Mене ми дадоа бр од Ремедка неонатологија као 24/7 поддршка и Др Марина нејзин број. Знам само еднаш се јавив на тој број со сестра некоја зборев. Не памтам дека ми се јавија они сами. Патронажна не доаѓаше заради коронава.
Како си задоволна од капките за нос? Носето му е затнато на бебево мое, користам аква марис спреј и Бејбигал ама не ми се многу ефикасни. И дали може да се земат без рецепт зошто ми е на одмор матичната?
Ако сакаш бројче имам од канцеларијата нивна во Аеродром да ти дадам да ги исконтактираш. Фина жена е одма доаѓа, и јас сум од Аеродром беше кај мене затоа ја знам.
Па до сега еднаш сум ставила капки, се и со пумпица повлеков и го средивме носето, одат без рецепта и се некоја смешна цена, едно вакво е околу 10-15 ден
Ми треба помош мајки.. Бебе е 2 месеци, на ексклузивно доење, дополнително давам пробиотик Waja и сируп против грчеви Nurse Harvi. Какаше редовно додека не го почнав пробиотикот и Сирупот против грчеви. Прв пат откако дадов се покака после 4 дена, следно после 5 дена, сега се поминати 7 дена и уште не е какан.. Пијам компот од сливи, сок од портокал, јогурт но џабе. Масажи на мешето правам по неколку пати дневно, вежби со ноџињата исто така. Од педијатар совет беше да намалам со пробиотикот на 5 капки наместо 7 и ако не се појака и денес да го провоцирам. Што можам да направам да му олеснам? Многу е вознемирен, пробува да кака и од што стене повраќа. Пред 2 дена прими и вакцини рота и шествалентна. Не напоменав дека сирупчето против грчеви го прекинав пред 4 дена, пробиотикот давам 5 капки.
исто на ексклузивно доење, матичната рече дека и до 14 дена ако не е какана не е проблем и ако си пртка. моето се искака на 9ти или 10ти ден, баш ни се совпадна со вакцини и на мерење температура ја провоцирав, не ми успеа од прва иначе, после 4-5 пати се олесна. и јас пробував секаква храна за олеснување но безуспешно, само на мене ми помогна тоа.
Со царски вие, кога треба прва контрола за мене за раната и за бебе? Пишува 7-10 во отпусното, но дали од испис или од раѓање? Вчера не пуштија од болница, и кога е паметно да одам дали оваа или следна недела?!
Отидов на 17-от ден од пораѓај кај докторот што ме породи. Кај матичниот бев на 50-от ден. За бебе отидов кога направи месец.
A koncite da gi izvadi i da ja vidi ranata pred tie 40 dena ne? Jas sega ponedelnik zakazav a samo 7 dena ke bidat pominati otkako me operiraa
Бебе има 21дена. Последниве 2дена почна многу да грчи, како голем човек. Носето е чисто. Треба да го носам на педијатар или нормално е?
Конците мене ми ги извадија во болница. Доколку забележиш промена на рана или оток и болки ми рекоја ке дојдиш ако е во ред на 40 дена. А бебе после 7 дена го однесов на педијатар
Мајки со кои пелени почнавте? Денес го гледам брунчиња на газе, проливче на 3h, ика, 5 дена сме-што да му дадам?
Пролив не е.Нормално е бебе од 5 дена да кака и по 7-8пати.Столицата е течна -жолто златна. Немој да користиш влажни марамици, и секогаш убаво го бриши со сува крпа или хартија. Користи бејби тупфери и крпички за една употреба намокрени само со вода.Газе ако нема црвено не се става ништо.Можеш да ставиш Бепантен се додека го снема црвенилото, после не мораш.
Павловичева мачкам и пудра бекутан ставив. Мене ми е да не му студи на детево, како ладни рацете цело време - вчера на првото капење јас будала ја послушав свекрва ми, демек не го облекувај многу и со цел памет само тенки шпикозни без боди без ништо, на голо. Сега цел ден де каам мислам од тоа ика и ладно му е. Влажни не користам, тетра со вода само. А од кои пелени си задоволна?
Рацете, нозете и носето ладни треба да бидат, така ми кажаа на болница. Иначе јас деновиве го облекувам по боди на кратки и тенки пихозни, не сака да биде покриен дури спие. За какањето некоја страна поназад истото го прашував, ми кажаа дека толку мало, кака многу. Моето до 2 недели какаше по 8пелени, сега почна по 5пелени. Ика и моето ама не од ладно, исто на болница ми кажаа дека ќе ика, па нормално ми е. За пелените,јас за почеток земав Памперс премиум, па памперс актив, па бејби лов сите му беа огромни. Сега имам молфикс тие беа најточни. Да порасни малце па ќе ги користиме памперс премиум.
Како јас да се читам исто. Еве 4 месеци уште проблем до тоа какање. Ротата и одговара ептен одма се искакува од неа. Сливи, сливи со очи бре несакам да видам Па не круши, па сок од круши ништо се беше џабе и се откажав. Гасови имаше нон стоп и олеснуваше не и се стврднуваше стомачето не провоцирав ниту еднаш сама да се искака. Најмногу 8 дена 9тиот се искака. Масирај го мешето кружно во правец на стрелките на часовникот и по малку стискај.Неколку пати скружи и крени ги ноџињата. Мојата вака ептен тртори