Сечи ич немај гајле греота на топлото со ракавици. Јас така страв имав на почетокот и сестра ми ја чекав да дојде да и ги исече После се престрашив сама викам неможе така не Заспа и со ножичките земав лесно ко песна ми беше
Мајки искуства со оваа органска линија на козметика за бебиња или некоја да го има користено гелот за затнато носе. Мака мачиме со носето 2недели ни е затнато
Јас ја имам користено,мн сум задоволна..лосион за тело,каупка и капки против грчеви имам користено. А ова за носе немам.би требало да е добро.
Со што ги мачкате на лицето бебушките вака кога излегувате на топло на шетање? Мојата е скоро месец ипол денес малу на тераса под сенка поседавме и се зацрвена на лицето и како осип и се направи,треба можда заштитен фактор?
Здраво мамички бебчето за 4 дена прави еден месец кога цица почнува мирно да цица за по неколку минути сиот се црвенее плачи нервозен го кревам ждригнува и пак продолжува да цица по некоја минута истото пак, да напоменам на секое цицање е истото еве скоро една недела и заборавив да пишам сиот се витка и збира ножина поздрав
Грчеви мајче..капки можеш да му дадеш,вежби... Прошетај низ темата ќе прочиташ повеќе ,а имаш и тема за грчеви кај бебиња ,таму има многу искуства и совети за нив. Со лесно и брзо да поминат
Знам дека наназад негде се пишуваше за бодињата од Tiny ама неможам да најдам па ако можете да ми помогнете. Прво дали ракавчињата се подолги,во смисла купив од вајкики ама кратки ракавите како кимоно и доагаат. Дали се растегливи, крути да не се и за бројката. Она е 4 месеци ама скоро 5.800 Апоред табелата се мискам за 0-3. Вие што би ме советувале
3-6 би те советувала. Мојата е 5 месеци ама некаде од пред 5 кг ги почна 3-6 да ги носи. Сега е околу 6 кг, уште и се таман. Еве за споредба 3-6 ваикики, белото и џорџ, шареното. И да, растегливи се.
Кратки им се ракавчињата ама секад едно бројче поголеми јас за таа возраст му земав од 6-9 чист памук на перење бааѓи ми се собира а се топ растегливи и мекички До сеа само од нив зимав сеа последно за да сменам на зара земав
На бебето мое му се покачени лимфоцитите и го вратија за ревакцина. Ми рекоа да му давам витамин Ц и пробиотик, носето му е малце затнато па најверојатно од тоа му се покачени. Кој витамин Ц и пробиотик сте го користеле за бебе од 4 месеци?
Здраво, ве молам за совет! На бебешката облека ми останаа флеки од Babytol капсулите. Со што можам да ги отстранам? Пробав со Frosch средството за флеки, со Vanish, не помага, а да го перам на повисока температура, материјалот не трпи. Ви благодарам однапред!
Пробај со omino bianco, ако не се извади со арис де грас. Испери на рака па во машина со неколку плакнења.
Пробај со средството од Авакс против флеки, розево шишенце. Напрскај половина час да постои пред да ги периш. Мене се ми вади.
Има капки витамин ц за бебиња,побарај во аптека,а пробиотик имаш разни ваја, Линекс бејби ,провен ,јас овие ги имам користено.
Ракавички не се носат поради рефлекси кои се природни кај бебињата, а ракавиците ги спречуваат да ги имаат движењата кои им се потребни за подобар развој, пооосебно не на олку жешко врмее. Иначе кога ќе заспие, оно не ни осеќа дека го чепкаш, слободно исечи ги.