Не е сигурно од капките, барем кај мене се нема случено бидејќи користев тобрекс и капки и маст исто и едни им го заборавив името (што се отвара црнката од нив), а бев на исклучително доење.
Како сте ми мамички? Јас овие две недели незнам кај ми е главата се некои проблеми се јавуваат али тоа и не е толку битно ,малиот ми е настинат денес го однесов на лекар кашла малку а носето му е подзатнато но нема мрсули го виде матичната ми вика и грлцето му било малку црвено, и ми даде да пие капки витамин Ц кои се препорачуваат за деца на 1 год и ,цефалексин ,малку хемоглобинот му е низок 113 а и вироза наводно било.Е сега јас малку скептична бев со ова цефалексинот и отидов со резултатите кај педијатар и она ми вика каков цефалексин ,каков витамин ц ми вика земи капки бејби вит и чај од слез да пие. Е сега дајте ми памет кој да слушам што да правам инаку пред некој ден наполнивме 4 месеци,а за да го појачаме хемоглобинот несмее да се дохранува така да јас навистина незнам што да правам .
^^Мене малиот ми беше болен минатиот месец, немаше температура, крвната слика му беше супер, ама кашлаше, носот затнат дури детето и ми засипна. Го носев ма дежурен на детска клиника и д-р ми рече само доење, најверојатно е вироза. До утредента детето бетер се затна и раскашла. Си го однесов кај матичната и ми препиша да му давам цефалексин 3 мл. на 12 часа, вит. Ц и капки за нос Ефедрин...јас ја послушав и искрено детето ми оздраве. Не знам колку ти е болен малиот, ама нас ни помогна сирупот иако бев скептична да да давам антибиотик на толку малку бебе. Инаку син ми сега има неполни 5 месеци, тогаш имаше 3 и пол.
Биди упорна, во градите се создава (наредниот ден) онолку млеко колку што исцицало бебето во претходниот ден. Не брзај со адаптираното млеко, дај му време на милото, ќе се научи и после ќе ти биде полесно. Давај му ја прво едната града додека ја исцица, а после и другата доколку има потреба доколку не ја исцица, на наредното доење понуди му ја недоцицаната оти таму е помасното млеко. Адаптираното треба да го заправуваш, па жешко било, па ладно и бебето се отепа од плачење. А тоа што се праи цела со млеко е добар знак значи ти надоаѓа млеко, не се откажувај. Леонтина, настинките се или од вирусно или бактериско потекло. За вирусните нема потреба од терапија со антибиотици, бидејки организмот сам се изборува против нив и станува имун на тој против кој што ќе се избори, а наредниот пат кога ќе настине ќе се разболи од друг, посилен од претходниот итн., итн., (а замисли ги има над 200). Антибиотик за се и сешто препишуваат само нашите лекари. Тој се дава кај вирусни инфекции, само во случај кога станува збор за слаби имунитети и многу ризични состојби, како првенција каде има многу висока температура и температура која не поминува за 3 дена. За бактериските е друга приказна, за да бидеш сигурна направи си секогаш микробиологија, нека и земаат на малата брис од грло и нос и да си знаеш на што си, бидејќи кај бактериските инфекции мора да се користи антибиотик, организмот не може сам да се избори и има потреба од појачување, во тој случај антибиотикот. Доколку резултатите покажат дека е изолирана патогена бактерија малата мора веднаш да прими терапија. Поздрав и се надевам дека ти помогнав, ова е од искуство 10 години мака со крајници, настинки и бактериски инфекции кај мојот син.
Здраво мамички... Ние растеме, синко се ближи до третиот месец... Со доење конечно се потсредивме, а носето ни е затнатко, па стасвам физиолошки со гента 3 пати на ден... Меу, не ти е од капките, не се плаши тоа е период и мојов беше така (слично ќе биде и натаму ), докторката, а и сите постари - ујне, тетке, стринке ми велат дека е од лакомост, многу цица, а кога ќе ждригне се поместува дијафрагмата и сттомак нагоре, па ако не му затвора сфинтерчето ќе враќа јадење и стварно е така.... И друга мајка праша за нередовно цицање и дохрана, ќе се среди цицањето - колку и кога бара бебето тогаш давајте дојка и тоа е... Бидете трпеливи и верувајте дека тоа е само фаза која може да трае со денови или недели, ама СИГУРНО поминува, трпение-спасение!
