сестра ми вели, кога ја прашувам, па и нашите какушки не се исти секој ден, може менува бебчето.
Доколку е црвено и воспалено се става кортико (Афлодерм во ваш случај) ако е без боја, рапаво се третира со колекција за дерматит.
Може е глупо прашањево, ама бебе денес ми се закашлува 2-3 пати во спиење и ме вади од памет. Се засркнува уствари, па едвај доаѓа до воздух. Досега вака ми се нема закашлувано, обично знае да се засркне додека цица, ако му тече многу. Нормално ли е така да се засркнува во спиење?
Искуство да има некој, со некое од седиштава? Или да препорачате некое? Само да не е прескапо, поточно не повеќе од 5.000 ден. толку е буџетот. @0ли @Milkiway @Jana06
@thelittle17 Немам искуство со ниедно од овие ама првите две колку што гледам се за поголеми деца, поточно проодени кои веќе имаат добра координација на телото. Гледај нешто како третото, да се спушта зашто сигурно малото ќе заспие, да може да се сврти обратно зашто според ортопед мора да се возат обратно додека проодат заради безбедност. Мислам дека @jarec6 повеќе може да ти помогне.
Да, скроз заборавив да ја тагнам Јарче (@jarec6), иначе за понатака ми е, сега за сега во транспортер го возиме во кола, ама сакаат поклон да ми земат, па да си одберам до таа сума требаше, затоа и се распрашувам кое би било најдобра опција.
Мами, ние денес правиме точно 2 месеци, моја беба последниве 2,3 ноќи навечер не се буди за јадење, ја бањам накај 20ч и се раниме и ми спие до 6 сабајле... а сме 8ма недела кога треба да има скок, да не е многу мало да ми скока оброци ? Сепак 10 саати се у прашање Гледано уназад последните 10тина дена беше исто бањање у 8, па се будеше накај 2, па во 6... сега го скока тој оброк во 2, јас секако ќе разговарам со педијатар но сакав да чујам ваше мислење
И јас се прашував што да правам зошто и моето така направи неколку дена околу 8ма недела, потоа пак почна да се буди за јадење но поретко. Мене ми рекоа дека штом напредува како што треба после 2ри месец не мора да се буди за јадење навечер. Зависи како се храни ако е на ад може да продолжи да си спие по цела ноќ, ако е на доење може да се буди 1-2 пати.
Моите исто тој период почнаа да ја преспиваат ноќта (и јас прашував педијатар ми рече бебе кога е гладно нема да спие) и двајцата и до ден денес се така научени 6м сме Нема потреба од грижи штом си спие значи се му е погодено