Беба месец ипол приметвам денес бело има на јазичено , на доење сме цело време скоро . Вие мајки како го третиравте ?
Лажиче сода бикарбона растворено во 250мл млака вода. Топиш стерилна газа и бришеш, 2-3 пати на ден. Ама ако е само млеко во прашање, нема потреба ништо да правиш.
Малава е 7 и пол недели, за 2 недела ми намалила 100 грама. Ја дојам, кака, мочка, бљуцла чат пат, не знам дали е момент за паника?
4++ сеуште ништо не сум ставила. Докторката ме советуваше само шеширче да носи, кон крајот на јуни веќе можам со 50ка фактор, ама минимално мачкање. Ако веќе ја носам по плажи, тогаш почесто нанесување. Ние сме во двор секој ден од 8 или 9 наутро до кај 11, и после 5. Има боичка малку
Не би требало да намалува на тежина, консултирај се со педијатар. Чим мочка не е настината ама реди ја што повеќе на града, за да добиеш повеќе млеко ако е тоа во прашање, сепак прашај си.
Мами јас за некој ден ќе ве дружам на темава, уште сум во болница, бебе има 3 дена, цел ден ја сончаат, прима некоја терапија - душа невидена е. Во 11 ми ја зедоа, уште не ми ја вратиле. Од петок сме дома, ме фаќа паника дали ќе знам се што треба, дали имам купено работи од аптека, што попрво се дава итн. Ама гледам тука има искусни, па ќе ми помагате
Мами што имате лекарства по дома? Бебе е 3 недели и сакам да се снабдам за сваки случај па добро би ми дошла помош... Пример чепчиња за температура кои, за носето кое спрејче и слично
Синомарин капки за нос, парацетамол сируп, ефералган чепчиња за темп, лента гел за спуштање темп и витамините што и ги давам со се пробиотик и капки за грчеви
Живо и здраво бебчето.Ќе се снајдеш не се сеќирај , остави на инстинктот и без стрес и само уживај.Прати го бебето и се ќе биде во ред.Ако сумјаш на нешто правец педијатар.Ќе бидеш најдобрата мајка на твоето дете.
Мамички здраво Бебко пред два дена направи месец. Се роди 3050г, на 12.05 на контрола бевме на матичен, го мереа беше 3015г, вчера го мереа 4215г. Дали е нормално за 3 недели да качи 1200г? Притоа е само на доење, не прима плус Ад. И уште едно прашање имам, премногу се мачи со грчеви, плаче во спиење, некогаш едвај и заспива. Капките на Бекутан не ни помогнаа воопшто, од вчера почнав да му давам други, ни ги донесоа од Германија, околу еден час делуваат потоа пак почнува да се грчи и да плаче. Некоја друга алтернатива?
Здраво, супер си напредува бебче, моето се роди 3620 кг, а после еден месец беше 5 кг, самата докторка ми рече дека е квалитетно млекото, си расте, топ е. Од бекутанот и јас не сум задоволна, колешки ми ги фалеа био гаја во комбинација со еспумисан дека многу им помогнале, јас не ги користев, отпосле дознав за ова. Масирај му го стомачето, после цицање глеј да ждригнува и ставај му термофорче или нешто топло на мешето за да го топли и ќе му се ослободи мешето, плус кревај му ги ноџињата накај стомаче за ако има гасови да му излезат полесно ќе му биде. Јас така правев.
Мајки, малиот почна да ја ушмукува горната уста и јазичето го вади напред, нонстоп е со раце во уста, ама ова ми е нешто ново. Да не вади заби? Денес направивме 5 мес.
Супер сте. Нема дебело доено бебе. Моето за 4 недели качи 1600г. Јас сум мн задоволна од капките на Хумана. И ставај термофорче.