моето злато од вчера ми е зарипнато во грлцето,пролив нема температура нема,носето му бесе со мрсулчиња од раѓање значи има мрсули.нормално си цица,денски си се смеее си гуга,навечер си спие.дали мозно е допрва да настинва или.... можно е да е зарипнато од тоа што вика и гуга на цел глас? се јавив кај матичната и ми реце ако е само зарипнато ке го следиме овие дена ако има нешто,ке ми кажела со да му давам,а дотогаш ништо.е сега свекрвами ми вели масло да му сркнувам дали има ефект незнам .поззз
Искрено мене би ми било страв масло да ставам не е лошо да ја види матичната инаку може ако вика по дома многу да зарпине ама јас ко што сум си таква попрво ќе ја однесам да ја видат
и син ми има зарипнато од пискање и на последниот преглед му беше црвено грлото а не беше настинат. само вика по дома и зато можи од викање да му биди ама не е лошо да ја однесиш на преглед
и ние сме стари колку вас и го имаме сличниот проблем ...пред некој ден бевме на контрола и мати4ната ми рече дека било вироза па ми даде витамин Ц по пет капки на ден па сега ке видиме како ке биде понатаму . Јас искрено многу и верувам на матичната така да топло ти препорачувам да му даваш од витимаините
Анушка и јас почнав да му давам од витамин Ц во чајче од бел слез малку му е киселко едвај го пие ,покрај тоа ги купив и бебе вит капките тие се со сите витамини и можат да ги пијат бебиња па еднаш на ден ке му давам и од нив за имунитет се добри а и за настинки па ке видиме како ке биде. Малку ме загрижува кашлањето кое не е постојано едно три четири пати на ден ама убаво кашлање ми е страв да не се спушти на гради. Од постари имам слушано за кашлање на градите им ставале свинска маст со хартија ,има некој вакво искуство што како се преви и дали има некакво дејство дали да го мачкам или не.?
Мене за кашлање баба ми ми ставаше на влошка загреана свинска маст со црн пипер, и со крпче ми го врзуваше на грло. Знам дека страшно ме нервираше, ама утрото кога ќе станев немав ништо, ни грло ме болеше ни ништо. А ние сме целите со шлајмови, неможе да ги голтне и се нервира, се гледа дека многу и сметаат, едвај спие, ептен немирно. И кога цица, демек да ги голтне се трудиме, ама тешко и оди. Кажувајте совети, оти и мене ме нервираат овие шлајмови, а можам да замислам нејзе како и е. Друго, гледам спомнувате некои витамински капки, витамин ц и сл... што можам да земам на своја рака ,да и дадам за имунитет, настинка ???
На оваа возраст ништо не можеш да дадеш на своја рака .Во консултација со педијатар можеш Цвитамин во форма на капки кои се 1месец+ .За шлаем ,сврти ја на стомаче,но главата да биде малку надоле и тапкај ја по грбот,но со дланката благо свиткана.
Свинската маст навистина помага, ако има шлајм на гради ќе го 'омекне' и детето / бебето многу побргу ќе го исфрли... Може на хартија да се стави слој па да се прилепи на гради и грпче или да се измасира детето со маст дирекно... кој како сака...
Бебињата до 6 месеци сеуште немаат регулирана телесна температура и ставањето на маст може да ги затне порите и бебето да качи температура.Свинската маст загрева.Меу можеш да пробаш да вриеш чај од камилица и малата да ја држиш во близина,па да добиете благ третман на инхалација .Покрај сите совети можеби најдобро да се консултираш со педијатарот и да висиш како ќе те посоветува околу тоа што да правиш.
Се согласувам со АИТ погоре + види кој сируп можеш да го користиш за така мало бебе, да му го разводени шлајмот за да може да го голтни и искака, или искашла, т.е. поврати. Јас ти го препорачувам Hedelix, прашај си доктор и во аптека за секој случај, а еве ти инфо за истиот Hedelix
Леле Меу ние сме истите шлајмот и оди во грло и се нервира спие мирно носот не и тече се оди надолу јас давам беби вит тие и ги давам ни ги препорачаа од родилиште , па на цела мака вчера почна даповраќа по секое јадење токму во моментот на ждригањето таак да од денес планирами еспумисан капки да идадам за да не и се создаваат толку гасови ако не ќе трчаме на лекар а до сеа 3ца педијатри не видоа и ми викаат нема ништо
Јас за свинската маст и давав совет на лео-н-тина, она праша А инаку да видам како ќе биде денес, ако е подобра ќе тераме вака, ако не ќе одиме до матичната.
и ние по малку сме затнати ама не е ништо страшно.. се обидувам да се правам како да не приметувам.. уствари да се не окупирам толку со тоа зошто скоро кај сите бебиња е така.. при бањање ставам малку сол , и го чистам носето редовно и тоа е тоа .. обавезно и давам водичка со капка - две лимонче и тоа. Инаку сме се поправиле минатата контрола на 1 месец имавме 4кг и 150гр сега сме 5кг и 70грама. искрено јас сум задоволна, не ја форсирам премногу да јаде туку кога ќе си побара тогаш зошто само тогаш се најадува убаво ги пие сите 90мл и си спие мирно следните 2-3 часа..